(ВИДЕО) Погледнете што донесе ураганот “Флоренс” на улиците во Северна Каролина

Делфини, кои се ретко се сретнуваат и на отворено море, денес се забележани како пливаат на брегот во Северна Каролина, местото кое е најмногу погодено од ураганот “Флоренс”.

Меѓу куќите и паркираните чамци, во празното и евакуирано подрачје, делфините се снимени како на моменти излегуваат од водата.

Ураганот Флоренс, чиј пречник изнесува 400 километри, стигна до САД и ќе погоди предели на кои живеат околу 11 милиони Американци.