Во сабота сите во сала! Мега Баскет во Прилеп го дочекува Шкупи!

Екипата на Мега Баскет од Прилеп во сабота е пред нов предизвик во Втората кошаркарска лига. Во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” гостува третопласираната екипа на Шкупи, еден од главните фаворити според досегашните резултати за пласман во најелитното кошаркарско друштво кај нас.

Прилепчани ветуваат одлична игра и мотивираност за добар резултат, а за тоа секако ќе им биде потребна помош од домашната публика.

Досега Мега баскетџиите забележаа пет триумфи и девет порази, и со 19 освоени вода се на добар пат да обезбедат опстанок во овој ранг на натпреварување.

Натпреварот од петнаесеттото коло против Шкупи, се игра со почеток од 19:15ч. Да ги поддржиме нашите момци и да ја наполнеме трибината во “Добре”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.