“Нетпрес”: Катица Јанева се coблекла во долна облека во Заводот за ревизија

По вулгарните и недолични завршни зборови на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во судскиот процес „Рекет“, таа денеска повторно предизвикала скандал откако службено била спроведена во Државниот завод за ревизија, дознава “Нетпрес” од извори во МВР.

Имено, утрово во 10.30 часот, Јанева била спровдена од нејзиниот дом во Скопје до Државниот завод за ревизија.

Веднаш откако започнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР, Јанева почнала да се однесува дрско и непристојно, а во еден момент ја соблекла својата облека и останала во просторијата по долна облека во присуство на повеќе лица и одбила да даде било каква изјава.

Бил направен записник за констатиран прекршок по член 4 од Законот за јавен ред и мир, кој одбила да го потпише и да го прими.

Извор: “Нетпрес”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.