дома блог страница 998

Во светот на бајките, а во Прилеп: Погледнете како изгледа новогодишната магија во Living Home и Stibera Mega Market & Home Centar (Фото галерија)

Сакате уникатно украсен дом во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници? Епа не двоумете се, само на едно место во Прилеп има се’ за умот да ви зајде.

Продажните салони на Living Home и Stibera Home Center веќе се како вистинска бајка.

Украси, фигури, лампиони…во секакви големини, во сите бои…светкави, блескави…да не знаеш за што да се одлучиш и што попрво да ставиш во кошничката за пазарење.

А новогодишнит елки? Е тие им се совршени. Ги има во секакви големини, за сечиј вкус и сечиј џеб. А ако не верувате, прашајте некој што веќе купил, тешко дека ќе најдете незадоволен муштерија.

Не случајно постојано доаѓаат муштерии од целиот регион и се упатуваат до салоните на Living Home и Stibera Home Center. Секој сака домот да им блеска во новогодишно руво, да ги израдуваат своите најмили, но и да подарат уникатен подарок на свој близок за празниците.

Living Home ќе го најдете во просториите на поранешно “Симпо” на улица “Димо Наредникот”, а Stibera Mega Market & Home Centar се наоѓа на патот Прилеп-Македонски Брод после “Aвто Контрол”.

Го празнуваме Св. Архангел Михаил, водачот на небесните војски: Честито име Михаил, Михаела, Михо, Ангел, Ангела…

Православните христијани денес го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.

Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во недела. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

Урнебесно: Што се случува кога сопругата ќе го фати мажот во прељуба (Видео)

Снимка од прељуба во еден град насмеа милиони корисници на социјалните мрежи. Еден таков инцидент стана вирален на мрежите и насмеа многу корисници, кои не можеа да останат имуни на урнебесната ситуација.

Видеото започнува со човек кој одвреме-навреме излегува на тераса и проверува што се случува наоколу. Во еден момент од кадарот гледаме жена, која очигледно знае дека овој маж ја изневерува и се обидува да го фати на дело.

Потоа следи урнебесна ситуација, кога една жена во потрага по својот љубовник успева да ги најде клучевите од зградата и бесно влегува внатре. Додека бесната госпоѓа се качува по скалите за да ги фати прељубниците, на терасата излегува друга жена.

Завршиле во полициска станица: Малолетници краделе делови од компјутери во училиште во битолско

Денеска (20.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола повикале на разговор четворица малолетници, сите од с.Долно Оризари, битолско, во присуство на нивните родители. Тие се сомничат дека извршиле “тешка кражба” на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев”, во с.Долно Оризари. Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на денешниот ден, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба „Баир” во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо” со битолски регистарски ознаки, кое од страна Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.

Репертоар на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” за оваа недела

Претстави во театарот „Војдан Чернодрински“ оваа недела!

* Четврток 23.11.2023 – 20.00 ч. – „Аудиција“

* Петок 24.11.2023 – 20.00 ч. – „Дупло дно“

Влезници на телефонскиот број: 076 442 378.

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 13.11.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,158%, кај дизелот има намалување за 0,807%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,158% и кај мазутот намалувањето е за 1,035%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,562%

Од 21.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,773 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,559 ден/кг и сега ќе изнесува 42,773 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.11.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Важно известување од прилепските црковни храмови за големиот празник Св. Архангел Михаил

-Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ. За претстојната слава, на св. арх. Михаил (Арангеловден), во храмот св. Петка во нас. Точила и во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) лепчиња ќе се креваат преку целиот ден во понеделник (20.11.2023) и тоа од 7:00 – 17.00, И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во вторникот, ПО ЗАВРШУВАЊЕТО на Божествената Литургија.

Честита слава на сите кои го чествуваат св. арх. Михаил како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава!

Нека ни е за многу години и на помош!

Фатени тројца крадци од Битола: Краделе по викендици и фирми

Вчера (19.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18), сите од Битола, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето.

Имено, Г.В.(45) се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на с.Цапари, битолско, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во с.Долно Српци, битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект.

Приведените во целост ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нема крај на серијата медали за борачките од БК “7-ми Мај” Прилеп: Две бронзи и едно злато од “Трофеј Штипски Боречки Асови”

На турнирот „Трофеј Штипски Боречки Асови” кој вчера се одржа во Штип, Б.К “7-ми Mај” од Прилеп, настапи со 6 борачи: Стефан Аризанкоски, Христијан Аризанкоски во категорија 38кг(пионери), Ангела Трајкоска и Деспина Богеска 50кг(кадети), Јована Тодороска 57 кг(кадети), Тамара Цветаноска 57кг(пионери), и ги забележаа следните резултати:

Ангела Трајкоска во категорија до 50кг освои бронзен медал, како и Јована Тодороска во категорија до 57кг, додека пак шампионката Тамара Цветкоска го освои првото место во категорија до 57кг.

Девојките од NEW GENERATION Прилеп растурија на престижниот STAGE Skopje 2023 – Седум први места и четири пехари!

Во саботата во Скопје се одржа еден од најпрофесионалните и најпрестижните танцови натпревари – STAGE SKOPJE 2023, на кој со свои натпреварувачи поединечно и во формации настапија и од прилепското танцово студио “NEW GENERATION”.

-Прилеп треба да се гордее едноставно растуривме, имаме 7 први места, едно второ место и едно четврто место. Си дојдовме со многу медали и 4 пехари – вели тренерот Оливер Богојевски.

Во формации први места освоија:

Во категорија HIP HOP KIDS DANCERS, прво место освои формацијата D.S.N.G I HAPPY GIRLS, кои беа многу високо бодовани од стана на судиите, додека пак формацијата BLOCK 088 освои второ место.

Ивана Богојевска освои прво место во STREET DANCE соло, која доби и награда ваучер за бесплатно учество на натпревар во Словенија.

Во категорија хип-хоп и STREET DANCE за деца, Михаела Јованоска освои прво место, а Магдалена Еленоска беше прва во хип-хоп за јуниори.

Четвртопласирана беше Христина Силјаноска во хип-хоп.

Честитки за нашите натпреварувачки и желби за уште поголеми успеси во иднина!