дома блог страница 997

Хамас и Израел договорија прекин на огнот, војната ќе продолжи по 5 дена

Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот, пишува „Џерусалим пост“.

Како вонредна вест, на својот профил на платформата „Икс“, повикувајќи се на политички извори, весникот објави дека е договорено примирје.

„Примирјето меѓу Израел и Хамас ќе трае пет дена, а четириесет деца и 13 заложници ќе бидат ослободени од заробеништво на Хамас“, изјави неименуван извор за весникот.

Хамас и Израел треба да потпишат договор за ослободување на заложниците, а израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нагласи дека Израел чека да се донесат тешки одлуки.

„Тајмс оф Израел“ наведува дека Израел нема да ги ослободи палестинските затвореници осудени за убиство. Медиумите јавуваат и дека, според изворите, по размената на заложниците ќе продолжи воената кампања на Израел во Појасот Газа.

Државна ревизија утврди: МОВЧЕТО во Сточен пазар е небезбедно и претставува ризик, а за истото се потрошени над пола милион евра

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на општина Прилеп во изминатите години, додека локалната власт во градот под Марковите Кули ја предводеше СДСМ.

Од целиот извештај , највпечатлив е делот за подрачното училиште и мовчето на Градската река во населбата Сточен пазар.

-За инфраструктурен објект, реконструкција и доградба на мост на градска река на улица „Трајко Николоски“ Прилеп, општината како инвеститор исплатила (554.846 евра) и мостот е пуштен во употреба без обезбедена комплетната изведбена документација, што претставува ризик за безбедноста на корисниците на сообраќајниците кој ги поврзува мостот – велат од Државниот завод за ревизија.

Во делот пак за подрачното училиште, зграда која се изгради за време на мандатот на Марјан Ристески, а наредната локална власт предводена од Илија Јованоски дозволи истата да се руинира и ограбува, од Државна ревизија велат:

-За изградба на подрачно основно училиште „Рампо Левката“ во м.в. Баба Чаир, општината исплатила средства во вкупен износ од (111.398 евра) 6.851 илјада денари. По завршување на градбата, општината не го презела ниту го обезбедила новоизградениот училиштен објект, поради што објектот е уништен, руиниран и демолиран, а учениците од одделенска настава од населбите Сточен пазар и Жабени, се без училишна зграда.

“Цаци” го брка Лавров од Македонија?

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во дневникот на Македонската телевизија зборуваше за можното учество на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на состанокот на ОБСЕ во Скопје.

Министерката вели дека ако во предвид се има однесувањето на Русија и нејзината надворешна политика, не гледа причина Лавров да учествува на овој состанок.

„Нема потврда за доаѓањето на Лавров, меѓутоа со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, нивното мешање во внатрешните работи на државите, меѓутоа пред сè нивниот однос кон Украина не гледам зошто тој би доаѓал овде“, рече министерката.

Петровска порача дека изминатиов период Северна Македонија како претседавач на ОБСЕ навистина даде сè, вложи максимум напори да успешно се заврши претседавањето и ОБСЕ да ја исполни својата мисија.

„Не зависи секогаш сè од нас. И останатите земји членки, во случајов и Русија како членка на ОБСЕ треба да покаже дека навистина знае да ги негува и да ги вреднува вредностите на ОБСЕ“, рече министерката во Дневникот на МТВ.

(ФОТО) Англичаните воодушевени од МАКЕДОНСКО ТОЧЕНО, а цената на пивото стана хит на целиот остров

Англиските навивачи кои деновите беа присутни во Скопје за фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Англија, го посетија Центар Барот на “Кожувчанка” во центарот на Скопје и беа воодушевени од Свежото Точено Македонско пиво.

Англичаните биле особено изненадени од промотивната цена на пивото, за што коментираа по социјалните мрежи, а фотографиите станаа хит низ целиот остров.

“59 фунти за 84 пинта (американска мерка за околу 500мл течност) во Скопје Македонија”, стои во објава на една од популарните навивачки фан страни”.

Eпа кога им се бендисало и во него уживале Англичаните кои важат за добри уживачи во пивото, тогаш нема причина да не им се верува и да се наздрави со по една кригла МАКЕДОНСКО, па дури и во овие поладни денови.

Опасна скопјанка падна во Битола: Се барала со дури шест централни потерници

Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР -ОКП Охрид на ул.„Ружа Делчева“ во Битола ја лишија од слобода Р.С. (44) од Скопје, лице барано по шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и ОЈО Скопје за затворска казна од осум години и шест месеци.

При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела во врска со чл.247, чл.149 и чл.251 од КЗ на РСМ. Р.С. ќе биде предадена на КПУ- Идризово за издржување на затворската казна.

Јовчески го врати Миле Талески во реалноста (Видео)

Во текот на вчерашниот ден имавме прилика да слушниме и да видиме како изгледаат и како звучат лагите на Власта предводена од СДСМ вклучително и пратеникот од Прилеп од редовите на СДСМ Миле Талески – истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Прес конференцијата на Јовчески ја пренесуваме во целост во продолжение:

И онака густиот и отежнат сообрајќај на улицата Леце Котески вчера беше и дополнително блокиран од причина што во нашиот град беа присутни Премиерот заедно со министрите Бочварски и Спасовски на некаков замислен увид во градежни работи.

Почитувани, жал ми е што не успеавте да соберите храброст да се соочите со тамошните жители и стопанственици па да ги запрашате нив конкретно, да оценат и да кажат дали оваа динамика на изградба е нормална и како што вие кажавте дека ,,пат не се правел туку така“.

Знаеме почитувани за вашата тенденција и одбивност кон локалните власти каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е затоа што ние градиме и работиме во интерес на граѓаните за разлика од моменталната власт која што вие ја претставувате.

Леце Котески е рак рана во нашиот град веќе извесно време а според вашите изјави ќе биде и уште долго за жал на сите нас. За разлика од тоа ние секојдневно асфалтираме улици и имаме во истиот период од започнувањето на Леце Котески па досега, рехабилитирано над 12 километри улици и патна инфраструктура во Прилеп. Имаме проекти кои во континуитет се реализираат за доброто на сите граѓани и во буквално секоја сфера на општественото живеење.

Новата градинка во населбата Точила е еден навистина капитален проект за нашиот град. Тоа е градинка која што ќе згрижи околу 250 дечиња од предшколска возраст од општина Прилеп и нешто кое што е особено важно за нашите сограѓани. Проект кој што во предизборната кампања го ветивме дека ќе го реализираме и одговорно стоиме зад тоа.

Пред фактите, почитувани колеги од власта, не можеме да ја манипулираме јавноста и нашите прилепчани како што тоа вам ви е пракса. Во најмала рака е срамно да тврдите во вашата изјава и да промовирате туѓа реализација на проекти а богами и смешно.
Зборувам конкретно за градинката во населбата Точила која што после моето преземање на функцијата градоначалник беше оставена во оваа фаза.

Фотографиите се од надзорниот орган и се направени на 15ти ноември, односно само 2 недели после преземањето на Локалната власт. Ова почитувани што можи да се забележи на фотографиите и што впрочем сите го памтиме и знаеме, беше СЕ’ САМО НЕ ГОТОВ И ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ, како што вие милувате да кажите господине Миле Талески и дека наша обврска било само да направиме технички прием.

Почитувани сограѓани, ние пристапивме одговорно и домаќински во продолжение на овој делумно започнат проект при што констатиравме низа пропусти во самиот проект, технички недостатоци и што ли уште не.

Пристапивме кон решавање на недостатоците и со гордост можам да истакнам дека сега се наоѓаме во завршна фаза и пред конечно пуштање во употреба на оваа градинка. Градинка која што чини над 130 милиони денари и која што веќе ја реализираме и исплатата што не беше ниту денар започната од претходната власт.

Почитувани сограѓани, фактите и реалноста е оваа и сите ја знаеме. Добро е кога се работи чесно и одговорно и во интерес на сите вас, моите сограѓани. Манипулациите и лагите на претставниците на Власта предводена од СДСМ се само последен крик и сламка за која што мораат да се фатат затоа што друго немаат што да понудат.

Со јасна визија и план за дополнителен развој на Прилеп продолжуваме и во наредните 2 години а особено со формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ што ќе значи реализација на нови капитални проекти за општина Прилеп.

https://fb.watch/osCJunxm14/?mibextid=2JQ9oc

Просечната плата скокнала на 37.876 денари, велат од Државна статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 37 876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември 2023 година, изнесувала 56 896 денари.

Филмот “Чуварите на формулата” утре во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 22.11.2023 / среда, од 19.30 часот во кино Мис Стон ќе се прикажува филмот „Чуварите на формулата“. Влезниците за филмот ќе се продаваат на билетарницата од киното вторник и среда од 10 до 13 часот и два часа пред проекцијата.

За филмот:

Во екот на кризата од Студената војна, група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.

ИГРААТ: Алексис Маненти, Радивоје Буквиќ, Лионел Абелански, Жереми Лаер, Оливије Бартелеми, Алиса Радаковиќ, Ан Сера, Огњен Миќовиќ, Јован Јовановиќ, Жан-Луи Кулок, Седрик Апието, Мики Манојловиќ, Драган Бјелогрлиќ

режија Драган Бјелогрлиќ
сценарио Вук Ршумовиќ, косценаристи Огњен Свиличиќ, Драган Бјелогрлиќ
кинематографер Иван Костиќ
монтажа Милена Предиќ
композитор Александар Ранѓеловиќ
дизајн на звук Бранко Нешков
снимател на звук Игор Поповски
сценографија Јелена Сопиќ, Јована Цветковиќ
костим Марина Вукасовиќ Меденица
маска Горан Игњатовски

копродуценти Мирослав Могоровиќ, Алеш Павлин, Андреј Штритоф, Томи Салковски, Ѓорѓе Војводиќ
Копродуцент Дејан Чакајац
извршен продуцент Горан Бјелогрлиќ
продуценти Драган Шолак, Драган Бјелогрлиќ

продукциски куќи: Кобра филм и Тон филм во соработка со Јунајтед Медиа, Перфо Продукција, Скопје Филм Студио, Битер Фрејмс со поддршка од Агенција за филм на Северна Македонија, Филмски Центар Србија, Филмски Центар Црна Гора, Креативна Европа МЕДИА и Еуримаж

ВИДЕО: Стојанче Ангелов со мачета во студиото на Лазаров

Генералoт и актуелен директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вчера беше гостин во подкастот на јутјуберот Стефан Лазаров.

Ангелов раскажуваше за неговото детство, за детали кои ретко кој ги знае за него, а откри дека требало да биде воен пилот, но и дека бил добар во математика.

Тој детално опишуваше настани од војната во 2001 година, како бил ранет и што му го спасило животот во тој момент.

Водителот во еден момент од својот генерален спонзор на Ангелов му подари мачета и предизвика бура на позитивни реакции кај Ангелов.

Повеќе погледнете во видеото:

Прилепчаните од “Форум бенд” промовираа нов проект со подзаборавени македонски песни

После подолго време една од најпопуларните прилепски групи Форум бенд снимаше нов проект, проектот е со познати македонски рефрени изведени во нивни стил.

Проектот се снимаше во Хотел Ресторан “Лозар” во Битола, за видеото беше задолжена “ИН продукција”, а за тонот Мендо Ташкоски.

Уживајте во продолжение: