На 30 и 31 мај 2026 година во ФФК спортската сала “МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ”, се одржа 32-то Државно првенство во бокс, а во одлична организација на Македонската боксерска федерација и боксерскиот клуб Аперкат од Скопје.
Од боксерскиот клуб “АС” од Прилеп учествуваа 7 боксери и забележаа одлични резултати.
Во У15 кадетска конкуренција настапија:
1. Амет Бузески до 52кг.
2. Илин Димоски до 54 кг.
3. Лука Коруноски +76кг.
Во У17 јуниорска конкуренција настапија:
5. Валентин Стризлоски до 70 кг.
6. Давид Карапеев до 80 кг.
Во У19 младинска конкуренција до 70 кг.
7. Влатко Димоски
За настапот на прилепските боксери разговаравме со тренерот на клубот, Дарко Чатлески, кој детално во продолжение опиша со колку и какви медали се вратија во Прилеп:
-Во елиминационите борби во саботата нашите боксери настапија со одлично прикажани борби. Илин Димоски во полуфиналето загуби на бодови со добро прикажана борба против боксер од Бк Шкендија Но Лимит, а наша прогноза дека за брзо време ќе биде конкурентен во шампионските места. Илин мораше да се задоволи со бронзениот медал. Во полуфиналето, Давид Карапеев победи убедливо на бодови против боксер од Бк Шкупи. Во четврт финалето Влатко Димески загуби од домашниот боксер на Бк Аперкат, а борбата беше една од најдобрите борби на денот.
Во неделата, во полуфиналната борба, Мартин Трајкоски загуби во равноправна борба против искусниот боксер од Куманово 84 и остана на бронзениот медал. Финалето за нашиот непоразен боксер Амет Бузоски беше во целосна иницијатива, против боксерот од Шкендија Но Лимит, и го освои златниот медал.
Младиот Лука Коруноски во финалето загуби од боксер на Бк Шкупи, и го освои сребрениот медал. Непоразениот Валентин Стризлоски, во финалето загуби од боксер на Бк Универзалци, и го освои сребрениот медал.
Последниот наш финалист и перспективен боксер Давид Карапеев, победи со прекин во втората рунда, и го декласира боксерот на Бк Фамилија Демирови, златниот медал е кај Карапеев, кој со тоа обезбеди место во Македонската боксерска репрезентација.
Честитки за сите боксери и желби за уште поголеми успеси во иднина!




























