Ураганот не е доволно силен да ја сруши нивната љубов: Пар се венчаше на плажа додека убиственото невреме дивее (ВИДЕО)

 

И покрај страшниот ураган Флоренс кој погоди делови од Северна Каролина, заљубен пар од Миртл Бич се венчаше на плажа.

И покрај страшното невреме тие не сакале да се откажат од венчавката, бидејќи веќе го имале порано закажано датумот.

Дорис и Џим го избрале 13 септември како ден кога ќе се заколнат на вечна љубов.

-Се запознавме пред пет години во фризерски салон близу оваа плажа, кажала Дорис, на која не и сметаа ветрот и тешките сиви облаци кои беа над нив.

-Двајцата работиме, а тајмингот е совршен. Си кажавме себеси: Ова е вистинско време. Миртл Бич сега е град на духови. Никој не е тука. Ајде да се венчаме, се смее Дорис.

Дорис исто така кажа дека покрај свадбата се спремале за удар од ураганот.

-Живееме во шума, имаме генератор, вели Дорис.

Дорис и Џум кажале дека после свеченоста планираат следните неколку дена да ги поминат во затворено, на сигурно од невремето.