Од идеја до вистински хит за прв во Прилеп: Kumpir House ги освојува љубителите на добрата храна, проверете зошто (ФОТО/ВИДЕО)

Во време кога понудата за брза храна е речиси иста на секој чекор, во Прилеп веќе два месеци успешно работи место кое донесе поинаков гастрономски концепт. Станува збор за Kumpir House, локал кој за кратко време успеа да привлече голем број редовни гости и да стане една од најпријатните гастрономски приказни во градот.

За оние кои сè уште не слушнале, Kumpir House се наоѓа наспроти старата катна гаража, на потегот од поранешниот хотел „Скопје“ по пешачката патека.

Идејата, како што велат сопствениците, произлегла од желбата во Прилеп да се понуди нешто ново, вкусно и поразлично.

„Сакавме да создадеме место каде секој ќе може да ужива во богат, свеж и квалитетен оброк“, велат сопствениците.

Иако концептот на печен кумпир е одамна популарен во многу европски градови, приказната во Прилеп е создадена според вкусот и навиките на локалните гости. Рецептите и комбинациите постепено се развивале, а денес менито нуди голем избор што секој може да го прилагоди по свој вкус.

Од скептицизам до редовни гости

Како и секоја нова идеја, и оваа не поминала без сомнежи. Во почетокот многумина со љубопитност прашувале што всушност е „кумпир“, а дел биле и скептични дали ваков концепт ќе успее во Прилеп.

Но денес ситуацијата е сосема поинаква. Сè повеќе гости доаѓаат по препорака од пријатели, а многумина повторно се враќаат неколку пати неделно.

„Кога некој ќе ни каже: „Ова е најдобриот кумпир што сум го јадел и повторно ќе дојдам“, тоа ни е најголемата потврда дека работиме правилно“, велат од Kumpir House.

Што всушност е Kумпир?

Во основата е голем печен компир кој долго време се пече за да добие мека и сочна внатрешност. Потоа се додаваат путер и кашкавал, а секоја порција се подготвува свежо по нарачка. Она што го прави различен е можноста секој гостин сам да ја создаде својата комбинација.

Во понудата има повеќе од 15 различни додатоци и сосови, меѓу кои:

пилешко,
сланина,
кашкавал,
пченка,
печурки,
маслинки,
руска салата,
кисели краставички,
рукола,
сув кромид,

како и повеќе видови сосови, меѓу кои чедар, фета, кечап и мајонез.

Освен класичните комбинации, достапни се и вегетаријански и посни варијанти, а секој гостин може сам да ја креира својата омилена комбинација.

Порција што ќе ве изненади

Една од првите реакции на посетителите е големината на порцијата. Во зависност од избраните додатоци, готовиот кумпир тежи од 600 до 800 грама, па не е чудно што многумина велат дека порцијата е значително поголема отколку што очекувале.

Најбарани се Bestseller Kumpir и Bacon Kumpir, комбинации кои гостите најчесто ги избираат при првата посета. Покрај богатата понуда на печен кумпир, во Kumpir House може да се најдат кафе, безалкохолни пијалаци, пиво, како и различни пакет-понуди.

За оние кои немаат можност да дојдат во локалот, достапна е и достава низ Прилеп, а нарачките можат да се направат и преку платформата Kart.

Амбицијата е Kumpir House да стане препознатлив бренд

По само два месеци работа, од Kumpir House велат дека интересот ги надминал нивните очекувања. Во иднина планираат уште поголемо мени, нови комбинации и сезонски понуди, со цел Kumpir House да стане првиот избор кога некој ќе посака богат, вкусен и квалитетно подготвен печен компир.

Ако досега не сте го посетиле, можеби токму сега е вистинскиот момент да откриете зошто сè повеќе прилепчани зборуваат за ова ново гастрономско место во градот.

Посетете ги, или нарачајте на телефонскиот број: 075 536 552




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.