Некои вечери едноставно се создадени за добро друштво, одлична музика и коктел кој ќе го паметите долго. Токму таква вечер не’ очекува овој четврток во AVRA – Bites & Cocktails, каде продолжува новата летна традиција што веќе го освојува Прилеп.
По одличниот старт на тематските четвртоци, на 23 јули, AVRA ве поканува на Thursday Sour Cocktail Night, вечер посветена на едни од најпопуларните коктели во светот.
Од 21:00 часот, љубителите на освежителните вкусови ќе можат да уживаат во шест внимателно подготвени Sour коктели:
🍋 Whiskey Sour
🍋 Amaretto Sour
🍋 Vodka Sour
🍋 Gin Sour
🍋 Tequila Sour
🍋 Aperol Sour
Сите ќе бидат достапни по промотивна цена од само 230 денари, што е совршена можност да го пронајдете вашиот нов омилен коктел.
Но, вечерта носи уште едно изненадување. Одберете го вашиот фаворит, направете креативна фотографија, означете ја AVRA на социјалните мрежи и ќе учествувате во извлекување за вредна награда.
За музичката атмосфера ќе биде задолжена DJ Ana Noodle, која со својот препознатлив звук ќе ја претвори вечерта во вистинско летно уживање.
AVRA и овојпат ветува повеќе од обично излегување, модерен амбиент, внимателно подготвени коктели, врвна услуга и атмосфера поради која четвртоците ќе ви станат ваш омилен ден во неделата.
📞 Резервирајте навреме на: 078 564 477
Соберете го друштвото, изберете го вашиот омилен Sour коктел и дозволете уште една незаборавна летна вечер да започне токму во AVRA.


























