дома блог страница 979

На Голема Богородица пристигна 550-то бебе во “Плодност” за оваа година: Aнгела е висински ангел и среќа за нејзиното семејство!

Од болницата “Плодност” на Голема Богородица одбележаа еден убав јубилеј за оваа година.

-На денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, на свет во нашата болница дојде 550 бебе за оваа година, а тоа е Ангела. Малиот ангел е благослов за ова среќно семејство, чија радост е бескрајна, на овој голем празник – напишаа од “Плодност” на ФБ.

Егзодус! Со 100 првачиња помалку ќе започне новата учебна година во Прилеп

За 100-тина е намален бројот на запишани првачиња во новата учебна година во 10-те основни училишта во Прилеп. Пред стартот на новата учебна година петте средни и десетте основни прилепски училишта се подготвени, ама наставнитците и учениците ќе се снаоѓаат како знаат и умеат без сите учебници.

Едно од основните училишта во центарот на градот во просек запиша по 12 деца во одделение. За шест месеци во претходната учебна година родителите отпишаа 300 ученици и заминаа од државава. Во училиштата не се изненадени и за годинава.

-Во оваа учебна година за првпат ќе зачекорат околу 700 ученици во прво одделение од предвидените околу 800 во единаесетте основни училишта, вклучувајќи го и музичкото училиште. Во прва година од средното образование, во петте средни училишта се запишуваат околу 730 ученици. Трендот на намалување на учениците продолжува и во оваа учебна година. Со воспитно образовниот процес од предвидените околу 800 ќе започнат 700 ученици. Имаме намалување од 100-тина ученици што е алармантно и нешто што се случува со години. Ситуацијата родителите да ги отпишуваат децата и да заминат во странство се случува во сите степени на образовниот процес од прво одделение до четврта година во средното образование. Тој тренд продолжува. За шест месеци од училишните клупи се отпишани околу 300 ученици што треба да не загрижи и да го вклучи алармот кај сите за да се преземе нешто, и кај институциите и кај сите нас како поединци, изјави Гоце Бумбароски наставник и советник за млади при прилепската локална самоуправа.

Ланската практика на скрипти и интернет-истражувања ќе се повтори во новата учебна година што долгорочно се одразува на квалитетот на школството и образованието кај младите. Наставниците се чудат кој крај да го фатат. Некаде стигнале некои учебници, но недоволно.

-Поучени од минатогодишното искуство кога недостигаа голем дел учебници, претпоставка е дека и оваа година ќе ни се случи да немаме учебници, или, можеби да добиеме материјали за работа, во еден учебник спакувани неколку учебници само за првото тримесечие, па повторно да доаѓаат ученници, пак ќе се снаоѓаме. Не знаеме како и кога ќе стигнат учебниците, ниту кои теми и содржини се опфатени во нив, а нашите годишни програми се веќе доставени до службите во училиштата. Навистина е сето неизвесно, а тоа влијае на целиот образовен процес и на општеството и треба да се запрашаме што се случува, вели Бумбароски.

Новата учебна година отвори повеќе прашања отколку што понуди одговори и за преку 10 000 основци и средношколци во Прилеп.

Тешка сообраќајка во близина на РЕК Битола: Битолчанец со автомобил се судрил со камион

На 28.08.2023 во 20.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, кај крстосница пред РЕК Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(48) од Битола и товарно моторно возило „волво“ со албански национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Албанија.

Во несреќата, Г.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

(ВИДЕО) Автомобил во кој се превезувало семејство од Романија изгоре кај мотел “Македонија” во близина на Велес

Автомобил во кој се превезувало семејство од Романија, синоќа по полноќ изгорел на автопатот Велес-Гевгелија кај мотелот “Македонија”.

За среќа никој од патниците не бил повреден, а во последен момент ги извале куферите и документите од возилото.

Бензините поевтинуваат – лоша вест за дизелашите!

Регулаторна ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,50 ден/лит.

Сијарто: Зошто да чекаме до 2030, ајде да ги примиме земјите од Западен Балакан во ЕУ веднаш!

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Питер Сијарто вели дека Европската унија не треба да чека до 2030 година за да ги вклучи земјите од Западен Балкан што е можно побрзо затоа што со нив Унијата ќе биде поголема и посилна.

„Мислам дека проширувањето е неопходно и мора да биде забрзано што е можно повеќе. Вчера слушнавме 2030 година, добро, но зошто не утре. Што не спречува да кажеме дека сега мораме да ги вклучиме сите кандидати од Западен Балкан во ЕУ, место да чекаме до 2030 година. Ајде да ги отвориме сите поглавја и да ги затвориме што е можно побрзо. Со Западен Балкан ќе бидеме поголеми и посилни, ќе има многу поголем простор за економска соработка. Од аспект на енергетската сигурност, тие се најважна област на транзит, барем за центраниот дел на Европа и потоа ќе биде тотално непотребно да плачеме за иницијативите или намерите на други да бидат вклучени во Западен Балкан, бидејќи сè додека не го интегрираме Западен Балкан, сите други заинтересирани, кои и да се, ќе бидат вклучени и ние ќе плачеме за тоа. Мислам дека реформите треба да бидат базирани на рационалност и на здрав разум и проширување да биде ставено на врвот на агендата и да се случи што е можно побрзо“, рече Сијарто денеска на панел на Блед стратешкиот форум во Словенија.

Од земјите од Западен Балкан, Србија и Црна ги почнаа пристапните преговори со ЕУ уште пред десетина години, а Македонија и Албанија сè во скрининг фазата.

Познато каде ќе ја продолжи кариерата прилепскиот голгетер Илија Несторовски – Од север се сели на југ!

После 4 години поминати во редовите на Удинезе, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски по трет пат ќе ја промени средината во Италија.

Прилепчанецот по завршувањето на договорот со италијанскиот калчолигаш се поврзуваше со повеќе клубови, а според пишувањето на медиумите во Италија, популарниот “Нестор-Гол” се поврзуваше со Сампдорија, каде тренер сега е Андреа Пирло.

Сепак, наместо во Џенова, Несторовски се сели во Асколи Пичено, каде потпиша 2-годишен договор со истоимениот клуб.

Клубот од југот на Италија сезоната во Сериа Б ја започна со два порази и засега се без постигнат погодок, а во наредното коло го пречекуваат Фералпи Сало, натпревар на кој можеби Несторовски ќе го има својот деби настап.

Во дресот на Удинезе, Несторовски се појави на 77 натпревари и постигна 8 голови.

Tрагедија! 18-годишно девојче од Прилеп загина во сообраќајка кај с.Долнени – други двајца врсници завршија со повреди

На 28.08.2023 во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана“ во с.Долнени, прилепско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и другата сопатничка Б.С.(18) од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Прекрасна слика од вчерашната празнична света литургија и причесна во храмот Параклис во Прилеп (Фото галерија)

Православите христијани вчера го празнуваа најголемиот празник посветен на Мајката Божја – Успение на Пресвета Богородица.

Верниците во Прилеп традиционално за овој ден ги исполнија до последно место четирите црковни храмови, каде присуствуваа на света литургија, а оние кои ги завршија постите примија света причесна.

Во продолжение една убава празнична слика од храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис:

“Мајмуни” со реакција до управата на Победа: До кога нема да пуштате гостински навивачи на стадион?

Прилепска Победа релативно добро ја започна новата сезона во Втората фудбалска лига. Во првите три натпревари црвено-белите забележаа еден триумф, еден пораз, и еден нерешен резултат.

По трите бода во првото коло и високиот триумф над Тетекс со 5:1, победашите загубија на гостувањето кај Башкими со 2:1, а изминатиот викенд ремизираа 0:0 со Охрид на домашен терен.

Но, она што беше забележително е отсуството на гостински навивачи, и на натпреварот со Тетекс, и на последниот дуел со Охрид. На ова со реакција до управата се јавија од навивачката група “Мајмуни”, кои на ФБ напишаа:

“Едно јасно и гласно прашање… до кога место за навивачите нема да има?! После гостинската навивачка група од Тетово, сега беше вратена и групата од Охрид. Жално и тажно што се случува ова во оваа држава не знаеме зошто се случува ова, но сигурно е по наредба. Ние како група мислењето не го сменуваме, по било која цена, секој оној кој сака да гостува во Прилеп, вака или онака ќе биде сместен во делот за гости”, напишаа oд навивачката група.