дома блог страница 975

Итно пренесени во прилепската болница: Четири лица повредени во тешка сообраќајна несреќа помеѓу две возила

На 27.10.2023 во 16.33 часот во СВР Битола е пријавено дека на локалниот пат за с.Грешница, Македонски Брод кај место викано „Каменица“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.П.(67) од с.Модриште, Македонски Брод, а во кое сопатничка била Л.П.(67) и патничко моторно возило „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(58) од Македонски Брод, во кое сопатничка била М.Н.(44).

По несреќата возачот С.Н., неговата сопатничка М.Н. и сопатничката во другото возило Л.П. се пренесени во болница во Прилеп каде од лекар на Л.П и се констатирани тешки телесни повреди, а на С.Н и М.Н. им се констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод.

Ниту “За”, ниту “Против” : Македонија гласаше воздржано во ОН, по Резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Генералното собрание на Обединети нации синоќа со 120 гласа „за“, 14 „против“ и 45 „воздржани“, усвои Резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа. „против“ беа 14 земји, меѓу кои Израел и САД, а 45 беа „воздржани“.

Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа „за“ резолуцијата, Хрватска беше „против“, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција беа „воздржани“.

Во резолуцијата, на предлог на Јордан, а во името на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективни напади. Резолуцијата нема обврзувачки карактер, но затоа има политичка тежина.

Вреди да се проба, работата во оваа фирма е уживање – Јавете се!

ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Поради зголемување на производните капацитети и обем на работа конфекцијата “МАРБО ЕНГ” има потреба од:

– шивачки СО РАБОТНО ИСКУСТВО, на права машина и оверлак.

Компанијата нуди:

-Редовни бонуси за ефикасност
-Редовни примања
-Стабилна работа со можност за напредок
-Просечна плата 26.000+ ден.

Повеќе информации на: 075 539 700

Хит меѓу средношколците, Автошкола “Прилепец” – а еве и зошто!

Со историја која датира од 1972 година, Авто Мото Друштво Прилепец е најстарата авто школа во Прилеп. Тие се пионери во областа на стручно оспособување на возачи во нашата општина и таа традиција продолжува и денес.

Но, за разлика од пред 50 години, денеска Авто школа Прилепец располага со супер модерни автомобили за оспособување на возачи за сите категории (АМ, А2, А1, А, Б, Ц, ЦЕ, Д).

Со оглед дека модерниот начин на живеење налага управување со автомобил, а вработувањето во компаниите, особено за младите, е често врзано со поседување возачка дозвола, тогаш порано или подоцна во животот, обуката за возачка дозвола е повеќе од неопходна.

Покрај обуки за возачки дозволи, во АМД “Прилепец” ќе добиете најповолни услови за регистрација и технички преглед на вашето возило. На едно место ќе добиете услуги за зелен картон, осигурување, меѓународна возачка дозвола, атест, сервис на вашето возило, а кога ќе затреба и шлеп услуги.

Посетете го тимот од АМД Прилепец на ул. “Моша Пијаде” бр. 230, или контактирајте со нив на еден од телефонските броеви: 073/444-100, 070/316-281 и 073/444-200 и искористете ја можноста за плаќање и до 12 рати.

Бектеши: Одлуките се носат во Влада, каде главните ресори ги држат кадри на ДУИ

Министерот за економија Крешник Бектеши не се согласува со тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно главните политички одлуки во државата се носат во седиштето на ДУИ.

Тоа така се перцепира затоа што министрите од ДУИ во моментов се поактивни како резултат на нивните важни должности и функции, рече министерот во синоќешната емисија на Клан Македонија.

„Владините одлуки се носат во Владата на РСМ. Се случи во овој тежок период главните ресори да ги води ДУИ“, рече меѓу другото Бектеши.

Тој е убеден дека неговата партија е прва во албанскиот политички блок и дека датумот на изборите не им е важен.

Убав е Прилеп, ама убава е и Битола: Прекрасна ноќна дрон панорама од градот на конзулите (ВИДЕО)

Кратко ноќно уживање од преубавата Битола во режија на Стојан Стојановски:

Пред два дена поскапи, од полноќ поевтинува: Добра вест за дизелашите

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 24.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,508%, кај дизелот за 2,946%, кај екстра лесното масло за 2,379% и кај мазутот намалувањето е за 1,858%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,367%

Од 28.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 47,174 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Касами: Ако во училиштата се пее македонската химна, ќе мора да се пее и албанската!

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами истакна дека, ако се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна, објави ТВ 21.

-Тоа е политичко прашање. Како градоначалник можам да кажам дека ќе ги почитуваме законите и Уставот, но во исто време мора да ја почитуваме и различноста. Во овој случај, ако се донесе законска одлука за интонирање на државната химна, сигурно дека ќе мора да се почитува и мнозинството граѓани, кои се од албанска етничка припадност, ќе мора да се пее и албанската химна, рече Касами.

Во некои скопски општини, за почеток во Аеродром, а потоа во Гази Баба и други, секој прв понеделник во месецот, наставата започнува со интонирање на државната химна на Македонија.

“Витаминка” ги пренесе позитивните искуства од дуалното образование по германски модел: Минатата година компанијата вработи тројца ученици веднаш по завршување на средното образование

Во рамките на SUBEX – Suppliers Balkan Expo, традиционално организиран од страна на AHK – Делегацијата на германското стопанство, кој оваа година се одржува два дена, на 25 и 26 октомври во хотел Хилтон во Скопје, се одржа и панел дискусија за искуствата од дуалното образование по германски модел. Со оглед на тоа што „Витаминка“ АД е една од компаниите кои што директно се вклучени во програмата и успешно ја спроведуваат веќе четири години со ред, директорот на правни и општи работи Орде Ѓорѓиоски беше поканет како панелист.

Од негова страна беше истакнато дека првата генерација која веќе заврши, не испирираше уште повеќе да се посветиме на реализацијата на програмата и да продолжиме со поддршката. Многу е важно во програмата да се вклучат повеќе компании и лично да се уверат дека во училиштата навистина има потенцијал и дека е потребна една поширока поддршка и од бизнис заедницата. Според тоа, „Витаминка“ беше прва компанија која што понуди вработување на учениците кои што завршија четврта година и од пет ученици тројца се вработија, од кои двајца се на одржување и еден од нив директно во производство. Сигурни сме дека како учениците, така и нивните родители, ги препознаа предностите на ваквиот начин на учење, па во иднина ќе имаме и поголем број запишани ученици, а ние како компании ќе ги отвориме ширум вратите да одговориме на зголемените барања.

Во однос на прашањето за тоа – што е со учениците кои решија да продолжат на факултет, дали имате и опции за поддршка во текот на нивното студирање, па потоа да се вратат како инженери? Одговорот беше дека секако на крајот изборот е на самиот ученик дали ќе продолжи на факултет или не. Во нашиот случај само еден од учениците изјави дека сака да го продолжи своето образование на еден од факултетите во земјава и дека ќе студира како редовен студент. Од другите ученици уште еден изрази желба да го продолжи образованието како вонреден студент и паралелно да работи, а од наша страна му беше понудена стипендија за студирањето.

Инаку, она што прави разлика дефинитивно е третманот на учениците како индивидуи со капацитет или потенцијал да одговорат на барањата на компанијата, а не како бројки. Дополнително, практичната настава задолжително мора да биде зачинета и со нестандардни дополнителни обуки, дебати и дискусии, а за да се мотивираат учениците и да се предизвикаат да размислуваат на актуелни теми. Значи, мора да се вметнуваат дополнителни содржини во реализацијата на практичната настава и да се работи индивидуално, за да се постигне таа конекција и ученикот да се чувствува како дел од програмата и компанијата.

Треба да разбереме дека тоа се млади луѓе кои треба да бидат слушнати. Во однос на предизвиците со кои се соочила компанијата при имплементацијата и спроведувањето на програмата, беше одоговорено дека: Првиот предизвик беше да се назначат ментори, луѓе од организацијата со соодветно искуство, кои што ќе одвојат од нивното време, од работата и ќе се вложат во програмата за да се постигне целта. Анимиравме неколку квалитетни кадри кои што беа делумно ослободени од некои работни обврски и соодветно стимулирани.

Планот наш е по стекнувањето доволно искуство, вработените дуалци да станат идни ментори. Предизвик беше и усогласувањето на програмите помеѓу училиштето и интерната на компанијата. Во тој дел соодветна помош обезбеди и АХК, па откако помина првата генерација, сега значително полесно се одвиваат работите. Предизвик, генерално кажано, беше и тоа да се сврти вниманието на родителите и пошироката јавност кон програмата на локално ниво, а за да се согледаат предностите и да се прими како атрактивна, се со цел поголем број ученици да се запишуваат на програмата.

Учесник како панелист од завршените ученици беше и Марко Сваќароски, сега вработен во „Витаминка“ како одржувач на машини и опрема. Од негова страна беше изразена благодарност до компанијата за високото ниво на кое ја реализирала програмата, што било клучно за неговата определба да се вработи во компанијата и да запише високо образование на машински отсек на УКЛО во Битола, како вонреден студент.

На настанот беа доделени сертификати за положени завршни испити по германски модел на учениците кои завршија четврта година.

(ФОТО) Mиовски постигна гол и запиша асистенција, а потоа ги ПЕЦНА Грците со начинот на прослава

Екипата на Абердин каде настапува нашиот репрезентативец Бојан Миовски синоќа прокоцка водство од 2:0 против грчки ПАОК и загуби со 2:3 во третото коло од Лигата на конференции на УЕФА.

Миовски постигна гол за водство на Шкотлаѓаните, а запиша и асистенција за 2:0.

Македонскиот голгетер потоа ги пецна Грците со начинот на прославата.

Ова е втор погодок за нашиот репрезентативец во ова натпреварување на УЕФА, откако во минатото коло стрелаше прецизно и против фински Хелсинки, но за жал неговиот Абердин досега освои само еден бод.