Глобална војна за Арктикот: “Се ќе биде ситница во споредба со судирот за природните богатства на Северниот Пол”

Во наредните години во светот би можело да се креира ново бојно поле, во однос на кое серијата воени конфликти што започнаа во последната година може да изгледаат како ситница.

Ова го пишува британскиот Дејли Меил, кој потсетува дека во 2023 година имаше нагло зголемување на конфликтите во светот. Спомнувајќи ја војната меѓу Израел и Хамас, како и војната меѓу Русија а Украина која трае две години.

Истовремено, во субсахарска Африка продолжуваат судирите меѓу владините сили, паравоените формации и екстремистичките организации, а во земји како Мјанмар и Судан беснеат граѓански војни.

На тоа ново бојно поле, кое, според британскиот весник, ќе ги засени сите тие конфликти, глобалните сили ќе се борат меѓу себе како никогаш досега во трка за контрола и превласт на Северниот пол.

Регионот се вели дека е подложен на невидени промени предизвикани од климата, при што топењето на мразот го отвора патот до огромна нова граница и отклучува ризница од досега недопрени природни ресурси, нови трговски патишта и стратешка надмоќ.

Но зошто е важен Арктикот?

Арктикот, некогаш само ледена дивина, брзо станува жариште на геополитички маневри, првенствено поради неверојатните природни ресурси скриени под неговата замрзната површина.

Американскиот геолошки институт проценува дека Северниот пол содржи 90 милијарди барели нафта, или околу 15 отсто од неискористените конвенционални ресурси на црното злато во светот, како и околу 40 милијарди барели природен гас, што е околу 30 проценти неискористени конвенционални извори на тој извор на енергија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.