Арачиновци не фермаат никого: Пак ги бркаат вработените од ЕВН и сами си се приклучуваат на мрежата

Поединци од Арачиново повторно сами се приклучуваат во мрежата и ги оставаат останатите жители без струјa, дознава Плусинфо од свои извори.

-Според информации до кои дојдовме од жителите на селото, дел од мештаните во Арачиново повторно ги напаѓаат и не им дозволуваат на екипите на ЕВН да работат. Тие самоволно се приклучуваат во мрежата и предизвикуваат дефекти кои ги оставаат без напојување и останатите жители од селото кои сакаат да се работи за да се остави проблемот со струјата во минатото, пишува Плусинфо.

-Неофицијално лицата Ф.А., А.М., А.Ќ. и други не дозволуваат да им се постават броила и им се закануваат на вработените на ЕВН, се со цел за да може да продолжат со стариот начин на функционирање и кражби. Mинатата година во Арачиново се одржи средба со претставници на Владата кои заедно со претставници од Општината се договорија со мештаните да се сврти нов лист и да се подобри имиџот на селото. Сепак, изгледа целиот овој труд на владата некои жители го множат со нула, вели извор на порталот.

Проектот на ЕВН за реконструкција на мрежата со што ќе им се овозможи стабилно снабдување на арачиновци започна со реализација во крајот на август минатата година и сѐ уште трае.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.