СРАМОТА! Депонија покрај основно училиште во Прилеп (ФОТО)

Срамна слика покрај основното училиште “Гоце Делчев” во Прилеп.

Депонија со најразличен отпад никна покрај оградата на училиштето!

Навистина е срамно овие слики постојано да ни се повторуваат, особено што тука секојдневно поминуваат деца.

Потсетуваме, во пресрет на оваа школска година во истото училиште беше отстранета спортската балон сала, која беше дел од спортскиот комплекс што минатата локална самоуправа го изгради во ова училиште.