дома блог страница 999

Премиерот Ковачевски денеска во посета на Прилеп

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски денеска ќе престојува во посета на Прилеп.

Тие ќе го посетат ИКТ центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи каде е предвидено да се обратат премиерот Ковачевски и министерот Спасовски. Потоа ќе извршат увид во реконструкцијата на улицата „Леце Котески” каде ќе се обратат премиерот Ковачевски и министерот за транспорт и врски.

Планинар почина на Пелистер, телото пронајдено на околу 2.000 метри надморска височина

Регионалниот ЦУК Битола информира дека од Министерството за внатрешни работи (МВР) – СВР Битола има известување кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер имало починато лице (планинар). Според првите сознанија, се работело за повозрасно лице од Скопје, со иницијали А.С..

-Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе, информираат од ЦУК.

За подобра координација, од ЦУК е направен и контакт помеѓу дежурните лица во МВР-СВР Битола и ДЗС ПО Битола. Екипа на МВР треба да изврши увид.

Инаку, местото каде што било пронајдено лицето било на околу 2.000 метри надморска височина.

57-годишна прилепчанка нападната среде бел ден од своја сограѓанка

На 18.11.2023 во 13.00 часот во ОВР Прилеп, Л.Т.(57) од Прилеп пријавила дека околу 13.00 часот на ул.„Васко Карангелевски“ била физички нападната од В.А. – женско лице од Прилеп.

Се работи на расчистување на случајот.

БРАВО! Грст награди за прилепските гимназијалци од 45-та по ред Школа за млади физичари

Гимназијалците од гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп се вратија со три освоени награди од 45 – тата Школа „Млади физичари“ која се одржа на 17 ноември во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје.

Во конкуренција од прва година под менторство на проф. Димовска Соња учениците Михаил Ѓорѓиески и Софија Димитриеска со својот експеримент „Двојната природа на светлината“ освиоија прва награда, а ученикот Андреј Вршкоски со „Прекинувач на ѓезве“ ја освои втората награда.

Во конкуренција од втора година под менторство на проф. Марина Попоска ученикот Георги Николоски со експериментот „Забележување на бојата на светлината што се пропушта низ различни обоени филтри” ја освои втората награда.

Учениците Софија Настоска и Ивана Атанасоска со Симулацијата за „Зелен водород како алтернативно гориво“ имаа успешно учевство на 45 –тата Школа „Млади физичари“. На натпреварот учествуваа и учениците Христијан Илиоски и Филип Темелкоски од трета година.

Швајцарец со прилепски моторцикл завршил со тешки повреден, откако паднал на коловоз во Битола

На 18.11.2023 во 10.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Паница“ во Битола, А.Ј.(24) од Швајцарија, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР.

Во несреќата А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

Се враќа евтината дневна струја во Македонија – Eве од кога

Од 1-ви декември 2023 година, во Македонија повторно ќе се воведе евтината дневна тарифа за електричната енергија. Оваа одлука е донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и беше објавена од претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Евтината дневна тарифа ќе важи во периодот од 13 до 15 часот и ќе биде на располагање на околу 200 илјади потрошувачи кои имаат таканаречени смарт броила и оние кои имаат непречен пристап до броилата на ЕВН​​​​​​.

Одлуката за повторно воведување на евтината дневна тарифа се смета за значајна мерка во контекстот на економските и енергетските предизвици со кои се соочува земјата. Регулаторната комисија истакна дека електродистрибуцијата има рок од четири месеци да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата, што укажува на значителните подготовки што треба да се направат за успешното спроведување на оваа промена​​.

Оваа промена се очекува да има позитивно влијание на потрошувачите, овозможувајќи им да го намалат својот трошок за електрична енергија преку искористување на поволните цени во специфицираниот период од денот. Се очекува дека оваа мерка ќе придонесе за подобро управување со енергетските ресурси и ќе помогне во областа на енергетската ефикасност во земјата​​.

И овој викенд најмногу пијани возачи фатени во Прилеп

Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека при контролата санкционирани се 59 возачи.

Од нив 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, четири во Македонски Брод, три Крушево, два во Ресен и еден во Демир Хисар . За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.

-Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и пропис, истакнуваат од МВР.

Приведени двајца млади битолчани: Се однесувале агресивно кон полициски службеници

На 18.11.2023 во 02.10 часот пред угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле А.Т.(26) и Т.Ж.(26), двајцата од Битола, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Прилепската болница демантира: Директорката сепак не си дала оставка

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност ги демантира злонамерните и шпекулативни утрински објави на еден “фејк“ профил на социјалната мрежа Фејсбук за наводна оставка на Кети Смилеска од директорската позиција во нашата установа – стои во демантот на ФБ страната од прилепската болница, откако денеска на социјалните мрежи се прошири информација дека директорката на оваа институција си поднела оставка.

Демантот во целост го објавуваме во продолжение:

Самиот факт дека објавата е од “бот“ профил сама по себе индикативно наведува на заклучок и помисла дека има за цел да предизвика ширење на оваа класична дезинформација а со тоа и да нанесе индиректна штета како на установата така и на личноста на Смилеска.

Со сите расположиви кадровски и организациони капацитети и со максимална поддршка од Министерството за здравство, наш приоритет е подобрување на услугите за пациентите од регионот кој го опслужуваме со над 100.000 пациенти.

Грижата за континуирана набавка на медицинска опрема за сите болнички одделенија и неселективниот пристап за стручно усовршување на медицинскиот кадар, потврден со одобрени над 50-тина специјализации и субспецијализации на нашите лекари, продолжува и во наредниот период а се со цел секојдневна грижа за нашите пациенти со едуциран медицински кадар.

Ваквите оркестрирани напади и црната пропаганда на социјалните мрежи на локални опозициски портали, кои по принципот рекла-казала, без да ја проверат информацијата и лично да прашаат дали веста е вистинита, се натпреваруваа кој побрзо да ја сподели ваквата невистина, се потврда дека оваа лага е диригирана од една кујна позната по пласирање на своите манипулци и дезинформации на македонската и прилепската јавност. Ваквото пласирање во јавноста на невистини не е од медиумите туку од скриени профили за остварување на ситни дневно-политички поени на штета на институцијата и нејзиниот менаџмент.

Впрочем ЈЗУ Општа болница со проширена дејност како институција отсекогаш е отворена за сите медиуми и има добра соработка со средствата за јавно информирање. Ние цврсто остануваме на определбата за максимална посветеност кон нашите пациенти и обезбедување на подобри услуги за нив како и подобри услови и стандард за нашите вработени.

Доделени 22 трицикли за Роми од Прилеп кои се занимаваат со собирање на пластика и железо

Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје заедно со ЦЕЛИМ од Милано, Општина Прилеп и локалната НВО Ромаперспектив денес додели 22 трицикли со приколки како и заштитна опрема за собирање на пластика, хартија и железо на 30 лица кои се занимаваат со колекција на отпад. Оваа донација е во рамките на проектот „Обезбедување на пристојни услови за живеење за ромските семејства во општина Прилеп“

Основната цел на овој проект е подобрување на условите за живеење на социјално загрозени семејства, унапредување на инфраструктурата како и легализација на ромските населби. Меѓудругото со овој проект се помагаат и невработени Роми да можат да дојдат полесно до работа, да бидат поконкурентни на пазарот на трудот како и зголемување на нивните приходи.

Со оваа акција директно помагаме 30 ромски семејства полесно да собираат пластика, хартија и железо како и да собираат отпад во поголем количина и на полесен начин. Очекуваме дека на овој начин овие семејства ќе ги зголемат нивните приходи, ќе бидат соодветно заштитени во текот на работата а со тоа и да ја подобрат економската состојба на нивните семејства.

Меѓудругото во рамките на овој проект дополнително се реновираат најмалку 32 куќи на социјално загрозени семејства, се легализираат повеќе од 480 нелегализирани куќи, се носи ДУП за цела ромска населба во износ од 71 хектар, се обезбедува водоводна линија и приклучок до квалитетна питка вода за околу 280 ромски семејства кои во моментот немаат пристап до вода, се обезбедува поддршка во основното образование за 200 ученици Роми како и поддршка за остварување на основните здравствени права на Ромите во општина Прилеп.

Проектот е финансиран од Европската Унија а го имплементираат ЦЕЛИМ од Милано, Ромски Ресурсен Центар од Скопје, општина Прилеп и Ромаперспектив од Прилеп.

Проектот се спродува во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и е поддржан и од Владата на Република Северна Македонија.