Прилеп: Го пушташ детето на училиште, не знаеш дали ќе се врати живо? МВР спие?

Денеска, околу пладне, стравична, невидено-опасна глетка во непосредна близина на едно СОУ во Прилеп. #Чопор од дури ДВАЕСЕТИНА насилници, нема да ги наречам ученици, оти според однесувањето – далеку се од ученици, КРВНИЧКИ нападнаа свој врсник на враќање од училиште – објави на својот ФБ профил, новинарката Каролина Дурло.

Фејсбук статусот на дописничката за “АЛФА ТВ” од Прилеп, го пренесуваме во целост во продолжение:

-Доколку, со викање и закани дека ќе бидат пријавени, не реагираа луѓе кои случајно се најдоа на местото и насилниците не се разбегаа, не сакам ни да претпоставам што се’ можеше да се случи, бидејќи ова не било првпат ученикот – жртва да биде напаѓан од насилната група. Случајот е пријавен и во училиштето, каде, како што дознавме, биле запознати, бидејќи и мајката на ученикот-жртва, претходно веќе реагирала, а информиран беше и полицискиот службеник кој патролира во близина на училиштето.

Ученикот-жртва, преплашен, рече дека не знае кои биле насилниците, но за да се заштити, со себе, во ранецот носел два кујнски ножа, кои му беа одземени од страна на полицискиот службеник. Од разговор со други ученици во училиштето дознавме дека ученикот-жртва било мирно и повлечено дете, а додека насилната група постојано провоцирала и други деца!

Што се случува со младиве генерации, кога ли ги испуштивме до толку за да бидат преполни со гнев и насилно однесување⁉ Ова е ужас, ова е хорор кој бара ИТНО ИНСТИТУЦИОНАЛНО ТРЕТИРАЊЕ, доколку не сакаме да фати уште подлабок корен кој може да резултира со фатални последици по животите на овие млади луѓе – пишува новинарката Дурло.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.