Битола повторно ќе пулсира во духот на културата, ритамот и уметноста – Започнува Битолското културно лето “БИТ ФЕСТ 2026”

Започнува најпрепознатливото и најсодржајното културно лето во градот и државата. Битола повторно ќе живее во ритамот на уметноста, музиката и магијата на сцената, најави организаторот Културниот и информативен центар (КИЦ).

Свеченото отворање на БИТ ФЕСТ 2026 е утревечер во Центарот за култура – Битола, со почеток во 19:30 часот.
Како што веќе беше соопштено честа да го отвори фестивалот му припадна на мјузиклот „Као какао“, впечатлива љубовна приказна инспирирана од безвременската музика на Влатко Стефановски, напишана од Венко Андоновски, а поставена во режија на Дејан Пројковски.

Ова е фестивал кој ги обединува сите генерации, со програма креирана за секоја генерација од најмладите до највозрасните.

И оваа година, ќе има содржини односно традиционалните манифестации кои се дел од годишната програма за култура, како: Битола отворен град, Илинденски денови, Солстис, Локум фест, Бела ноќ на Широк Сокак, Незаборав и многу други настани.

Фестивалот ќе трае до 29 август кога ќе биде затворен со јубилејниот концерт на групата „Фолтин“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.