Градоначалникот на Битола, Коњановски, во работна посета на граѓанските енергетски заедници во Хрватска (ФОТО)

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со негови колеги и претставници од други Општини е во студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање, односно стекнување искуства од граѓанските енергетски заедници во оваа земја.

Делегацијата од Македонија ја посети Зелената енергетска Задруга во Загреб каде што беше информирана за енергетските задруги, модели и форми на учество на граѓаните, преглед на пилот проекти и позитивни искуства и
eлементи на поддршка за градовите и општините. Непрофитна задруга која ја промовира граѓанската енергија во Хрватска повеќе од 10 години. Веруваат дека граѓаните мора да бидат во центарот на енергетскиот систем
и да учествуваат рамноправно во управувањето со локалните енергетски ресурси.

Следна станица беше енергетската заедница„ Сава“ во Општина Пушча, каде беа презентирани искуствата на општините со формирањето на енергетските заедници, форми, управување, правни и финансиски услови и средба со Филип Бернардиќ градоначалник на општината. Ја посетија и Регионалната енергетско-климатска агенција на Северозападна Хрватска, енергетски центар „Брачак“ во градот Забок.

Делегацијата заедно со организаторот на студиската посета Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје имаа и теренска посета на инсталирана соларна електрана, со цел согледување на иновативни решенија за општински енергетски проекти.

Во Крижевци каде што се спроведува пилот проектот „Крижевачки сончеви покриви“ без споделени искуствата за енергетска транзиција, декарбонизација, финансирање на обновливи извори на енергија, а беше остварена срдба со Марио Рајан заменик жупан на Копривничко-крижевската жупанија.

Неколкудневната агенда заврши со посетата на Енергетската заедница на Северен Јадран, Дреново, Риека каде беа во информативниот центар за граѓански енергетски задруги, а имаа и средба со заменик градоначалникот
на Риека Александар Саша Милаковиќ. Инаку Битола е збратимена со Риека, при што градоначалникот на Битола оствари средба и со претставници на македонската заедница.

За време на посетата делегацијата од Македонија имаше прием во Амбасадата на Македонија во Хрватска од страна на Горан Божиновски заменик Амбасадор на Македонија во Хрватска, a исто така го посети и Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб каде имаа средба со директорката Мими Ѓоргоска-Илиевска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.