дома блог страница 973

За секоја пофалба: АМД Прилепец започна со едукативни работилници во училиштата (ФОТО)

Компанијата “АМД Прилепец” започна со едукативни работилници во училиштата во општина Прилеп, на кои целта е учениците да се стекнат со знаења за основните сообраќајни правила и прописи, како и со знаења за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Првата од низата едукативни презентации од “АМД Прилепец” ја одржаа во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, каде учениците покажаа голем интерес и интерактивно се вклучија за време на предавањето.

Одлична цена, перфектна локација…ваше е да прочитате и да размислите за вашата станбена иднина

На само 1.5 км од центарот на Прилеп, компанијата “Специјал градба” започна со реализација на нивната најнова мисија, а тоа е изградба на најсовремениот досега станбен комплекс во градот под Марковите Кули.

Објектот кој веќе е во напредна градба, се наоѓа на улица “Круме Беќар”, во населбата “Рид”, на широк простор, и според она што може да се види од плановите за изградба, ќе биде нешто за што прилепчани досега само можеа да сонуваат.

Станбениот комплеск – или HILL RESIDENCE располага со 9 типови на станови, чија површина се движи од 50 до 70м2, и истите ќе бидат изградени со целосна енергетска ефикасност.

Идните домови ќе бидат опремени со германски врати и дограма со двојни термопан стакла. Во зима топло, лете ладно, затоа што зградата ќе има изолација од 12цм, а впечатливо е и тоа што секој стан ќе има обезбедено високо ефикасно ладење, греење и најважното – бесплатно гаражно паркинг место.

Со три зборови: УДОБНОСТ, КВАЛИТЕТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ! Сето тоа и многу повеќе ќе добиете, ако HILL RESIDENCE биде вашиот избор за нов дом.

И секако побрзајте! Затоа што HILL RESIDENCE веќе ги доби своите први сопственици на станови, кои едвај чекаат изградбата да заврши и да се вселат во својот дом од соништата. Контактирајте на следниот телефонски број: 073 333 300 и закажете средба.

Плановите од становите и сите останати проекти на “Специјал Градба” можете да ги погледнете ТУКА

А за сите поволности кои ги нуди компанијата, како и соработките кои ги имаат со други компании за попусти за уредување на становите, погледнете повеќе ТУКА

ЗА КОМПАНИЈАТА ИНВЕСТИТОР НА HILL RESIDENCE:

“Специјал Градба” e компанија основана во 2011 година, која за време на досегашното постоење, се најде на листата на 200 најуспешни компании, направена од Европската бизнис асоцијација во Македонија.

Компанијата е позната по тоа што во објектите кои ги градат користат градежни материјали со одлични термички, акустични и хидроизолациски својства, и сето тоа исклучиво од лиценцирани произведувачи. Мисија на компанијата е изградба на високо енергетско-ефикасни објекти, се со цел задоволни клиенти преку заштеда на енергија, но и намалување на негативните влијанија врз животната средина, што пак ја покажува општествената одговорност на компанијата.

Прилепчанец нападнат во ноќен клуб, друг среде бел ден на улица

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

-На 16.12.2023 во 03.20 часот во ОВР Прилеп, Б.О.(44) од Прилеп пријавила дека пред ноќен клуб во Прилеп нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување на објектот.

-На 15.12.2023 во 14.30 часот во ОВР Прилеп, С.Ј.(29) од Прилеп пријавил дека на ул.„Борис Кидрич” бил физички нападнат од Е.А. и Е.А.

-На 16.12.2023 во 00.45 часот, полициските службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Б.Г. затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Ухмр со прогноза- еве какво ќе биде времето до среда

Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.

Oбјавена програмата за одбележување на патронот на Прилеп

Општина Прилеп традиционално и оваа година ќе го одбележи патронот на градот, Св. Никола. Како што веќе е познато, домаќин оваа година е компанијата “Комфи Ангел”, а од општината ја објавија програмата за одбележување на градската слава.

Чествувањето започнува во 08:00 часот со Архиерејска Божествена литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски, г. Петар, во црковниот храм „Св. Блоговештение“-Прилеп.

Ќе следува Литија во чест на Св.Никола Чудотворец, којс ќе започне во 11:00 часот, од црквата Св. Благовешетение до Параклисот „Св. Никола“.

Потоа е Водосветот и прережувањето на празничниот колач, кое ќе се изврши пред Параклисот на „Св.Никола“ во центарот на градот во 11:30 часот.

А, потоа, за сите добронамерници ќе биде послужена празнична, посна, светиниколска трпеза и ќе се одржи пригодна културно-уметничка програма на плоштадот „Александрија“ .

СВР Битола со апел: Пријавете продажба и употреба на пиротехнички средства!

Во пресрет на престојните Новогодишни и Божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола ги потсетува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.

Затоа, апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонските броеви 112 и 192.

Упатуваме апел особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.

Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола спроведува интензивни кампањи, се изработуваат летоци и плакати, рекламни материјали, одржува различни предавања со целни групи преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства.

Полициските станици, пак, со спроведување на акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства.

Двајца прилепчани уапсени во Битола: Кај едниот полицијата пронашла марихуана и трамадоли

На 14.12.2023 во 20.45 часот на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Р.(23), Е.Р.(30), двајцата од Прилеп и Г.М.(18) од Битола затоа што при преглед кај нив, кај И.Р. биле пронајдени и одземени мархуана и капсули трамадол.

Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

Голем предновогодишен хуманитарен концерт за предвремено родените деца во Прилеп

Да ја пречекаме новата година со позитивна енергија и добро дело.

Под слоганот “Заедно за нов живот”, за прв пат во Прилеп оваа година ќе се одржи предновогодишен хуманитарен концерт, по повод предвремено родени деца.

Дојдете и уживајте во празничната магија со познати музички имиња од нашиот град и пошироко.

Концертот ќе се одржи во Дом на култура “Марко Цепенков” на 23.12.23 Сабота со почеток од 18:00h

Карти во продажба во: Кафе “Стори”, кафе “Еспресо” и кафе галерија “Лувр”.

Време е за НОВОГОДИШНА ШОПИНГ АВАНТУРА во Living Home Centar – Цел викенд -15% на целиот новогодишен асортиман!

Најубавата новогодишна приказна е во Ливинг Хоме Центар!!!

По повод празникот Св.Никола шопинг авантура, -15% попуст на новогодишниот асортиман.

Купете го вашиот омилен украс и заштедете!

Овој викенд 15.12 (петок) и 16.12 (сабота)

Побрзајте!!!

Тутунарски бунт: Тутунот не го предаваат

Откупувачите ги отворија пунктовите за откуп на тутунот, но тутунарите не го донесоа родот на проценка на вагите иако денеска е последниот ден од законскиот рок за почетокот на откупната кампања. Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, производителите нема да го носат родот на вагите додека не се зголемат откупните цени, а велат дека и откупувачите со немањето слух за барањето на тутунарите калкулираат зашто родот годинава е преполовен.

– Ние чекаме и сѐ уште очекуваме некој од откупувачите да се одважи за ги зголеми цените. Досега не покажаа слух на нашето барање да се зголемат цените, минимум за 20 насто а и повеќе иако претходните месеци ни најавуваа дека тоа ќе го сторат. Но од тоа досега нема ништо. Од друга страна се калкулира поради преполовениот род. Се очекуваат околу 13 000 тони тутун. На овој начин си играат со маката на тутунарите. Ги повикуваме да ги зголемат цените зашто ваквата ситуација нењ им оди во прилог ниту на откупните фирми, ниту на производителите, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Ваквата ситуација која одамна не се памети да нема врвувица на откупните пунктови и на вагите за преземање на родот на тутунот, ја доведува иднината на тутунопроизводството во земјава.

– Вака се доведува во прашање производството на оваа битна индустриска гранка. До година може и уште повеќе да се намали производството, иако во последно време останаа да произведуваат само повозрасните тутунопроизводители. Сѐ уште очекуваме откупувачите да илезат во пресрет за зголемување на цените, вели Стомнароски.

Годинашниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот, се цени на околу 13 000 тони. Досегашните цени се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа.

Неодамна на трибина за состојбите во тутунопроизводството што се одржа во Прилеп, националната земјоделска мрежа побара 600 денари за килограм откупен тутун за производителите ги покријат трошоците и да имаат рентабилност во производството.