За Трамп рестрикциите се опасни: Американците мора да се вратат на работа, државата мора да функционира

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денес дека рестрикциите воведени поради епидемијата на корона вирусот, поради кои престанаа да работат многу компании ширум САД, може да доведат до повеќе смртни случаи, пренесува српски Курир.

“Нашата држава мора да започне да работи. Нашата држава сака да се вратиме на работа”, рече претседателот за Фокс Њуз.

“Овој лек е полош од проблемот. Повторно, луѓето, многу луѓе, по мое мислење, ќе умрат ако дозволиме ова да продолжи”, истакна Трамп.

Тој рече дека Американците сакаат да се вратат на работа. “Нашите луѓе сакаат да одат на работа”, заклучи американскиот претседател.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.