Општина Крушево во координација со ЈП „Комуна“ продолжува со редовните активности насочени кон одржување на јавната хигиена и уредување на јавните површини во градот.
Во текот на денешниот ден се реализира косење на тревните површини на повеќе локации низ Крушево, а паралелно се спроведува и чистење на улиците со помош на противпожарното возило.
Од локалната самоуправа истакнуваат дека ваквите активности се дел од континуираните напори за создавање почиста, поуредна и побезбедна средина за живеење на сите граѓани.
Градоначалникот Нико Чонески нагласува дека Општина Крушево останува посветена на редовното одржување на јавните простори и на унапредување на условите за живот во општината, преку навремени и координирани комунални активности.
























