(ФОТО ГАЛЕРИЈА) “КОГА ПРИЛЕПЧАНИ ДОМАШНИОТ СРАМ ЌЕ ГО ПУШТАТ ДА ТЕЧИ ПО УЛИЦИ?!”

Дуќанџиите на улица “Прилепски бранители” денеска ги изненади река со црна течност и непријатна миризба.

Причината за тоа како што не информираа наши читатели е чистење на домашна канализација во една од куќите од страна на јавните претпријатија, при што цела река се разлеала по целата улица.

До нас испратија и фотографии од кои се гледа на каква грда слика утрово наишле пред нивните дуќани.

За проблемот дуќанџиите ги информирале двете јавни претпријатија “Водовод и канализација” и “Комуналец”.