Во прилепските црковни храмови денеска се служеше молебен за благослов за новата школска година. Голем број дечиња со нивните родители, баби, дедовци… присуствуваа во храмовите. Една убава слика која плени!
Во продолжение погледнете ги фотографиите од храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис:
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 30 мерки за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 20 во населено место и 10 надвор од населено место, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно паркирање.
Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол….
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Висока температура, слабеење на сетилото за мирис и вкус, покачено ЦРП и пневмонија се симптоми на новите соеви на коронавирус кои ја зафатија Србија. Лекарите предупредуваат да се биде внимателен, бидејќи постоечките тестови за ковид-19 се несигурни, а чекалните пред ординациите се преполни. Масовно на болничко лекување завршуваат лица над 65 години, лица со хронични заболувања, од кои повеќето се невакцинирани, јавуваат српските медиуми.
Според написите во последните две недели лекарите по општа медицина работат со полна пареа, а респираторните вируси и новиот бран на ковид-19 се сè поагресивни, па болничките кревети на Инфективната клиника и Клиниката за пулмологија на Универзитетската болница на Србија се пополнуваат.
„Веќе 15 дена се бориме со короната, таа повторно се разгоре“. Граѓаните го носат вирусот од Грција, Црна Гора и други земји, каде што биле на одмор. Овој вид има очигледни симптоми на ковид, но лекарите можат да го помешаат и со алергии, кои се сега актуелни. Ова е местото каде што се јавува висок CRP, брзо се појавува пневмонија, бидејќи вирусот го напаѓа ткивото на белите дробови. Изгледа цел на вирусот се оние кои не се вакцинирани, но има и спорадично вакцинирани со поблаги симптоми. Помладите имаат висока температура до 40, која трае неколку дена. Повозрасните граѓани имаат компликации, како и луѓето со коморбидитети, а неколку мои пациенти веќе се примени на Инфективната клиника“, изјави за „Нова.рс“, Драган Миљковиќ, специјалист по општа медицина.
Тој нагласува дека постојните тестови за корона се несигурни.
„Тестовите се целосно бескорисни, бидејќи овој вид е многу отпорен. Тоа е мутант кој тестот не го ни препознава. Допрва треба да се направи тест за овој сој на ковид. Луѓето се тестираат и добиваат негативни резултати а ги имаат сите симптоми на ковид. Не ми требаат да ми носат тест, знам доволно за овој вирус за да знам кога нападнал. Сè може да се види во крвната слика и на белите дробови. Овој ковид брзо ги напаѓа белите дробови, што не се случува во толкава мера со грипот и другите респираторни вируси. Секој што чувствува симптоми мора да направи Д-димер, ЦРП, крвна слика и ЛДХ“, советува докторот.
Тој истакнува дека клиничката слика на овој вид е слична на онаа на првиот вид во Вухан.
Скај њуз објави дека Русија потопила голем број бродови во близина на мостот на Крим – она што аналитичарите го нарекуваат „стратегија стара 200 години“ за одбрана од растечката закана од дронови на украинската морнарица.
Британската телевизија соопшти дека собрала сателитски снимки на кои се гледаат шест темни објекти наредени во водата во близина на мостот, познат и како мост Керч.
Скај њуз потсетува дека овој мост претставува единствена директна врска меѓу сообраќајната мрежа на Русија и полуостровот Крим, а од почетокот на војната е изложен на повеќекратни напади.
Дирекцијата за генерално разузнавање (ГРУ) на Министерството за одбрана претходно тврдеше дека Русија планира да „потоне најмалку шест бродови“ покрај самиот мост за да создаде „заштитна лента“ пред него.
Прилепчанецот Иле Чавле, за кој неговото семејство информираше на социјалните мрежи дека е исчезнат од празникот Голема Богородица, за среќа е пронајден жив и здрав.
Од семејството упатуваат благодарност до сите оние кои помогнале во неговото пронаоѓање.
Претходно тие на социјалните мрежи напишаа дрка на Иле во понеделникот се упатил кон манастирот Трескавец, кога и му се изгубила секоја трага.
– Сакаме да покажеме дека Македонија е конкурентна и покрај проблемите со кои се соочуваме. Ќе го дадеме максимумот, момците ќе бидат подготвени за предизвикот и мислам дека атмосферата во националниот тим ќе биде добра и позитивна. Без разлика на резултатите, Македонија заслужува поддршка од трибините и се надевам дека стадионот ќе биде исполнет до последното место, изјави Милевски.
Селекторот објави дека од првичниот список поради повреди отпаѓаат Марјан Радески, Дарко Чурлинов и Ваљон Етеми.
Милевски нагласи дека треба сите комплетно да ја согледаат реалната слика на македонскиот фудбал, додавајќи оти „црвено – жолтиот“ тим не е фудбалска велесила, а високиот пораз од Англија треба да послужи како отрезнување.
– Македонија може да биде добра само ако функционира како тим и наша должност е сите да се ставиме во функција на тимот, само така може да се надеваме на успешни настапи. Факт е дека постојано, освен со Португалија, секогаш ни недостасувале витални играчи, но ростерот е тој, изборот е тој, тоа е реалноста. Не сме фудбалска велесила. Тоа што ни се случи со Англија е можеби и добро, за да се спуштиме на земја и да почнеме од долу, да градиме тимски дух и тим, додаде Милевски.
Македонските фудбалери на 9 септември во Скопје ја пречекуваат Италија, а три денови подоцна гостуваат во Малта во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО2024.
На социјалните мрежи се шири вест за исчезнат прилепчанец. Се работи за лицето Иле Чавле, кој последен пат бил виден пред да се упати кон манастирот Трескавец.
-ДРАГИ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ВЕ ИЗВЕСТУВАМ ДЕКА МОЈОТ ЧИЧКО ИЛЕ ЧАВЛЕ Е ИЗЧЕЗНАТ. ЗАМИНАТ ВО ПОНЕДЕЛНИКОТ САБАЈЛЕ НА МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА-ТРЕСКАВЕЦ ВО ВАРОШ И ПОВЕЌЕ НИШТО НЕ СЕ ЗНА ЗА НЕГО. АКО НЕКОЈ НЕШТО РАЗБЕРИ МОЖИ ДА СЕ ЈАВИ МОБ 070 82 84 86 И 077 647 606 077 647 607 – стои во објавата на социјалните мрежи која ја сподели Менде Чавле
Прес конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Оливер Спасовски мора под итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи.
Денеска ќе објавиме втор дел од видеото на кое се гледа дека не само командирот, туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово.
Автоматското оружје од кое е пукано се’ уште не е пронајдено.
Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица.
Со цел да се забошоти случајот со предизвикување на општа опасност од страна на командир на полиција, на други полициски службеници и воени лица, како и цивили кои пукале со автоматско оружје кое се’ уште не е пронајдено, го објавуваме видеото од лице кое мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? службена ли е – полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице кои можеби и не е полицаец?
Според информациите доставени до нас, од страна советник на министерот Спасовски, кој е вработен после неуспешниот обид да стане градоначалник, дадена е насока да се направат пропусти во случајот и истиот да се забошоти.
Да потсетиме, на настанот имало присутно лице од најтесното раководство на СВР Битола и истото лице наместо да го спречи или пријави настанот, истиот го прикрил!
Сакајќи да ја покријат неспособноста и аздисаноста во МВР, Оливер Спасовски и неговите советници откако реагираа пост-фестум со демек расчистување на настанот, а по принципот – секое чудо за 3 дена, мислат дека ова ќе се заборави.
Министре Спасовски, од институцијата МВР направите пародија.
Не може Вашите партиски и коалициски приоритети да Ви се пред безбедноста на граѓаните.
На 29.08.2023 во 12,00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Војводинска“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(26) од Прилеп, удрило во Н.В.(83) од Прилеп.
По несреќата Н.В. била префрлена во Градската болница Прилеп каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.