Сакал да го претепа и не можел да го смисли, а сега му се поклонува: Легендарниот американски тенисер шокираше со својата изјава!

Поранешниот шампион на УС Опен, американскиот тенисер Енди Родик, го шокираше тенискиот свет со една прилично неочекувана изјава за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Познато е дека Родик не е голем љубител на Новак. Поточно, не криеше дека не може да го поднесе српскиот тенисер, дури во една прилика сакал и физички да се пресмета со него во соблекувалната. Меѓутоа, изгледа дека Американецот, го променил мислењето за Новак.

После триумфот на УС Опен, Родик со големо воодушевување зборувал за Ѓоковиќ и неговата игра.

“За една работа не се зборува…. Како Новак е способен да ги натера противниците да играат баш како што тој сака. Никој во историјата на овој спорт не го правел тоа со таква леснотија како тој! Ноле така лесно го променува тежиштето на играта… Мислам, и Андре Агаси беше одличен кога ја гаѓаше самата ивица на теренот, но Ѓоковиќ тоа го прави и со основната линија.

Всушност, тој нема проблем да одигра долги, ама баш долги поени, во било каква ситуација, што на некои кои не го сакаат тенисот може да им изгледа како лесна задача, а всушност е многу тешка.

Меѓутоа, не е поентата на неговата игра некого да го “оддува” од теренот, туку тој цело време ја диктира играта, константно го тера противникот да го прави она што Ѓоковиќ сакa”, истакнал Родик.

За потсетување е тоа дека, Новак често беше на удар и критики од страна на Американецот. Родик го обвинуваше Србинот дека одглумува повреди.

Родик пред неколку години призна дека после еден пораз од Ѓоковиќ дури се обидел и физички да се пресмета со него во соблекувалната.