дома блог страница 974

Лишени од слобода тројца малолетници и еден 23-годишник од Прилеп за тешка кражба

На 12.12.2023 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. “Гостиварска” во Прилеп, заради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во куќа ги лишиле од слобода Џ.Џ. (23)  и тројца малолетници, сите од Прилеп.

По документирање на случајот, против сторителите ќе следува соодветна кривична пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Започна БОЖИКНАТА хуманитарна акција во прилепските цркви – Да донираме за овој Божик да нема празна трпеза во ниту еден дом

Неформалната хуманитарна организација “Св. Никодим” при црквата Свето Благовештение во Прилеп, по 16-ти пат ја организираа хуманитарната акција за Божик.

Во четирите храмови во Прилеп ќе бидат поставени добо познатите црвени кутии, каде гаѓаните ќе можат да оставаат парични прилози, со кои потоа ќе бидат купени пакети со храна и хемиски средства за околу 150 семејства.

Целта и оваа годна е Божиќниот дух да се донесе до секоја трпеза и секое семејство како што доликува да го печека Христовото раѓање.

Кутиите за донации ќе бидат поставени до 28 декември, а пакетите ќе бидат поделени пред Божик.

За новопечените прилепски домаќинки да го положат најтешкиот тест: Рецепт за вкусни посни сармички

Се ближи големиот христијански празник Св. Никола, заштитникот на Прилеп и празник кој секоја трета куќа во градот под “Марковите Кули” го има за куќна слава.

Прилепските домаќинки одново ќе се зафатат со приготвување на вкусни посни специјалитети, меѓу кои главни се малите посни прилепски сармички.

За новопелените прилепски снаи кои оваа година влегоа во светиниколски куќи да се покажат во најдобро светло, ви го пренесуваме оригиналниот рецепт за вкусни посни сармички.

1. Оризот, црниот пипер, солта, црвениот пипер и маслото се мешаат заедно.

2. Листовите од киселата зелка се сечат на мали парчиња ( отприлика 3 x 5 сантиметри ) .

3. Со мало лажиче се зема од филот отприлика 5-6 зрна. Се виткаат мали сармички и се стегнуваат со рака за да бидат цврсти и во варењето да не се растурат.

4. На дното од тенџерето се ставаат листови од зелка. Врз нив се редат сармичките во круг. Кога ќе се исполни првиот ред, врз сармичките се тура 100 мл масло, 2 лажици црвен пипер и малку црн пипер.

5. Потоа се реди вториот ред и пак врз нив се става масло, црн и црвен пипер. На крај се ставаат листови од зелката.

6. Сармите се полеваат со вода и 2 чаши расолница за да се покријат сармичките.

7. Се става капак за да се потиснат сармичките.

8. Се вари на 180 степени 3-4 часа и од време на време се долева со вода.

(ФОТО) Прилепчанец фатен со 1620 парчиња петарди

На 14.12.2023 во 18.50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, на ул.„Ѓорѓи Абаџиев” во Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лишен од слобода е С.Б.(51) од Прилеп. При преглед кај него, пронајдени и одземени биле 1620 парчиња пиротехнички средства. По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, на 14.12.2023 од страна на полициски службеници од СВР Битола на патот А-3 Битола -Прилеп во близина на бензинска пумпа, при преглед на Д.Т.(25) од Битола, пронајдени се пиротехнички средства. По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР ги нарача налепниците со новата ознака NМК – Ќе потрошат 2,3 милиони евра

Министерството за внатрешни работи набави налепници со натписот NMK за регистарски таблички за сите оние кои имаат таблички со старата ознака МК.

Тендерот го доби фирмата „Квантум“ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“ која ќе ги изработува табличките и налепниците. Набавката изнесува речиси 2,3 милиони евра, а договорот е за период од три години.

Според договорот објавен на страницата на јавни набавки, компаниите што го добија тендерот за налепниците зависно од големината за чифт понудиле цена од 25 до 35 денари, без ДДВ. Се набавуваат четири вида двојни налепници според големината: димензии 99×42 милиметри – набавна цена 35,4 денари; димензии 85×40 милиметри, цената ќе биде 41,3 денар; димензии 53×37 милиметри за цена од 35,4 денари; димензии 48×18 милиметри за цена од 29,4 денари.

Колкава ќе биде продажната цена на овие налепници, ќе одлучи Министерството за внатрешни работи.

Освен налепниците со новото уставно име, МВР набави и регистерски таблички. Според понудата која е дадена од носителот на јавната набавка „Квантум“ ДООЕЛ Скопје, чифт регистарски таблички за возило чинат 637 денари, со вклучен ДДВ.

Викендов сите во Крушево: Има повеќе снег дури и од Попова Шапка и Маврово

Најниска температура од -2 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе и Маврови Анови со -1, 0 во Крушево, 3 Битола, Крива Паланка, Прилеп, Берово, Охрид, Претор, Дебар, 4 Тетово, Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Штип, 6 во Струмица, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Дојран и 8 степени во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу дожд 28 л/м2 е наврнат во Маврови Анови, потоа 27 во Крушево и Тетово, 24 Дебар, 20 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Попова Шапка, 19 Лазарополе, 16 Крива Паланка, 13 Битола, Куманово, 12 Скопје-Петровец, Прилеп, 11 Ѓуриште, 9 Демир Капија, 7 Кавадарци, 6 Штип, Виница, 4 Велес, Берово, 3 Пожар, 2 Струмица, Претор, 1 Гевгелија.

Во 7 часот највисока снежна покривка од 18 см има во Крушево, 14 на Попова Шапка, 13 Маврово и 4 см во Лазарополе.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

ПРЕСУДА: Осуден полицаецот кој во 2018год. лажел дека Јане Ченто не е дома (ВИДЕО)

Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто, кој тогаше беше во домашен притвор, не е дома, по што тој беше префрлен во затворски притвор, биле лажни, потврдил Апелациониот суд и условно го осудил службеникот, известува Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”.

Поглeднете го целиот прилог за овој случај и скандал, кој е еден од доказите како тогашната власт го местела Јане:

Толку мали, а завршија со лисици на рацете: Кај 18-годишник од Битола пронајдена дрога, а кај малолетник пиштол

На 14.12.2023 во 00.15 часот на ул.„Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Д.(18) и малолетник, двајцата од Битола, затоа што кај И.Д. била пронајдена и одземена марихуана, а кај малолетникот бил пронајден и одземен пиштол.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Пред Прилеп и Битола ќе го одбележи заштитникот на градот

Со Концерт на Хорот „Стив Наумов“, на 17 декември во Офицерскиот дом од 19:00 часот, Општина Битола, започнува со програмските активности по повод Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.

Следниот ден, на 18 декември, кога и се одбележува празникот, програмата започнува со Литургија во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, по што продолжува Литијата низ улиците на Битола.

Во 14:00 часот, во Офицерскиот дом, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ќе им ги додели пофалниците на наградените талентирани ученици од основните и средните училишта во градот, кои аплицираа на јавниот повик објавен од општината, а преку кој локалната самоуправа, настојува да покаже соодветно внимание за вложениот труд на младите ученици и да ги поттикне на понатамошни успеси.

Пет дена полна сала со публика, Прилеп е жеден за спорт – РЕЗУЛТАТИ и РАСПОРЕД на натпревари

Пет дена прилепчани уживаат во фудбалските мајстории кои ги пружаат екипите на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023”.

Полна сала, атрактивни натпревари и многу погодоци. Во продолжение резултатите од вчерашниот ден и распоред на натпревари за вечерва и утре:

Резултати, среда, 13.12.2023, сениорска конкуренција:

Скара кај Балче – Дрим Тим 1:1 (1:3 пенали)
Портал БТ – Best Solar/Tag Balkan 2:2 (3:2
пенали)
Ролетар Боби/Кике Дизајн – Етно Ресторан Бабино 1:3
Комфи Ангел – Пролетер 1:5
Могила – Прилеп Сити 7:1

Распоред за четврток, 14.12.2023, сениорска конкуренција:

18:00 Бест Солар/Таг Балкан – My Place
18:45 Млекара Јока – Брест Хем
19:30 АСП Пак – Пролетер
20:15 Компанија Атанасовски – Ла Страда
21:00 Могила – Дино 99

Распоред за петок, 15.12.2023, сениорска конкуренција:

18:00 Фасада Чајник – Дрим Тим
18:45 Лимонада – Етно Ресторан Бабино
19:30 Лимонада – Љупче Автоконтрол
20:15 Инекс Олгица – Џулијано
21:00 Компанија Атанасовски – Solders