Прилеп доби искусен голман – Благојче Трајкоски ќе го брани голот во новата сезона

Ракометниот клуб Прилеп го потврди враќањето во родниот град на искусниот голман Благојче Трајкоски, кој во следната сезона ќе го носи дресот на прилепчани.

Трајкоски е еден од најискусните македонски голмани, со богата кариера во која настапуваше за Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје. Во текот на својата кариера беше и дел од македонската репрезентација, со настап на Светското првенство во Франција во 2017 година.

Неговото пристигнување претставува значајно засилување за прилепскиот суперлигаш, кој за новата сезона ќе биде посилен за голман со големо искуство стекнато на домашната и меѓународната сцена.

Трајкоски во својата кариера има освоено и европски трофеј, откако беше дел од составот на Алкалоид кој во сезоната 2024/25 триумфираше во ЕХФ Европскиот Куп.

Во РК Прилеп очекуваат неговото искуство, лидерски квалитети и победнички менталитет да придонесат за дополнително подигнување на квалитетот на екипата и остварување на клупските амбиции во претстојната сезона.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.