дома блог страница 981

Нова ставка во сметките за струја: Ќе се плаќа од 3-4 евра плус за “Пристап до мрежа”?

Во тек е подготовка на нови ставка во сметките за струја, таканаречена “Пристап до мрежа“, која ќе биде покрај постојната за мрежарина, открива првиот човек на Регулатрна (РКЕ) Марко Бислоимовски, за „Независен“.

Бислимовски уверува дека тоа нема да ги зголеми сметките, или тоа ќе биде незначително, но истовремено ќе придонесе да се направи правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат мрежата, од другите кои тоа го прават повремено, како во викендичките, или пак поради тоа што користат сопствено производство на струја од фотоволтаици.

„Просечната цена за мрежарина останува иста.

Овој пристап кон мрежа кај домаќинствата ќе биде минимален, три-четири евра и тој ќе се плаќа месечно, вели првиот човек на РКЕ.

Никој нема да биде оштетен, само правиме поправична распределба. Јас имам викендичка во Галичник, кога ќе отидам вклучувам и имам струја. Во годината трошам 400 киловат-часови. Но, не учествувам со ништо за одржувањето во текот на годината. Со минимален пристап кон мрежа, како трошок, ќе имаме правична распределба и јас ќе учествувам заедно со домаќинствата кои што плаќаат редовно. За сметка на тоа, за да не се разбере погрешно, ќе се намали трошокот за мрежарина.

Значи тие активно што користат ќе имаат бенефит од тоа“, вели Бислимовски во интервју за Независен.

Секоја чест! Теодора од Прилеп избрана за најдобар студент на Факултетот за информатика во Битола- Студиите ги заврши со огромен 9,80 просек (ФОТО)

Теодора Силјаноска од Прилеп е избрана за најдобар студент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, при Универзитетот “Св. Климет Охридски” во Битола.

Запишана во академската 2019/2020 година, Теодора студиите ги заврши со висок 9,80 просек, а за постигнатиот успех денеска на свеченото доделување на дипломите, и’ беше доделена посебна Пофалница.

Честитки за младата прилепчанка и желби за уште поголеми успеси во иднина! Прилеп треба да се гордее на вакви млади луѓе!

Во среда премиера на првиот долгометражен филм за Блаже Конески во Прилеп

На 13 декември 2023/ среда/ од 19.30 ч. во кино “Мис Стон” ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески.

Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки.

Филмот се остварува сo поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Филмот „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто научници / истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на великанот – негови современици и потомци.

Сценаристот и режисер на филмот, познатиот документарист Калајџиски, зад себе има кариера со голем број документарни филмови кои се прикажувани на домашни и меѓународни фестивали. Овој негов најнов филм, посветен на централната личност на македонскиот XX век, се очекува да фрли нова светлина врз ликот и делото на Конески, затоа што не само што во целост го претставува неговиот влог за македонската култура и наука, како и воопшто за современата македонска држава, туку опфаќа и димензии на неговата личност кои не се многу коментирани во досегашните осврнувања за великанот и малку познати сегменти од неговата биографија.

Во Прилеп се одржа 8-от училишен натпревар во борење – Младите борачи прикажаа одлични борби (ФОТО)

Во организација на Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп, денеска во спортската сала на ООУ “Гоце Делчев” се одржа осмиот по ред меѓуучилишен натпревар, на кој учество зедоја млади борачи од речиси сите основни училишта во Прилеп.

Борачите прикажаа одлични борби, а најдобрите добија и дипломи. Натпреварот го посети и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, на кого организаторите му доделија Благодарница за поддршката на прилепското борење.

Овој натпревар е загревање за тоа што ги чека борачите на “7-ми Мај” Прилеп пред крајот на есенската сезона на натпревари. Утре женската екипа патува на силен турнир во Белград, а машките борачи ќе заминат за Петрич, Бугарија.

Се надеваме дека како и секогаш одново ќе не’ израдуваат со нови успеси и медали. Да им посакаме среќен пат и успешно претставување на борилиштата.

Maкедонија се соочува со нова епидемија

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска изјави дека постојат различни начини и во различни етапи за да се изрази незадоволството на лицата кои САД ги поместуваат на „црната листа“. Таа денеска за време на посета на Криволак одговараше за новинарски прашања во врска со најавите на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев дека ќе ја обжали одлуката на Стејт департментот, кој го стави на „црната листа“ поради значителна корупција.

Таа повтори дека листата ќе се проширува со нови лица, но не кажа кога и со кого, нагласувајќи дека не може да предвиди што ќе одлучи Вашингтон.

-Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на „црната листа“ можат да пријават незадоволство но во секој случај ние имавме најавено санкција. Оваа санкција е воведена и ова не е нешто што лесно го прифаќаме и лесно го спроведуваме, но сепак ги следиме позитивните законски прописи на САД при воведувањето на ваквите санкции. Сите ве уверувам дека ќе има и други имиња. Нема конкретна временска рамка кога ќе се објават, рече Агелер, додавајќи дека во земјава има епидемија на корупција, која треба да биде спречена.

Американскиот Стејт департмент во вторникот објави дека го означува Кочо Анѓушев како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.

– Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Оваа ознака, посочуваат од Стејт департментот, ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

Агелер се огласи истиот ден преку платформата X, нагласувајќи дека именувањето на Кочо Анѓушев е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите.

– Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер тогаш на платформата Х.

Мицкоски: Истрагата за Вања започнува предоцна, имам сериозни информации за ова што го тврдам

„Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали. Има детали и големи недостатоци во истрагата, погледајте кога објавува ќерката на лицето кое е исчезнато со неговото возило, видете која е датата кога за жал малата Вања исчезнува и потоа видете кога почнува истрагата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Интервју“ на Телевизија Шења.

Запрашан од страна на новинарот дали тоа според него значи ненавремено реагирање, Мицкоски се сложи и кажа апсолутно тоа е така.

„Но тоа сега нема да го дискутираме тоа бидејќи како политичка парија а лично и јас бевме надвор од сето ова намерно за да не се создава впечаток како они што создаваа со децата од Смилковско и малата Тамара, затоа не се мешавме и воопшто да не влијаеме на процесот за да не бидеме лошо сфатени. Но, за месеци од денеска сето ова ќе биде изнесено на лице пред јавноста и ќе знаат луѓето што направиле овие луѓе. Тие информации што јас ги знам се озбилни“, кажа Мицкоски.

Запрашан за тоа зошто не се реагирало брзо, тој посочи дека ќе дојде денот кога и на ова прашање ќе дадат одговор, бидејќи сега е залуден одговорот.

„Од Спасовски со месеци наназад баравме оставка, него му се случија криминалци белосветски да добиваат пасоши, него му се случија скандали како на никој министер за внатрешни работи во историјата на Македонија и него око не му трепна. Напротив тој со овој полусвет живееше, стимулираше и мислеше дека ако ја напаѓа опозицијата преку овој полусвет и мене лично и моето семејство дека на тој начин ќе обезбеди мир за себе, но нема да обезбеди мир додека сум јас жив. Нема да обезбедат мир сите овие кои се виновни за смртта на малата Вања“, заклучи Мицкоски.

Што се однесува до претседателските избори, Мицкоски истакна:

-Ќе кандидираме човек со интегритет, личност која што си ја сака сопствената држава, личност која што е патриот, личност која што обединува, а не разединува. Личност која што има свое животно портфолио позади себе, не само дома туку и надвор. Ценам дека една таква личност би можела да понуди нешто коешто ќе биде поразлично од сето она коешто беше изминативе речиси 5 години, а коешто го нудеше Стево Пендаровски.

Тој исто така, додаде дека како што стојат бројките во овој момент, не постои начин кандидатот кој што ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ да не биде претседател, освен ако власта свесно не ги бојкотира изборите и да не се исполни цензусот.

„ВМРО-ДПМНЕ излегува на избори, претпоставувам наскоро од денеска со име, со кандидат. Еве вчера донесовме одлука, на втори март ја имаме и конвенцијата за избор на претседателски кандидат и ВМРО-ДПМНЕ влегува самоуверено заедно со коалицијата дека победува на тие претседателски избори. Ние не влегуваме дефанзивно. Ние влегуваме офанзивно и ние сме убедени во нашата победа“, потенцираше Мицкоски.

Уапсен битолчанец: Провалил во семејна куќа и украл се’ што му излегло пред очи

Полициски службеници од СВР Битола, на 05.12.2023 го лишиле од слобода Т.К.(38)од Битола.

Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во Битола и одзел накит и други предмети.

Со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Извлечени групите за Светиниколскиот турнир во мал фудбал

Извлечени групите за традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2023”. Екипите се поделени во 8 групи од по четири екипи, кои од сабота ќе го започнат походот до престижниот фудбалски пехар во Прилеп.

Покровител на турнирот е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот, заедно со генералниот спонзор, компанијата Комфи Ангел која што годинава е и домаќин на градската слава и се разбира со поддршка на други општествено одговорни компании и Регионалната Стопанска Комора – Прилеп.

Заради немањето можност фудбалските натпревари да се играат во Универзалната сала, љубителите на малиот фудбал ќе ги следат натпреварите училишните сали на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и во ООУ “Добре Јованоски”, после 18 часот.

Наградниот фонд за ова издание на турнирот е повеќе од 450.000 илјади денари. Победникот ќе добие 260.000 денари, за второ место се обезбедени 130.000, а за трето 70.000.

(ФОТО) Царинските службеници запленија непијавени 50.000 евра на скопскиот аеродром

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници – информираат од Царинската управа на Македонија

-Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето – стои во соопштението од Царинската управа.

Денеска се празнува Св. Екатерина: Честит именден Катерина, Кате, Ката, Катица…

Денеска ја славиме Св. Великомаченица Екатерина, а именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица…

Житието раскажува дека светата великомаченица Катерина потекнува од царско семејство од градот Александрија.

Живеела кон крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Мајка ѝ била христијанка, но поради тоа што христијаните биле прогонувани, таа тоа свое верување не го кажувала јавно. На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки. Многу богати кнезови сакале да се оженат со неа, но на сите што ја убедувале да се омажи им одговарала дека ќе се омажи тогаш кога ќе ѝ најдат момче што ќе биде рамно на неа со богатство, убавина и образование. Но такво момче немало. Имало и богати и образовани, но убави и мудри како неа немало.

Во близината на градот живеел еден праведен човек кој Катерина ја упатил во тајните на христијанството. Тој ѝ зборувал за чудесното раѓање на Исус од Пресвета и пречиста Дева Марија, која поради својата светост и чистота станала мајка на Спасителот, а подоцна била однесена на небото каде што ангелите ја служеле и ѝ се поклонувале како на царица. Подоцна Катерина ја сонувала Божјата мајка со својот син и го прифатила христијанството со сета своја душа и разум.

Еднаш кога царот и останатите пагани принесувале жртви и се молеле на паганските идоли Катерина му се обратила со зборовите. „Царе, нели ти е срам што се молиш пред гнасните идоли. Зошто не го запознаете вистинскиот Бог, кој слегол на земјата и зел човечка форма поради нашето спасение. Тој не сака жртви, туку само да живееме според неговите заповеди“. За ова Катерина требало да биде жестоко казнета, но поради нејзината убавина царот посакал да ја придобие за жена, ветувајќи ѝ раскошен живот и богатство, но и да ја оттргне од христијанството.

Но, Катерина сето тоа го одбила со гнасење. Кога царот помислил дека е недостојно за еден цар да се расправа со една жена, повикал педесетина мудреци кои требало да ја разубедат убавата девојка. Но, мудрата Катерина сите нив и многу народ убедила во вистинската Христова вера и ги придобила за христијанството. Поради тоа била осудена на смрт и пратена на губилиште. Главата ѝ била отсечена со меч на 18-годишна возраст на 7 XII/24 XI 305 (според други 310) година.

Преданието раскажува дека подоцна ангелите ѝ го однесле телото на Синајската планина.

Во Гевгелиско Св. Катерина не се празнувала на 24 туку следниот ден на 25 ноември (с.с.) и се сметала за другарка на св. Варвара.