дома блог страница 978

26-годишно момче од Прилеп со автомобил удрил во 83-годишна сограѓанка

На 29.08.2023 во 12,00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Војводинска“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(26) од Прилеп, удрило во Н.В.(83) од Прилеп.

По несреќата Н.В. била префрлена во Градската болница Прилеп каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

664 првачиња во Прилеп ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна

Општина Прилеп за оваа 2023/2024 учебна година обезбеди бесплатен оброк за секое прваче.

Сите 664 првачиња од основните училишта од општина Прилеп оваа учебна година ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна.

-Целта е финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и правилна и навремена исхрана за развој на децата. Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, но и добри услови за работа за што се залагаме сите ние, и локалната самоуправа и раководителите на образовните институции, за да создадеме можности за подобра иднина на нашите деца – информираат од општина Прилеп.

18-годишно момче од Прилеп заврши со тешки повреди – Со мопед изгубил контрола и паднал на коловоз

На 28.08.2023 околу 20.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп, М.С.(18) од Прилеп, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По несреќата, М.С. бил префрлен во Градската болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Прилепската полиција пронашла три 3 возила и 3 шпедитери натоварени со нелегално исечени дрва

Вчера (29.08.2023), по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Прилеп во содејство со Шумската полиција од Прилеп во околината на местата викани „Студенец” и „Дервен” пронашле три патнички моторни возила и три запрежни коли натоварени со дабово и буково огревно дрво. Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Важно известување до граѓаните од општина Прилеп

Одделението за администрирање на приходи при Локалната Самоуправа Прилеп ги известува сите правни и физички лица кои имаат обврска за плаќање по основ на данок на имот и комунална такса одговорно да пристапат кон наплата на своите обврски.

Исто така ги повикуваме сите граѓани кои што поседуваат имот, а немаат поднесено даночна пријава во одделениоето за администрирање на приход да го направат истото во најбрз можен рок.

Со тоа би се избегнале секакви дополнителни трошоци кои би произлегле од неспроведувањето на законската обврска за сите граѓани и правни лица.

Локална самоуправа – Прилеп
Одделение за администрирање на приходи

(ВИДЕО) Претставување пред стотици навивачи и аплаузи за Несторовски во Асколи

По 4 години поминати на северот во Италија во Удине, Несторовски по трет пат ја промени средината на чизмата, откако вчера потпиша 2-годишен договор со второлигашот Асколи.

Иако за нашиот Иле беше заинтересирана и Сампдорија, каде тренер е Андреа Пирло, а се спомнуваа и неколку други клубови, тој се одлучи да продолжи во црно-белите бои, но овојпат на југот во Италија.

Несторовски имаше и одлична презентација пред голем број навивачи на клубот од Сериа Б, кој сезоната ја започна со два порази и нуту еден постигнат погодок. Навивачите на Асколи со право очекуваат популарниот “Нестор-гол” одново да се активира и да полне мрежи на стадионите ширум Италија.

„Многу сум среќен што го носам овој дрес и ви ветувам дека со гордост ќе ги бранам овие бои. Вечерва треба да им помогнеме на сите овие момчиња. Напред Пикио“, рече Несторовски пред навивачите.

Асколи е клуб кој досега 16 пати има играно во Сериа А и постои од 1898 година.

Грчки националисти го нападнале домот на македонскиот Архимандр, Никодим Царкњас – Фрлале со јајца, камења, и му напишале “ЕЛЛАС” (ФОТО)

Македонскиот активист од леринско Крушоради, Стилијан Самарџиев (Стилијанос Самарѕис), на својот Фејсбук профил објави дека непознати сторители го нападнале домот на Архимандритот Никодим Царкњас во Грција.

-Грчки националисти му фрлија јајца на автомобилот и му напишале на бетонскиот под ЕЛЛАС.Камења на прозорците. До кога теророт врз 81 годишен старец ќе продолжи? – пишува активистот за македонска кауза во Грција.

Архимандритот Никодим Царкњас е етнички македонски, православен монах. Роден е во селото С’ботско, Воденско, Егејска Македонија во 1942. година. Со својата упорна и посветена борба за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во северна Грција, Отец Никодим Царкњас е една од водечките фигури и симбол на движењето на македонците од Егејска Македонија за остварување на националните и политичките права.

Жална слика! Град со големина на лешник го побеле полето во прилепско – големи штети врз насадите со тутун и пипер (ВИДЕО)

Силно невреме проследено со пороен дожд и град вчера попладне го погоди прилепскиот регион. Паѓаше град со големина на лешник кој предизвика големи штети врз насадите со тутун и пипер во областа Заград, Мажичиште, а за големи штети пишуваат и земјоделците од Мало Коњари.

Сликата од полињата е жална, а штетите се катастрофални.

38-годишен Србин потпиша за РК Прилеп – има играно низ цел свет

Прилеп изгради амбициозна екипа за новата сезона во ракометната Супер Лига. Покрај искусните домашни играчи, тимот досега го засилија Грузиецот Имнадзе, Црногорците Јелушиќ, Кастратовиќ и Шабановиќ, голманот Ацевски, пивотот Трајчевски и бековите Рајатоски и Цветаноски.

Сега е познато дека во Прилеп пристугнува и искусниот Србин, Душан Бозолјац, 38-годишен лев бек кој во кариерата има настапувано во повеќе средини во соседството и низ Европа.

Од унгарски Мезоковешд, преку норвешкиот Сандефјорд, Анталија во Турција, Синфин во Шпанија, Коњух и Градачац во БиХ, Макаби и Хапоел во Израел, како и Ал Шааб во Обединетите арапски емирати. Искуството на Бозолјац е огромно и со сигурност ќе значи премногу за прилепчани во новата сезона, во која пак ракометните вљубеници очекуваат излез во некој од европските купови.

Како на дивиот запад: Во 24 часа во Прилеп, тепачки меѓу малолетници, 59-годишен скопјанец повреден со остар предмет

Неколку пријави денеска и вчера за физички напади во Прилеп

На 28.08.2023. на ул. “Леце Котески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР прилеп ги лишиле од слобода Б.В. (21) и Р.М. (37) од Прилеп затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со учество во физичка пресметка.

На истиот ден во ОВР Прилеп, Х.Г.А. (47) од Прилеп пријавила дека во Прилеп, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, додека пак Т.В. (48) од Прилеп пријавила дека нејзините малолетни деца биле физички нападнати од еден малолетник и неговиот татко.

Денеска пак, 29.08.2023, В.Р. (59) од Скопје пријавил дека на ул. “Леце Котески” во Прилеп бил физички нападнат Ф.Д., кој употребил остар предмет и му нанел повреди.