Пропадна мнозинството на СДСМ во Советот на општина Кривогаштани – избран нов претседател на предлог на ВМРО ДПМНЕ!

Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кривогаштани за Маркукуле информираат:

“Денес доцна попладне, на редовна седница на Советот на општина Кривогаштани, по барање на членовите на советничката група на ВМРО ДПМНЕ беше разрешен досегашниот Претседател на Советот на општината Зоран Кочоски и на предлог на координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ беше изгласан избор на нов Претседател, независниот советник Пеце Ликоски од Воѓани.

Ваквиот развој на настаните се случува во време кога дел од советниците на СДСМ во советот имаат сериозни несогласувања со нивниот сопартиец градоначалникот Рубинчо Шефтероски, поради што веќе извесен период единството на советничкото мнозинство предводено од СДСМ беше доведено во прашање.

Ваквата ситуација ја искористи опозицијата и успеа во намерата да биде изгласан нејзиниот предлог за независниот советник, со што обезбеди поголем баланс во распоредот на силите во општинската власт, како и потенцијал за поголемо влијание врз одлуките во општината”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.