дома блог страница 968

Еве како се гради соживот! На првиот меч во ММА, Самир Садиков ги развиори двете знамиња, и македонското и албанското (ВИДЕО)

На неговиот прв меч во ММА кој во саботата се одржа во Рим, Самир Садиков од велешко Горно Јаболчиште, им одржа лекција на голем број политичари.

Во рингот се појави во двете знамиња, македонското и албанското, и двете ги развиори и покажа дека е горд и на државата во која е роден и на државата од која води потекло.

Дечкото плус забележа победа, па нека му се множат успесите и во иднина! Секоја чест!

@the_king_sama

#alhamdulillah #macedonia #albanian #shkupi #fighter #shqipe #mma #cagewarriors162

♬ original sound – SAMA

60-тина ученици од прилепските средни училишта учествуваа на денешниот шаховски турнир (ФОТО)

Денес во просториите на СОУ „Орде Чопела“ се одржа турнир во шах, во организација на Шаховскиот клуб „Прилеп“, со поддршка од Општина Прилеп, а на кој што учество зедоа околу 60 учесници од средните училишта.

Турнирот беше дел од програмата за одбележување на 3-ти Ноември-Денот на ослободувањето на Прилеп.

Програмата за одбележување на празникот продолжува утре, со положување цвеќе на спомен обележјата во градот, Државно првенство во пинг-понг за средношколци (почеток 10ч во спортската сала на СОУ “Ѓорче Петров”), ликовен хепенинг на Ротари клубот (почеток 11ч. Арт плоштад), изложбата “Прилеп низ стари фотографии” (почеток 18ч. НУЦК Марко Цепенков), а празнувањето ќе заврши со свечена седница на Советот и доделување на третоноемвриските признанија во 19ч.

45.000 за магационери и 60.000 ден. за возачи – КАМ се пофали со платите на своите вработени

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари.

За септември 2023 година, КАМ на своите вработени им исплати бруто плати во износ од над еден милион евра.

Во текот на оваа година, КАМ двапати ги зголеми платите на секторите Логистика и Продажба, така што од јули годинава нето платата во сектор Продажба се зголеми до 31.000 денари за касиери, до 41.000 за раководители на маркети, додека од август за вработените во Логистика исплаќа нето плати до 45.000 денари за магацински работници и до 60.000 денари за возачи.

– Постојано вложуваме во своите вработени, а показател за тоа е фактот дека имаме постојани обуки за професионален развој на вработените, како и зголемување на платите и бенефициите. Грижата за нашите луѓе е заснована на нашите вредности, бидејќи само на тој начин може да го дадеме својот максимум. Се разбира, ова се рефлектира и во услугата што ја даваме на лојалните потрошувачи. Секој ден размислуваме како да се искачиме едно скалило повисоко и се надеваме дека тоа е приказната која ќе продолжиме и понатаму да ја градиме. Секако, стабилно и со стратегија која ќе биде соодветна за целиот тим – велат од менаџерскиот тим на КАМ.

Неодамна КАМ ја прошири и листата на бенефиции – го зголеми регресот за годишен одмор и воведе платено колективно осигурување за сите свои вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработените чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.

Владиката Петар во недела ќе чиноначалствува со Света Архиерејска Литургија во Стара црква

ИЗВЕСТУВАЊЕ од црковниот храм Св. Благовештение (Стара црква):

Браќа и сестри, со радост ве известуваме, дека во недела на 5ти Ноември, во нашиот храм ќе се одржи СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, нашиот Митрополит г. Петар, во сослужение на други архиереи (владици) од соседните сестрински помесни цркви и бројно свештенство. Да се помолиме заедно и да ги примиме Христовите дарови.

(ВИДЕО) Како се трансформираше Мерцедес – од 1900 до 2020 година

Трансформацијата на Мерцедес од 1900 до 2020 година:

Огромна риба извадена од водите на езерцето во Градскиот парк во Скопје (ВИДЕО)

Денеска од водите на езерцето кај кафе бар “Централ Парк”, во Градскиот парк во Скопје, бил изваден огромен примерок риба, од видот тoстолобик.

Според коментарите на социјалните мрежи, рибара тежела над 15кг, а риболовците откако се фотографирале, ја вратиле во водите на езерцето.

73-годишен прилепчанец во нивата пронашол граната, во исто време пронајдени гранати и при изведување градежни работи во Битола

Oд дневниот билтен на МВР

-На 01.11.2023 околу 10.00 часот во ОВР Прилеп, Б.Н.(73) од Прилеп пријавил дека во неговата нива на место викано Долно Садово, прилепско, пронашол артилериска граната калибар 75 мм и едно панцирно зрно од Првата светска војна. =

-На 01.11.2023 во 10.04 часот во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола биле пронајдени две рачни гранати калибар 60 мм од Првата светска војна.

Од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување, експлозивните направи биле подигнати за понатамошна постапка – стои во известувањето од МВР.

Ламбе: “На клуб со име на докажан фашист, каков што бил Ванчо Михајлов, не му е местото во срцето на Битола”

Во Основниот суд во Битола во понеделникот се одржа првото рочиште против Љупчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Георгиевски е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Според сведокот на рочиштето, македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски, во срцето на Македонија, во Битола, не смее да има клуб со име на докажан фашист каков што беше Ванчо Михајлов, за што бранителот на Ѓоргиевски, адвокатот Насер Рауфи, истакна дека сведокот е недоличен, пироман, човек кој го опожари клубот во Битола.

На првото судско рочиште битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски се изјасни дека не се чувствува виновен.

Второто судско рочиште е закажано за 18 декември кога како сведоци на одбраната ќе бидат сослушани, Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, а Основното јавно обвинителство како сведок го предложи Горан Садикарио.

Мирчевски го набрка од студиото Рамадани, советникот на премиерот Ковачевски

Екс пратеникот и долгогодишен политичар Исмет Рамадани вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 и ја обвини телевизијата дека пропагира етничка дискриминација на Албанците.

На ваквите негови наводи жестоко се спротивстави директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, кој се вклучи во емисијата и му порача дека е крајно неприфатливо што воопшто помислил нешто такво. Мирчевски рече дека телевизијата е отворена за сите националности, дека Албанците на ниеден начин не биле дискредитирани.

„За мене во Македонија сите се Македонци, затоа што сите сме граѓани на Македонија. Етничката припадност ниту мене, ниту на некој друг во Канал 5 не е приоритет“, рече Мирчевски.

Експресно реагираше МАН, од каде излегоа со поддршка на Канал 5.

Може ли и во Прилеп вака? Советот во Карпош изгласа, секој понеделник во училиштата ќе почнува со македонската химна!

Советот на Општина Карпош изгласа македонската химна да се интонира и во основните училишта и на територијата на оваа локална самоуправа.

Претходно, ваква одлука донесоа и скопските општини Аеродром и Гази Баба, со цел кај децата од мали да им се развие љубовта кон татковината.

Химната ќе се интонира секој понеделник, пред почетокот на наставата.