Во интерес на клиентите, а со цел да се испочитуваат законските обврски, “Авто Контрол” утре (недела) ќе работи и ќе можат да се подигнат налепници со ознаката “НМК”

Со цел излезат во пресрет на граѓаните, особено на оние кои имаат неодложни патувања за надвор од Македонија, како и за фирмите на кои превозот на стока и патници им е примарна дејност, компанијата “Авто Контрол” од Прилеп, утре 11.02.2024г. (недела), ќе работи од 10 до 16 часот, па сите оние кои имаат потреба ќе можат да подигнат налепници со ознаката “НМК”.

Како што веќе е познато, сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код МК, заклучно со 12 февруари треба да ги заменат со новиот код НМК, нешто што беше договорено со Преспанскиот договор.

Налепниците доцна попладнево пристигнаа во станиците за технички преглед, па “Авто Контрол” како општествено одговорна компанија, излегува во пресрет на граѓаните и своите клиенти.

Првично требаше да има целосно менување на табличките, кое што ќе чинеше околу 60-тина евра, но по критиките од јавноста од МВР осмисли решение да има налепници врз постоечките таблици, а тие ќе бидат бесплатни за граѓаните на товар на МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.