Македонци во Солун спијат на отворено во знак на протест за притворените во Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

0

Василис Каритидис и неговиот брат ноќеваат на отворено во Солун, во знак на револт и поддршка за приведените лица за настаните во македонското Собрание на 27 април.На ваков чекор Василис и неговиот брат се одлучиле пред два дена и на температури под нулата тие ја послале својата постела на мермерна подлога во близина на споменикот од Св. Кирил и Методиј.

“Би сакал да го обавестам македонскиот народ, народот кој ја сака Македонија, како вие тамо и ние тука. Одлуката ја донесов лично јас. Оваа вечер почнуваме со штрајк за браќата Македонци што се затворени. Да ми простите што неможам мојето македонско знаме да го ставам до мене, ама го ставам мојето тело. На овој студ одлучивме да спијеме надвор на отворено небо. Нека знаје Грција Европа, што зло се нанесува на Македонецот”, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Василис објави и видео, а за овој негов гест, поддршка и пофалба пристигна од сите страни на Македонија.

Инаку, Василис по професија е лекар.