Пет години по заминувањето, Благојче Спиркоски повторно ќе го носи дресот на Пелистер. Искусниот фудбалер се враќа во Битола како едно од најважните засилувања во проектот на „зелено-белите“ за експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига.
Спиркоски во Пелистер пристигнува од редовите на ГФК Охрид, каде што ги помина изминатите шест месеци, а зад себе има богато прволигашко искуство и настапи за повеќе македонски клубови. Во својата кариера го носеше дресот на Хоризонт Турново, Кожув, Тиквеш, Гостивар, Шкупи, Македонија ЃП, Победа, Еуромилк и 11 Октомври.
Под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов, Пелистер продолжува со формирањето на тимот за новата сезона. Од клубот најавуваат дека во наредните денови ќе биде претставено уште најмалку едно ново засилување, со кое дополнително ќе се зајакне ростерот во пресрет на шампионатот.

























