Прилепски Мега Баскет утре на мегдан со ИБА во “Добре” – Канаѓанец ќе дебитира за прилепчани

По поразот во воведното коло на гостувањето кај Феник, кошаркарите на прилепски Мега Баскет утре (сабота), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, ја пречекуваат екипата на ИБА од Скопје.

Поддршката на трибината е секако неопходна, но она што е интересно е тоа што, на овој натпревар свое деби ќе има црномурестиот Канаѓанец, Отас Ијекекполор.

Станува збор за 30 годишен кошаркар кој игра на позиција центар, висок 203цм, а во кариерата има настапувано за клубови во Франција, Естонија, Бугарија, Босна и Херцеговина…

Отас ќе биде одлично засилување под обрачот на прилепчани, а какво ќе биде неговото деби, останува да видиме во утрешниот натпревар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.