Доктор каков нема никаде во светот! Дечињата ги лекува со игра и танц со цел да заборават на нивната сериозна болест (ВИДЕО)

Смеата е најдобар лек, вели старата поговорка, а дека тоа е така, докажа и овој симпатичен доктор од Калифорнија.

Докторот Тони не само што ги лечи своите пациенти, туку ги расположува со танц и шеги. Неговиот танц стана составен дел од лечењето кое го спроведува, со цел да ги развесели своите најмлади пациенти.

“На своите најмали пациенти на ваков начин им помагам барем делумнно да сочувам нивното детство, кое го ставаат на пауза кога ќе влезат во болницата”, вели Тони кој е наречен “доктор кој танцува”.

Неговите движење станаа толку познати што пациентите го бараат само него за доктор, а Тони се труди да им пренесе љубов преку музиката и танцот, со цел тешките денови да им поминуваат многу полесно.