дома блог страница 969

Ламбе: “На клуб со име на докажан фашист, каков што бил Ванчо Михајлов, не му е местото во срцето на Битола”

Во Основниот суд во Битола во понеделникот се одржа првото рочиште против Љупчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Георгиевски е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Според сведокот на рочиштето, македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски, во срцето на Македонија, во Битола, не смее да има клуб со име на докажан фашист каков што беше Ванчо Михајлов, за што бранителот на Ѓоргиевски, адвокатот Насер Рауфи, истакна дека сведокот е недоличен, пироман, човек кој го опожари клубот во Битола.

На првото судско рочиште битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски се изјасни дека не се чувствува виновен.

Второто судско рочиште е закажано за 18 декември кога како сведоци на одбраната ќе бидат сослушани, Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, а Основното јавно обвинителство како сведок го предложи Горан Садикарио.

Мирчевски го набрка од студиото Рамадани, советникот на премиерот Ковачевски

Екс пратеникот и долгогодишен политичар Исмет Рамадани вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 и ја обвини телевизијата дека пропагира етничка дискриминација на Албанците.

На ваквите негови наводи жестоко се спротивстави директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, кој се вклучи во емисијата и му порача дека е крајно неприфатливо што воопшто помислил нешто такво. Мирчевски рече дека телевизијата е отворена за сите националности, дека Албанците на ниеден начин не биле дискредитирани.

„За мене во Македонија сите се Македонци, затоа што сите сме граѓани на Македонија. Етничката припадност ниту мене, ниту на некој друг во Канал 5 не е приоритет“, рече Мирчевски.

Експресно реагираше МАН, од каде излегоа со поддршка на Канал 5.

Може ли и во Прилеп вака? Советот во Карпош изгласа, секој понеделник во училиштата ќе почнува со македонската химна!

Советот на Општина Карпош изгласа македонската химна да се интонира и во основните училишта и на територијата на оваа локална самоуправа.

Претходно, ваква одлука донесоа и скопските општини Аеродром и Гази Баба, со цел кај децата од мали да им се развие љубовта кон татковината.

Химната ќе се интонира секој понеделник, пред почетокот на наставата.

Преполна сала за годишниот концерт на прилепските фолклорни амбасадори, КУД “Мирче Ацев” (Фото галерија)

Како дел од програмата за одбележување на 3-ти Ноември – Денот на ослободување на Прилеп, синоќа во Центарот за култура “Марко Цепенков”, КУД “Мирче Ацев” го одржа својот традиционален годишен концерт.

Преполната сала пулсираше во духот и звукот на македонскиот мелос и традиција. Преубава атмосфера од која вредеше да се биде дел.

Гости на “Мирче-Ацевци” им беа октетот “Прилеп” и естрадната пејачка Елена Јовческа.

Чест и задоволство беше да се гледаат нашите прилепски и македонски фолклорни амбасадори. Да им посакаме сите заедно уште многу успешни концерти и настапи, како во земјава, така и во странство.

Битолчанец ќе биде кандидат за градоначалник на Белград

Познатиот белградски адвокат со македонско потекло и член на Претседателството на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Тома Фила, ќе биде кандидат на СПС за градоначалник на градот Белград на изборите што треба да се одржат на 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград.

На изборите во 2022 година, Тома Фила исто така беше кандидат за градоначалник на Белград на СПС и до овие избори беше пратеник во собранието на град Белград.

Фила е роден на на 29 јули 1941 во Битола, а неодамна беше во посета на градот на конзулите, каде оставри средба со стипендистите на фондацијата “Тома Фила“, која функционира во рамки на Универзитетот “Св.Климент Охридски”.

„Кажи не на дрогата, да на животот“ – MВР одржа екукативни предавања во две училишта во Прилеп и Крушево

Денеска (01.11.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола се реализирани неколку превентивни активности, односно на подрачје на Прилеп и Крушево, во средните училишта „Орде Чопела“, и „Наум Наумовски Борче“ се одржаа едукативни работилници посветени на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи не на дрогата, да на животот“.

Во рамки на работилниците средношколците беа запознати како со облиците и последиците од врсничкото насилство така и со последиците коишто произлегуваат од користењето и трговијата со дрога.

Во текот на денов, и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во централното подрачје на Битола реализираа превентивни активности во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот на тема – „Не користи алкохол кога возиш“ при што на возачите им беше укажувано на опасностите при управување возило под дејство на алкохол и санкциите што произлегуваат од таквото незаконско постапување.

Полициски службеници од Полициското одделение Новаци, пак, реализираа превентивна активност на подрачјето на Новаци во делот на заштитата од кражби и измами и во рамки на тие активности на граѓаните покрај совети и препораки им беше поделен и едукативен информативен материјал.

(ФОТО/ВИДЕО) ВНИМАВАЈТЕ! Опасен одрон на ПЛЕТВАР!

Опасен одрон на планинскиот превој Плетвар. Возачите кои вечерва наишле на истиот предупредуваат на социјалните мрежи да се вози внимателно.

Приведен 31-годишен прилепчанец, нападнал полициски службеник

На 31.10.2023 на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.И.(31) од Прилеп затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Утрово во жална Македонија: Полиција блокираше брза помош, за да помине политичар во службено возило

Новинарот Мартин Богатиноски на својот ФБ профил напиша за една жална ситуација, на кој бил сведок утрово на улица “Партизанска” во Скопје.

Неговиот ФБ статус го објавуваме во продолжение:

-Утрово, на крстосница на Партизанска во Скопје, се слушнаа две сирени: возило на Брза помош од едната страна и полициско возило кое му го расчистува патот на луксузното возило на некој политичар, од другата страна.

И нормално, полицијата, ни две ни три, му го блокираше патот на возилото на Брза помош кое иташе да спаси нечиј човечки живот, и по брза постапка му го расчисти патот на политичарот кој иташе да си го испие своето прво утринско кафе на удобната фотелја.

Толку треба да знаеме за приоритетите во државава.

Горчливата комедија “Aудиција”, во петок во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Горчливата комедија „Аудиција“, која говори за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината, во петок (03.11.2023) во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“.

Почетокот на претставата е од 20:00ч, а влезници можете да резервирате на тел.бр. 076/442-378.

Дојдете и гледајте ја новата претстава на театарот во режија на Владимир Милчин.