дома блог страница 967

Фатен прилепчанец кој украл три автомобили

Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11) го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”.

Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило.

По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, “одземање на патничко моторно возило”.

Јовчески: Асфалтиравме 12км улици, продолжуваме понатаму со уште поинтензивно темпо

По повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, делегација на Општина Прилеп предвоена од градоначалникот Борче Јовчески, на Советот на oпштината, претставици на политички партија, на АРМ, здруженија на граѓани и на боречката организација, положија свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу, Могилата на непобедените и спомен обележјето кај месноста Песјобрдце.

Градоначалникот Јовчески го честиташе празникот на прилепчани, а зборуваше и за дел од проектите кои се реализираат во моментов.

Јовчески потенцираше дека во моментов се работи на рехабилитација на влезот во градот од страната на Битола, а спомна дека досега општината во неговиот мандат асфалтирала и рехабилитирала 12км улици.

Тој рече дека општината продолжува да работи со истото темпо и во иднина.

Нема одмор за полицијата во Битола: Вчера четворица битолчани завршија со лисици на рацете

На 02.11.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода М.М.(37), М.А.(35), М.А.(33) и И.А.(53), сите од Битола.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пари во различни апоени.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

ЦУК: Пожарникари од Битола го изгаснаа вчерашниот пожар кај Лажани

Изминатото деноноќие имало два пожари на оворено и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови во Општина Битола, кај село Лажани каде што горела ниска вегетација и во Општина Василево, кај село Доброшинци каде што горело стрниште, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според последниот извештај за работата на Единствениот број за итни случи 112 во ЦУК имало вкупно 1.558. Од делот повици за итни случаи кон Полицијата биле упатени 55 отсто, кон Итната медицинска помош 37 проценти, а кон пожарникарите (ППЗ) 3 отсто.

-Преостанатиот дел повици, што е вообичаено од три до 10 проценти, се однесува на итни случаи коишто има потреба да се решаваат со комбинирани сили на теренот и ги решава ЦУК координирајќи според природата на пријавениот случај, ангажман на институции од Системот за управување со кризи (СУК) во државата, се наведува во соопштението од ЦУК.

Од ЦУК посочуваат дека во одредени случаи координираат итни ситуации и со институции од соседни и други земји бидејќи, како што велат, итните случаи, непогодите и катастрофите не познаваат граници.

Македонците во Грција пеат: Никогаш северна, една земја имам јас мила Македонија (ВИДЕО)

Познато е дека македонците во Грција постојано пеат македонски патриотски песни а најновото видео што доаѓа од македонска шрослава таму почнува со песната која вели дека северна нема да ја биде затоа што тие имаат една земја која се вика Македонија.

Никогаш нема да е северна, една земја имам јас моја Македонија, се пее во македонското село Крива во близина на Кукуш во Егејска Македонија.

Момироски: Има три табори во ОО СДСМ Прилеп, два “ПРОТИВ” и еден “ЗА” Цакио

Во најновата колумна за порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Момироски се осврна и на состојбите во ОО СДСМ Прилеп и поделеноста на табори во оваа општинска организација на владеачката партија.

-НЕ Е ВЕСТ ДЕКА НА ПОСЛЕДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ СОБИР НА СДСМ ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ДИМИТРИЈА“ БЛИЗУ СЕЛЦЕ МЕЃУ СИМПАТИЗЕРИТЕ ПОДДРЖУВАЧИТЕ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА БЕШЕ НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО НА ЧЕЛО СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРТИЈАТА И АКТУЕЛЕН ПРЕМИЕР ДИМИТАР КОВАЧЕСКИ. ВЕСТА КОЈА СЕ КРИЕ КАКО ШТО „ЗМИЈА СИ ГИ КРИЕ НОЗЕТЕ“ Е ШТО ТАМУ КОНЕЧНО ВИСОКИТЕ ПАРТИСКИ РАКОВОДИТЕЛИ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ДЕКА ВО ОВОЈ НАШ ПРИЛЕПСКИ СДСМ, ЗА НЕКОИ СО ГОДИНИ САМО СОПСТВЕНО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО, НЕШТО НЕ ,,ШТИМА“!!! СЕГА ВО ЦЕНТРАЛАТА НАВОДНО СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ТОА КАКО ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ И ДА СТАВИ КАКОВ, ТАКОВ РЕД, ПРЕД ИЗБОРИ. НО И НАЧИНОТ КАКО ДА СЕ ЗАМЕНИ СЕГАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО. УПАТЕНИ ОД НАЈВИСОКИОТ ПАРТИСКИ ЕШАЛОН ВЕЛАТ: АКО ДОЈДЕ ДО СМЕНА ПРВАТА И НАЈДОБРА МОЖНОСТ Е СО ОПРАВДУВАЊЕ : ЦАКИО KAKO ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ Е ПРЕЗАФАТЕН. ДЕМЕК ЧОВЕКОТ ИМА ОДГОВОРНА РАБОТНА ОБВРСКА, А КОМБИНАТОТ Е ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА. ПА ПОРАДИ ТОА ШЕФ НА ОПШТИНСКИОТ ИЗБОРЕН ШТАБ ДА БИДЕ ПОСТАВЕН ДРУГ. ТОЈ ДРУГ БИ ГО ПОНЕСОЛ ЦЕЛИОТ ТОВАР И ПРЕДИЗВИК. ПОРАДИ ОВИЕ СОСТОЈБИ ИМА И ТАБОР КОЈ Е ЗАСТАНАТ ВО ОДБРАНА НА ПАЧЕШКОСКИ И ПО ЦЕНАТА НА КРАЈНИОТ РЕЗУЛТАТ ВО ПРИЛЕП ОД ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. НО ПОСТОИ ЕДЕН ДРУГ ТАБОР, КОЈ, ИАКО Е СО ЦАКИО, НЕ СЕ СЛОЖУВА И НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД СЕГАШНАТА НЕГОВАТА ПАРТИСКА РАБОТА. А ПОСТОИ ЕДЕН ТРЕТ ТАБОР, КОЈ Е ЕКСПЛИЦИТНО ПРОТИВ И САКА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ВЕДНАШ ДА БИДЕ ЗАМЕНЕТ СО ДРУГ. ВО ОВИЕ КОМБИНАТОРИКИ МНОГУ МАЛКУ СЕ ЗНАЕ КОИ ОД НЕЗАДОВОЛНИТЕ ОД СДСМ, КОИ ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА СЕГА МОЛЧАТ, ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ЌЕ СЕ ПРИДРУЖАТ КАЈ ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА МАКСИМ. ЕДЕН ДОБРО УПАТЕН ВО ОВАА РАБОТА КОЈ ИНСИСТИРА НА АНОНИМНОСТ ОД ПОЗНАТИ ПРИЧИНИ, ВЕЛИ: ДЕКА ПРИЛЕПСКИОТ ЧЕЛНИК НА ОВА ДВИЖЕЊЕ ЕМИЛ ЈАНЕСКИ ВО КАФИЌ УВЕРУВАЛ ДЕКА НАВОДНО ИМАЛ ВЕТУВАЊЕ ОД ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ –МУЦЕТО ДЕКА ЗАД ОВИЕ ПРИЛЕПСКИ ЧЛЕНОВИ И ПОДДРЖУВАЧИ ЌЕ ЗАСТАНЕ СО ЦЕЛИОТ СВОЈ АВТОРИТЕТ И КРЕДИБИЛИТЕТ. КОЛКУ ВО СЕТО ОВА ИМА ВИСТИНА ЌЕ ПОТВРДИ ИЛИ ЌЕ ДЕМАНТИРА ВРЕМЕТО – пишува Момироски.

Сугарески ја напушта привремено локалната самоуправа, ќе работи во интерес на Македонија – Еве каде

Пратениците во Собранието ќе гласаат по одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Маркукуле дознава дека одлуката е веќе изготвена, а меѓу избраните членови е и Горан Сугарески.

Комисијата брои 11 членови, а на огласот беа пријавени 35 лица. Интересно е тоа што покрај Сугарески, за член е избрана и Даниела Бочварска, инаку прва братучетка на актуелниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски.

Инаку Сугарески е поранешен советник во советот на општина Прилеп, пратеник, координатор на пратеничка група, министер за транспорт и врски, директор на Царинската управа, а беше и кандидат за градоначалник на Прилеп на последните локални избори.

Aкадемик, д-р Валентин Мирчески oдржа “Академски час” и ги воодушеви своите прилепчани

Како дел од програмата за одбележување на 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилпе, синоќа во собраниската сала на општина Прилеп, свое предавање имаше Академик, проф д-р Валентин Мирчески.

Мирчески кој е професор по хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на својот ,,Aкадемски час” зборуваше за почетокот на универзумот, поврзувајќи ја својата област – хемијата со суштината на светот, како нераздвоен дел од универзумот.

Присутните, во преполната сала имаа одлична можност да слушнат и да научат многу од областа на природните науки, а проф Мирчески успеја сето негово предавање да го долови со едноставни примери и да ги воодушеви присутните.

Академик, д-р Мирчески е добитник на една од третоноемвриските награди за животно дело, која вечерва ќе му биде доделена на свечената седница на Советот.

Минатата година, кога проф. Мирчески беше избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, имавме чест преку интервју разговор да дознаеме повеќе за неговите достигнувања.

Интервјуто можете да го проследите на линкот во продолжение:

Интервју со Проф. д-р Валентин Мирчески, еден од најголемите амбасадори на Прилеп и нов Академик на МАНУ

Приведен 36-годишен битолчанец кој нападнал и ограбил баба

На 02.11.2023 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(36) од Битола. Тој се сомничи дека околу 10.10 часот во Битола физички ја нападнал В.В.(73) од Битола и ѝ одзел чанта со пари.

Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Битола, при што било пронајдено одземеното и било вратено на сопственичката.

Лицето било приведено и задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Историска ретроспектива – Текот и акцијата за ослободување на Прилеп, еве каде се воделе најжecтоките бopби

Во деновите што му претходеле на ослобудувањето и конечното изгонување на германскиот и бугарскиот окупатор од територијата на Прилеп, претходеле жестоки борби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци македонскиот народ речиси целосно сам го избркал непријателот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното упориште и во овој дел на историјата, нескршливоста и упорноста на прилепчани била главниот бедем со кој се соочил непријателот.

Имено во овие денови во Прилеп распоредот на германските сили бил следниот: 600 војници и офицери во касарната, северно од неа 2 топа и 5 митралески гнезда. Кај месноста “Садика”, од едната страна на реката 2 тешки митралези, а од другата уште 3.

На Брдо, под пиварата, 3 топа противавионски и една чета Германци кај железничката станица.

На “Црвени Брегови”, на излезот кон Битола 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба да на 28/29 октомври 41 и 49 девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на XI бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон го започнал нападот, но германските сили ги збиле своите редови и го одбиле првиот и вториот јуриш. По четириесет часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бргадата се држела добро и пружала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле потпомогнати и од артилериско оружје, а нашите трупи иако биле со малку муниција го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун, за веднаш потоа сите сили ги упатат повторно кон Плетвар каде и успеале да направат продор помеѓу позициите на XI бригада. Но обидите биле спречени од страна на Штабот кој издал наредба V бригада да изврши напад од кај касарните и да го пресечи патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември започнал и последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели откај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишки мост. Тоа е последната акција за Прилеп и оттогаш градот живее слободно.

Во последните два дена треба да се напомене дека Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4ти ноември.

ВЕЧНА НЕКА ИМ Е СЛАВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ, ПРИЛЕП ПАМЕТИ И ДОСТОЈНО СЕ СЕЌАВА НА СЕКОЈ ОД НИВ.