дома блог страница 982

(ФОТО) Царинските службеници запленија непијавени 50.000 евра на скопскиот аеродром

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници – информираат од Царинската управа на Македонија

-Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето – стои во соопштението од Царинската управа.

Денеска се празнува Св. Екатерина: Честит именден Катерина, Кате, Ката, Катица…

Денеска ја славиме Св. Великомаченица Екатерина, а именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица…

Житието раскажува дека светата великомаченица Катерина потекнува од царско семејство од градот Александрија.

Живеела кон крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Мајка ѝ била христијанка, но поради тоа што христијаните биле прогонувани, таа тоа свое верување не го кажувала јавно. На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки. Многу богати кнезови сакале да се оженат со неа, но на сите што ја убедувале да се омажи им одговарала дека ќе се омажи тогаш кога ќе ѝ најдат момче што ќе биде рамно на неа со богатство, убавина и образование. Но такво момче немало. Имало и богати и образовани, но убави и мудри како неа немало.

Во близината на градот живеел еден праведен човек кој Катерина ја упатил во тајните на христијанството. Тој ѝ зборувал за чудесното раѓање на Исус од Пресвета и пречиста Дева Марија, која поради својата светост и чистота станала мајка на Спасителот, а подоцна била однесена на небото каде што ангелите ја служеле и ѝ се поклонувале како на царица. Подоцна Катерина ја сонувала Божјата мајка со својот син и го прифатила христијанството со сета своја душа и разум.

Еднаш кога царот и останатите пагани принесувале жртви и се молеле на паганските идоли Катерина му се обратила со зборовите. „Царе, нели ти е срам што се молиш пред гнасните идоли. Зошто не го запознаете вистинскиот Бог, кој слегол на земјата и зел човечка форма поради нашето спасение. Тој не сака жртви, туку само да живееме според неговите заповеди“. За ова Катерина требало да биде жестоко казнета, но поради нејзината убавина царот посакал да ја придобие за жена, ветувајќи ѝ раскошен живот и богатство, но и да ја оттргне од христијанството.

Но, Катерина сето тоа го одбила со гнасење. Кога царот помислил дека е недостојно за еден цар да се расправа со една жена, повикал педесетина мудреци кои требало да ја разубедат убавата девојка. Но, мудрата Катерина сите нив и многу народ убедила во вистинската Христова вера и ги придобила за христијанството. Поради тоа била осудена на смрт и пратена на губилиште. Главата ѝ била отсечена со меч на 18-годишна возраст на 7 XII/24 XI 305 (според други 310) година.

Преданието раскажува дека подоцна ангелите ѝ го однесле телото на Синајската планина.

Во Гевгелиско Св. Катерина не се празнувала на 24 туку следниот ден на 25 ноември (с.с.) и се сметала за другарка на св. Варвара.

Поразително: Секој втор Македонец пуши цигари

Граѓаните во Македонија пушат најмногу цигари во споредба со жителите од Југоисточна Европа. Во земјава дури 48,40% од граѓаните пушат цигари, а во ЈИЕ тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста.

Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше.

Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1 000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот.

Својствено на овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење.

За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет.

Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

„Зошто „не“ за уставни измени“ – Импресивен говор на младата студентка Лина, кој и’ донесе второ место на Ораторската вечер „Иво Пухан“ (ВИДЕО)

Лина Рангелова, студентка од прва година на првни студии го освои второто место на XXVI Ораторска вечер „Иво Пухан“ која се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, УКИМ.

„Зошто „не“ за уставни измени“ е темата за која Лина освои второ место. Таа изрази благодарност до сите кои ја поддржале, како и до многубројното жири од професори меѓу кои имало и професори од Србија и Хрватска. Вели, комплиментите кои ги добила од нив особено и значат.

-Уште колку амандмани треба да донесеме под притисок? Извира ли нашиот Устав од македонските граѓани или од меѓународната заедница и соседите? Дилемата сега или никогаш е многупати чуена и фаталистичка. Затоа, самосуверенот граѓанинот може да го реши проблемот. Каде? На избори, го завршува својот говор младата Лина.

Говорот на Лина погледнете го ТУКА

Пронајдена 13-годишната Емили која се бараше во цела Европа

Шест дена по нејзиното исчезнување, 13-годишната Емили Х. (13) од Ленгенфелд унтерм Штајн во Германија е пронајдена жива и здрава.

„Потрагата од големи размери е прекината“, изјави за „Билд“ портпаролот на полицијата на државниот оперативен центар.

Сепак, истрагата за конкретните околности на овој случај продолжува, а повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.

Според „Билд“, полицаец ја нашол Емили на железничката станица во Крефелд.

Полицијата сака да и се заблагодари на јавноста за бројните пријави.

Медиумите потстеуваат дека Емили Х. (13) исчезна во четвртокот. Таа не се појавила на договореното место за состаноци по што и бил исклучен мобилниот телефон.

Ученичката во четвртокот во 17 часот требаше да ја земе член на семејството на пазарот Пени во Милхаузен, но таа не се појави.

Полицијата ги прегледала податоците од мобилниот телефон и го барала девојчето со кучиња и хеликоптер. Таа беше изгубена на железничката станица Лајнфелде во Ајхсфелд.

„Сведоците го видоа девојчето на железничката станица Лајнфелде, нашите кучиња трагачи можеа да ја потврдат трагата таму“, беше кажано претходно.

Според картата, местото каде што е пронајдена било оддалечено повеќе од четири часа од местото каде што последен пат била видена.

Полицијата ја проширила потрагата по неа и надвор од националните граници и успеала да ја лоцира.

Ох, сега за каде сме: Пендаровски нема да трча по втор мандат за претседател

„Не“, ова беше краткиот одговор на Пендаровски на новинарско прашање дали ќе трча по втор претседателски мандат.

По учеството на „Отворениот форум за антикорупција“ тој беше категоричен дека се откажува од трката за втор претседателски мандат.

Досега и неговото име циркулираше за претседателски кандидат, но по денешната изјава се отфрла. Коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ беше поддржувачот на Стево Пендаровски претходните избори кога противкандидат му беше Гордана Силјановска Давкова.

Завчера, на лидерската средба во Собранието лидерите на политичкте партии се договорија парламентарните избори да бидат заедно со претседателските. Датумот на претседателските избори е на 8 мај.

Оттука се отвора прашањето: Кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ?

Откако актуелниот претседател Стево Пендаровски се откажа од трката, се шпекулира дека СДСМ за свои кандидати за претседател на идните избори ги има Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, и Миле Зечевиќ.

Засега најсериозен кандидат е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За мене е многу важно да се утврди кандидат за претседател на држвата кој, пред се, ги споделува вредностите на мнозинството граѓани кои се за нашето членство во ЕУ, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА во Брисел во однос на можноста за заеднички претседателски кандидат на владината коалиција.

Тој додаде дека личните амбиции му се неважни.

– Врз основа на тоа да избереме навистина одличен кандидат, којшто би бил и одличен претседател на државата. Така што, знаете личните амбиции, личните комбинаторики во овој момент се неважни. Важно е каде ќе се движи државата и што ќе им понудиме како иднина на граѓаните, нагласи Спасовски.

Претходно, и Пендаровски даде изјава на оваа тема.

„Со сите овие кои ги споменавте имам одлична соработка, но ако ме прашате мене, според информациите кои ги имам, процесите за кандидат од СДСМ и натаму не е започнат. Јас бев поддржан од ДУИ и од 20-30 помали политички партии, затоа што немаа свој кандидат. Не можам да знам дали СДСМ и ДУИ сега ќе одат со одвоени кандидати“, изјави Пендаровски.

Вчеравечер, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, на која е одлучи да се формира изборен штаб, кој ќе го предводи претседателот Христијан Мицкоски.

Намален бројот на пријави за семејно насилство во Прилеп – Центарот за социјални работи ги охрабрува жртвите да покренуваат постапки

Општина Прилеп и оваа година се приклучи во поддршка на 16 дена активизам против родово базирано насилство и насилството врз жените и девојчињата

Годинешната кампања се одржува под слоганот “Обединето: Инвестирајте за да се спречи насилството врз жените и девојчињата”. На денешната работилница свој допринос дадоа: Александра Димова, Претседателка на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Прилеп која беше и модератор на работилницата, Гордана Велјаноска – педагог од Меѓуопштински центар за социјални работи Прилеп, Александра Димитриоска – помлад инспектор по општ криминалитет, ОВР – Полициска станица Прилеп и Горан Илиоски – правен советник од ЕХО невладина организација.

Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Прилеп се залага за подигање на свеста, учествува во дебати, трибини и работилници, се мобилизираат граѓани со ист проблем и секогаш стоиме на располагање на институциите за поддршка и помош“, изјави Александра Димова, Претседателка на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Прилеп.

Гордана Велјаноска која е педагог од Меѓуопштински центар за социјални работи во Прилеп истакнува дека се повеќе жени или девојчиња се охрабриле да го пријават случајот во полиција и оваа година има помал број на пријави во споредба од лани.

„Во 2023 година се пријавени 89 пријави за жртви на семејно насилство. Во 2022 година вкупно се пријавени 140, а во 2021 вкупно се пријавени 150 пријави за жртви на семејно насилство и како што можеме да забележиме имаме пад во пријавите”, посочува Велјаноска според статистиката на Меѓуопштински центар за социјални работи во Прилеп.

Денешниот настан е помогнат од ЕУ/Совет на Европа, Ромактед програмата – втора фаза и Општина Прилеп.

Утре сите во сала! РК Прилеп игра куп натпревар против ЈЕХОНА од Гостивар

Утре со почеток од 19:30ч. во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, РК Прилеп ја пречекува екипата на РК Јехона од Гостивар, во рамките од елиминациското коло од Купот на Македонија.

Да ги поддржиме момците на Боби Мојсов со масовно присуство во спортската сала и да им помогнеме да стигнат до посакуваната победа.

Во останатите натпревари ќе се сретнат:

РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – РК МУЛТИ ЕСЕСН
РК КИЧЕВО 2020 – РК ВАРДАР НЕГОТИНО
РК МЕТАЛУРГ РА – РК СКОПЈЕ 2020
РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК АЕРОДРОМ
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ОВЧЕ ПОЛЕ 1958
РК ПАРТИЗАН 2016 СПОРТ – ГРК ТИКВЕШ 2014
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ШАМПИОН
МРК КУМАНОВО – РК ТЕКСТИЛЕЦ
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
МРК БОРЕЦ 1950 – РК ПРОЛЕТ 62
РК ДРАЧЕВО – РК АЛКАЛОИД
СРК ПРЕСПА ВАРДАР – РК РАДОВИШ
РК АСТРАИОН ХЕНДБОЛ – РК СТРУГА
РК МЛАДОСТ 1977 – ГРК ОХРИД

Победниците од паровите продолжуваат во групната фаза од Куп натпреварувањето.

(ФОТО) Продолжува градежната офанзива во Кривогаштани: Две нови улици добија асфалт

Градежната офанзива во Општина Кривогаштани продолжува, во текот на вчерашниот ден во две населени места беа комплетно асфалтирани две улици, крак од улица Македонски Просветители во Кривогаштани, улицата Најдо Најдоски во Воѓани – информираше на социјалните мрежи градоначалникот на општината, Николче Мискоски.

-Искористени се финансиските средства добиени од светска банка во висина од 5.000.000 и дополнување на Општина Кривогаштани со 540.000 ден. Пред крајот на градежната сезона ќе бидат потпишани уште 4 договори за реконструкција на две улици во населеното место Славеј, улицата Гоце Делчев во Кривогаштани и улицата Даме Груев во населеното место Подвис. Се грижиме за потребите на жителите на општина Кривогаштани со подобрувањето на патната инфраструктура – пишува Мискоски.

Крах на образованието во Битола? Училиштата ќе останат без 301 наставник, затоа што МОН не дава согласности

Централната власт продолжува со партискиот интерес за одземање на ингеренциите на градоначалникот во сите училишта во општината и тоа само во делот на ангажирање на наставниот кадар, притоа не водејќи грижа за иднината на најмладите кои се дел од воспитно образовниот процес – учениците. Материјалните трошоци (гориво, превоз на ученици и друго) за кои општината годишно само за основните училишта издвојува околу 1 милион евра, не се во интерес на МОН и истите остануваат во надлежност на општината и во училиштата каде се одземаат ингеренциите. Блок дотациите кои ги издвојува министерството за образование воопшто не се доволни, поради што општината дополнува средства од сопствениот буџет – информираат од општина Битола.

На речиси еден месец пред крајот на првото полугодие, од непостапувањето и недавањето согласност од МОН се заканува опасност битолското образование да остане без 301 наставник, во одделенска и предметна настава.

Ставајќи го интересот на учениците и правото на образование над се, повторно испративме барање до Министерството за образование и наука за одобрување на бараните согласности, во кое потенциравме:

„Имајќи во предвид дека договорите на вработените лица до три месеци за итни и неодложни работи им завршуваат во месец декември, а месец декември е последниот месец од првото полугодие кога се формираат полугодишните оценки и успехот на учениците, наставниците на кои им истекуваат тримесечните договори за работа согласно законот за образование заради не добивање на согласности за распишување на огласи нема да можат да ги формираат конечните полугодишни оценки и полугодишниот успех на учениците.

Бидејќи Општина Битола ги достави Барањата до МОН – Скопје, а согласностите за распишување на огласи се уште ги немаме добиено, Ве молиме да ги добиеме бараните согласности како не би настанале несакани проблеми во воспитно образовниот процес од кои последиците ќе ги трпат учениците.

Напоменуваме дека во Општина Битола во основните училишта бројката на наставници за кои е побарана согласност за распишување на оглас е 213 наставници, а во средните училишта бројката е 88 наставници или вкупно за 301 наставник се побарани согласности од Министерството за образование и наука – Скопје“, стои во барањето испратено до Министерот за образование и наука.

Градењето на вредностите кај младите луѓе започнува од образованието. Не смееме да дозволиме политички удари и лични интереси, да остават длабоки последици врз нашите најмлади. Очекувам совесно работење од МОН, со цел учениците успешно да ја завршат учебната година.