дома блог страница 983

Крах на образованието во Битола? Училиштата ќе останат без 301 наставник, затоа што МОН не дава согласности

Централната власт продолжува со партискиот интерес за одземање на ингеренциите на градоначалникот во сите училишта во општината и тоа само во делот на ангажирање на наставниот кадар, притоа не водејќи грижа за иднината на најмладите кои се дел од воспитно образовниот процес – учениците. Материјалните трошоци (гориво, превоз на ученици и друго) за кои општината годишно само за основните училишта издвојува околу 1 милион евра, не се во интерес на МОН и истите остануваат во надлежност на општината и во училиштата каде се одземаат ингеренциите. Блок дотациите кои ги издвојува министерството за образование воопшто не се доволни, поради што општината дополнува средства од сопствениот буџет – информираат од општина Битола.

На речиси еден месец пред крајот на првото полугодие, од непостапувањето и недавањето согласност од МОН се заканува опасност битолското образование да остане без 301 наставник, во одделенска и предметна настава.

Ставајќи го интересот на учениците и правото на образование над се, повторно испративме барање до Министерството за образование и наука за одобрување на бараните согласности, во кое потенциравме:

„Имајќи во предвид дека договорите на вработените лица до три месеци за итни и неодложни работи им завршуваат во месец декември, а месец декември е последниот месец од првото полугодие кога се формираат полугодишните оценки и успехот на учениците, наставниците на кои им истекуваат тримесечните договори за работа согласно законот за образование заради не добивање на согласности за распишување на огласи нема да можат да ги формираат конечните полугодишни оценки и полугодишниот успех на учениците.

Бидејќи Општина Битола ги достави Барањата до МОН – Скопје, а согласностите за распишување на огласи се уште ги немаме добиено, Ве молиме да ги добиеме бараните согласности како не би настанале несакани проблеми во воспитно образовниот процес од кои последиците ќе ги трпат учениците.

Напоменуваме дека во Општина Битола во основните училишта бројката на наставници за кои е побарана согласност за распишување на оглас е 213 наставници, а во средните училишта бројката е 88 наставници или вкупно за 301 наставник се побарани согласности од Министерството за образование и наука – Скопје“, стои во барањето испратено до Министерот за образование и наука.

Градењето на вредностите кај младите луѓе започнува од образованието. Не смееме да дозволиме политички удари и лични интереси, да остават длабоки последици врз нашите најмлади. Очекувам совесно работење од МОН, со цел учениците успешно да ја завршат учебната година.

Мицкоски и Гешоски од Прилеп избрани за спортски директор и генерален секретар на Џудо федерацијата на Македонија

Двајца прилепчани станаа дел од врвот на Џудо федерацијата на Македонија

-По распишаниот Конкурс од страна на Џудо Федерацијата на Македонија, Извршниот одбор при ЏФМ со едногласна Одлука изврши избор за:

Спортски директор, избран е м-р. Дејан Мицкоски, и
Генерален секретар, избран е д-р Благоја Гешоски – информираат од ЏФМ

И на двајцата им посакуваме успешна и плодна работа!

Уапсени двајца прилепчани: Правеле пуздер од кражби по автомобили

На 04.12.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп.

Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети. Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Директорот на ООУ “Климент Охридски” Прилеп со важно известување со родителите и учениците

По последните случувања во државата кои ја вознемирија јавноста, а пред се’ сите родители, ООУ “Климент Oхридски” ја отстрани забрната за носење мобилни телефони од страна на учениците.

-Со оглед на немилиот настан што ја потресе цела држава вклучително и нас како училиште.
Наставничкиот совет на училиштето одлучи од денеска 06.12 2023 год повторно да се воведе носење на телефон со редуцирано користење и тоа:

-Се забранува користење на телефон во училиштето,за време на часови и одмори.

-Телефонот стои исклучиво во ранецот (исклучен) освен во итни случаеви..

-Телефонот може да се користи само кога ќе заврши наставата и се излезе од училиштето.

Моментално живееме во небезбедно време и се надеваме на побезбедна иднина кога целта на неносење телефон беше за општо добро на учениците – напиша на ФБ директорот на училиштето Ахил Јаков.

Уапсен Љупчо Палевски-Палчо, осомничен дека пукал во Панче и Вања

Љупчо Палевски-Палчо, кој се сомничи за киднапирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е фатен, дознава „Скопје1“. Тој бил задржан на граница, по распишаната меѓународна потерница.

Засега се знае неговата траекторија на движење која е Скопје-Белград-Турција, пишува порталот.

МВР закажа прес-конференција за во 22-30 часот.

Повеќе детали подоцна.

Прилепчанец освои бронзен медал во Нови Сад – се натпреваруваше со најдобрите готвачи во регионов (Фото галерија)

Гастро Куп Србија е меѓународен натпревар во готвење на кој учествуваат професионални готвачи, а оваа година се одржа по седми пат во саемот за туризам во Нови Сад.

Целта на овој шампионат е да собере што поголем број на готвачи од Србија и земјите од регионот, но и од Европа и земјите ширум светот, кои на едно место ќе се натпреваруваат, но и ќе разменуваат искуства за нови трендови на готвење и кулинарски техники.

Натпреварот годинава се одржа на 1 и 2 декември, а учество зеде и младиот готвач од Прилеп, Влатко Митрески.

25-годишниот прилепчанец кој работи како шеф на кујна во ресторанот “Деспина”, се закити со бронзен медал во категорија на порции со пилешко.

Ова не е прв успех за младиот готвач од Прилеп. Тој и во изминатите години се закитуваше со медали и признанија, како на натпревари во Македонија, така и во странство.

Честитки за постигнатиот успех и желби за уште поголеми достигнувања во иднина!

MВР демантира: Немаше киднапирање, туку ученичка била поканета од машко лице да влезе во автомобил за да одат на кафе

Министерството за внатрешни работи го демантира случајот за обидот за киднапирање пред основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Како што информираат од СВР Штип, момче поканил во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе.

„Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката“, информираат од МВР.

Браво за тимот на ортопедија! После долг период, успешно импантирана тотална протеза на колено во прилепската болница

-После долг период повторно имплантирана тотална протеза на колено во ОБ Прилеп. Благодарност до тимот и сите кои учествуваа во оваа организација – напиша на социјалните мрежи Кире Јоноски, специјалист доктор по ортопедија.

Од нас честитки за успешниот оперативен зафат и уште поголеми успеси во иднина.

Од 11-ти декември изменет сообраќаен режим на патот Прилеп-Битола

Градежниот институт информира за изменет сообраќаен режим на два магистрални патишта во Македонија.

Според информацијата од 11.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.

-Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи, информираат од институтот.

Вториот изменет соображаен режим е на делницата Тетово-Гостивар.

-Започнувајќи од 05.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Исто така се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи, се вели во информацијата од Градежниот институт.

Каратист од Велес, е еден од осомничените за убиството на Вања

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес, пренесува Пресс24.

Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини.

Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство – 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа.

На распитот го откриле времето кога е убиена Вања и кога е убиен Панче.

„Го имаме признанието на осомничените кој е за што одговорен“, изјави вчера обвинителот Гаврил Бубевски.

Според Бубевски, тие во своите изјави рекле дека ја убиле Вања затоа што работата излегла од контрола. „Тоа е нивната верзија“, додаде Бубевски.

Видевски на своите профили на социјалните мрежи објавувал фотографии со децата кои ги тренирал боречки вештини.

Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.