дома блог страница 946

Maлолетник од Битола со “Голф” удрил во дрво и две паркирани возила

Денеска (15.01.2024) во 04.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Битола, удрило во дрво и две паркирани патнички моторни возила „бмв“ и „форд“, двете со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,387%, кај дизелот зголемување за 1,583%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,420% и кај мазутот зголемувањето е за 0,842%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,419%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,424 ден/кг и сега изнесува 41,941 ден/кг.

Од 16.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,941 (денари/килограм)

Претрес на приватни факултети поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи

Припадници на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи.

Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на Судот на Босна и Херцеговина, а од приватните факултети во Мостар се одземаат документи и сомнителни студентски досиеја, соопшти СИПА.

Привременото одземање на документација се врши поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривични дела „Организиран криминал“, „Недозволена трговија“ и „Перење пари“, како и „Злоупотреба на положба или овластување“, „Фалсификување или уништување службена исправа“.

(ФОТО) Прилепчанец со “Бе-Ем-Ве” се заби во зелениот појас на булеварот “Гоце Делчев”

На 14.01.2024 во 09.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(36) од Прилеп, удрило во ограда од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Трамп: Ќе спречам трета светска војна

Светот никогаш не бил толку блиску до избувнувањето на Третата светска војна, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп обраќајќи им се на своите поддржувачи во Ајова.

„Мислам дека никогаш не сме биле во таква опасност од трета светска војна како што сме сега. И како што велам во секој говор, ќе ја спречам третата светска војна, ги познавам сите овие луѓе“, рече тој, пренесува РИА Новости.

Според политичарот, САД под управата на неговиот наследник Џозеф Бајден станале „слаба и неефикасна држава“ чие мислење не се зема предвид на светската сцена.

„Бајден е крајно неспособен. Единственото нешто во што е добар е мамењето на изборите. Тие (демократите – уред.) се добри во лажирање изборни резултати, а исто така се одлични и во прогонот на нивните политички противници. Нема ништо друго што можат да направат “ – нагласи поранешниот американски претседател.

Трамп тврдеше дека Третата светска војна, доколку започне, нема да биде вообичаено бојно поле меѓу армиите и воената опрема на двата противници.

„Ова воопшто не е исто како Првата и Втората светска војна. Тоа беше страшно, но оваа ќе биде многу поголема, ќе има уништување“, додаде политичарот.

(ФОТО) Казино “ВЕГАС” во Прилеп прослави прв роденден

Веќе една година прилепчани имаат шанса да си ја пробаат среќата во еден поинаков амбиент. КАЗИНО ВЕГАС викендов прослави 1 година постоење во градот под Марковите Кули. Роденденот го прославија со сечење на роденденска торта и голем број изненадувања за играчите.

ВЕГАС КАЗИНО е единственото место каде љубителите на слот игри имаат можност да се забавуваат, а истовремено да освојат некој од вредните џек потови, кои само таму растат со неверојатна брзина.

ВЕГАС КАЗИНО нуди еден куп изненадувања, особено во викендите, кога играчите можат да освојат некој од вредните бонуси кои се паѓаат на секој час.

Среќен роденден на КАЗИНО ВЕГАС, а вие играјте со стил и играјте ОДГОВОРНО!

СДСМ: Направивме европско здравство

СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството, со капитални инвестиции во објекти и опрема, како и со покачување на платите на здравствените работници – велат од владеачката партија.

Во продолжение интегрален текст од соопштението:

Само изминатите неколку денови во употреба се пуштени голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата.

Скопската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ.

Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника.

На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала. Со инвестиција од 15.000.000 денари, средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување и од донации, се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20% на годишно ниво, а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа.

Новата Клиника во Козле, од институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво.

Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и Одделот за педијатрија во Општа Болница Гостивар.

Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра.

Од друга страна СДСМ ги покачи платите за здравствените работници и лекарите.

Реформите и инвестициите во здравство се еден од најважните приоритети, а тој процес не застана ниту во време на најголемата светска здравствена и економска криза.

СДСМ продолжува со унапредување на здравството, за подобри услови за лекување на граѓаните.

„Длабоко сме повредени од богохулноста и непристојното исмевање на Господ“ – Бигорскиот манастир бара извинување

Бигорскиот манастир бара извинување од организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што пишуваат, исмевањето на Господ.

„Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина. Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани. Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи, и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд. По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар“, се вели во реакцијата од Бигорскиот манастир.

(Видео) Најскапиот оброк во животот: Kуче изело 4.000 долари

Сопственикот Клејтон оставил пари на шанкот во кујната и половина час подоцна го нашол својот миленик како ужива во најскапиот оброк во својот живот. Сопствениците повикале ветеринар, кој ги советувал да го надгледуваат кучето, а кога Сесил почнал да го исфрла она што го изел, тие се обиделе да ги залепат уништените банкноти.

Имено, тие пари ги издвоиле за реновирање во куќата, но нивниот миленик успеал да ги најде, пренесува CBS Pittsburgh.

За среќа, повеќето од залепените банкноти успеале да ги разменат во банката, но сепак изгубиле околу 450 долари.

Отец Љупче Петрески: Св. Василиј не бил бурекџија, туку СВЕТИТЕЛ, а светците кај нас се чествуваат во црква

Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески

-СВ. ВАСИЛИЈ НЕ БИЛ БУРЕКЏИЈА
Зошто православните вртат бурек(лепче) со паричка на Василица? Од верски побуди и во чест и спомен на СВЕТИ Василиј Велики, нели?

Е па тогаш, убаво е да се знае дека Василиј Велики не бил бурекџија ами СВЕТИТЕЛ, а светителите во православната црква се чествуваат така што, верниците одат на богослужба во храмовите.

Вртењето бурек или лепче со паричка е убава традиција од преданието на Црквата и треба да се зачува, но ја губи смислата ако верните не присуствуваат на богослужба.

Патем, автор на денешната Литургија е токму Свети Василиј Велики и се служи само десетина пати во годината.

И сега, вртевте бурек во спомен на СВЕТИТЕЛОТ Василиј Велики или на Васил бурекџијата?