Вистински јувентино својата избраничка ја бара за жена пред полн стадион во Торино: Македонец го стори токму тоа

Синоќешниот натпревар од италијанското калчо помеѓу Јувентус и Парма на Алијанц стадионот во Торино, ќе остане во вечно сеќавање на еден пар од Македонија.

Цане Ѓошевски одлучи токму пред исполнетиот стадион на клубот чиј фан е, да ја побара својата сакана Билјана Јованова за жена.

Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи помеѓу навивачите на Јувентус во Македонија, а младиот брачен пар доби голем број честитки.

Им посакуваме долг заеднички живот и многу радост и среќа!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.