дома блог страница 939

Се заканувал дека ќе го убие: Уапсен маж кој на социјалните мрежи пишувал за атентат врз Вучиќ

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, специјалното одделение за високотехнолошки криминал, уапсен е мажот кој му се заканувал на Александар Вучиќ.

На социјалната мрежа Х се заканувал дека ќе го убие.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за корисник на мрежата по име О.С, кој на таа социјална мрежа напишал „Атентат, реално, би бил благословен“, како коментар на објавата „целата програма на опозицијата може и мора да се намали до еден момент: апсењето на Александар Вучиќ“.

Проблеми во рајот: Просечната плата во ноември се намалила за 484 денари

Државниот завод за статистика објави дека просечната нето-плата во ноември изнесувала 38.359 денари, а тоа значи дека е помала за дури 484 денари во однос на октомврискиот републички просек кога изнесувала 38.843 денари. За разлика од месечното намалување кое е 1,2 проценти, на годишно ниво имало номинален раст на просечната плата од 16,2 проценти, или за 5.384 денари, затоа што во ноември 2022 година просечната нето-плата била 33.011 денари.

Со вкалкулирана инфлација, Државниот завод за статистика пресметал дека ноемвриската плата е уште повеќе намалена во однос на октомвриската, односно за 1,4 проценти. Инфлацијата изеде дел и од номиналниот раст на платите на годишно ниво, па со пресметана инфлација тие се зголемиле за 12,7 проценти.

Статистичарите пресметаа дека годишниот раст на платите се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22,0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,0 %), Рударство и вадење на камен (5,9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6 %).

Николоски реизбран за потпретседател на групата на ЕНП во Советот на Европа: Ќе продолжам да се залагам за интересите на Македонија

-Тоа се проминентни политичари кои што доаѓаат од држави како Германија, Италија, понатаму, тука е Норвешка и Полска што значи е еден навистина престижен избор кој што само покажува што треба да правиме во следниот период и на каде треба да се движи политиката и на мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија, рече тој.

Во Стразбур се одржува редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа и ја имам честа да бидам реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија, тука во Советот на Европа. Оваа позиција за извршував и во изминатите две години, а денес ја добив поддршката од членовите на Европската Народна Партија и во следните две години да бидам потпретседател на Европската Народна Партија во Советот на Европа, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е и огромна чест и огромна привилегија, имајќи предвид дека се работи за најголемото политичко семејство во Европа, кое што има пратеници и во Советот на Европа и во Европскиот Парламент, најголем дел од претседателите и премиерите на замјите членки на Европската Унија доаѓаат токму од Европската Народна Партија. Исто така и претседателката ка Европската Комисија доаѓа од Европската Народна Партија.

Ова е, исто така, и една потврда и поддршка и за Македонија како и за мојата политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ која што е член на Евопската Народна Партија. Во следните две години ќе продолжам да се залагам за заштита на човековите права, на малцинските и на јазичните права на сите оние на кои што им се загрозени, особено на Македонците кои што живеат во Бугарија, во Грција и во Албанија кои што немаат признати малцински јазични права“ – посочи тој.

Николоски истакна дека ќе продолжи да се залага за интересите на Македонија и ќе се обиде оваа позиција да ја искористи најдобро можно.

-Она што претставува дополнителна привилегија и чест е што, покрај мене, избрани се уште пет други политичари на оваа позиција како потпретседатели на Европската Народна Партија во Советот на Европа. Тоа се проминентни политичари кои што доаѓаат од држави како Германија, Италија, понатаму, тука е Норвешка и Полска што значи е еден навистина престижен избор кој што само покажува што треба да правиме во следниот период и на каде треба да се движи политиката и на мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија, рече тој.

Општината набави униформи за сите 5460 ученици

Обезбедени се бесплатните униформи за сите 5460 ученици од Кисела Вода – напиша на ФБ градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

ФБ статусот во целост го пренесуваме во продолжение:

-Денес, на првиот ден од второто полугодие започнавме да ги доставуваме бесплатните униформи до сите наши ученици, во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода.

Оваа мерка е уште еден од чекорите за обезбедување еднакви можности за сите деца и овозможување на позитивен детски развој.

Униформите ќе создадат рамнотежа и единство меѓу учениците, независно од финансиските можности на нивните родители. Овозможувајќи бесплатни униформи за сите, го намалуваме ризикот од дискриминација и креираме рамка каде сите ученици се почитуваат и прифаќаат.

Се одлучивме секое училиште да има различна боја на униформа, со што креираме заеднички идентитет за учениците и го поттикнуваме чувството на припадност кон сопственото училиште.
На овој начин ги подигнуваме и безбедносните стандарди во училиштата.

Препознатливоста на униформата го прави веднаш воочливо присуството на лица кои не се дел од тоа училиште, со што се прави превенција од несакани ризици.

Покрај бесплатните униформи за сите ученици и оваа учебна година обезбедивме ранче за секое прваче, а бројни се и проектите за финансиска поддршка на учениците од социјален ризик-бесплатни ужинки, курсеви и спорт, како и бесплатно летување.

Образованието претставува столб на нашето општество и ние како локална самоуправа ќе продолжиме со инвестиции во образовните институции што дополнително ќе ги зголемат можностите и перспективите за нашите ученици!

Влогот во најмладите е влог во иднината!

Прилеп и Битола и утрово најстудени градови во Македонија

Утрово најниска температура од -16 степени е измерена во Берово и Битола. Следат Тетово и Прилеп со -13 степени, -12 во Демир Капија, -11 Скопје-Петровец и Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор и Гевгелија, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран и 0 степени на Попова Шапка.

Највисока снежна покривка има во Маврови Анови – 17 сантиметри, 15 во Битола, Дебар, Попова Шапка, 12 Берово, Ѓуриште, 11 Крушево, 7 Тетово, Охрид, 6 Демир Капија, 2 Претор, Прилеп, Струмица и 1 сантиметар во Штип.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Го избирате “ГЕРМАК” и проблемот со дограмата и вратите ви е решен за цел живот (Фото галерија)

Вложувањето во квалитетна дограма во денешно време е пред се спас од високи сметки за електрична енергија, а за прилепчани најчесто тоа е инвестиција која значи домаќинлук. Прашањето секогаш е кому да му се даде довербата, кој нуди поевтини цени и квалитет и кој најбезболно ќе ви го реши проблемот со дотраената надворешна столарија.

Ако ги прашате прилепчани, особено оние кои веќе се увериле, ќе ви речат да се обратите во “Гермак Дизајн”, една од најдобрите специјализирани фирми за производство и монтажа на ПВЦ и алуминиумска столарија.

Енергетско ефективните ПВЦ и алуминиумски прозори и врати кои ги нуди “ГЕРМАК”, во изминатите години станаа прозорец кон светот за голем број домаќинства, не само во Прилеп, туку и ширум државата.

Покрај тоа компанијата располага со сите видови на термопан стакла, ролетни, гаражни врати, роло врати, жалузини, завеси, секакви видови на комарници и парапетни даски. За сите производи од “ГЕРМАК” гарантираат за квалитетот, а целта секогаш е задоволни муштерии кои ќе го шират позитивниот глас.

Нивните ПВЦ профили се со високи стандарди кои на вашиот дом ќе му дадат идеална топлотна и звучна изолација, безбедност, како и одличен естетски изглед.

Профилите се произведени по најмодерна технологија која ги користи стандардите за квалитет EN ISO 9001. Тука пред се се издвојува 7 коморниот профил со ширина од 85мм и термопан стакло, кој овозможува техничко совршенство, а истовремено е лесно одржлив и функционален.

И најважно, од “ГЕРМАК” ќе излезат во пресрет за сите ваши архитектонски и изведбени барања, а монтажата е секогаш брза и навремена.

Контактирајте ги на телефонскиот број 078 308 548 и закажете состанок, а потоа заедно пронајдете го најдоброто и најфункционално решение за вашиот дом.

[Best_Wordpress_Gallery id=”1119″ gal_title=”Germak”]

Екстремната десница се заканува: Германија би можела да ја напушти ЕУ

Екстремно-десничарската Алтернатива за Германија (АфД) ќе се заложи за референдум во стилот на Брегзит за членство во ЕУ, доколку дојде на власт, изјави лидерот на партијата Алис Вајдел, поздравувајќи го излегувањето на Велика Британија од Унијата како сосема правилен потег.

– Тоа е модел за Германија, опција да може да се донесе таква суверена одлука – рече Вајдел во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Вајдел ја води партијата АфД од 2022 година и вели дека владата на АфД ќе се обиде да ја реформира ЕУ и да го отстрани нејзиниот „демократски дефицит“, вклучително и ограничување на овластувањата на Европската комисија, според нив, „неизбраната извршна власт“.

– Но, ако реформите не се можни, ако не успееме да го обновиме суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, треба да ги оставиме луѓето да одлучуваат, исто како што направи Велика Британија. И би можеле да имаме референдум за ‘Dexit’ – излезот на Германија од ЕУ – рече Вајдел.

Вајдел зборуваше во контекст на големото зголемување на поддршката за АфД, која според анкетите изнесува 22 отсто, што е повеќе од сите три партии во несигурната коалиција на канцеларот Олаф Шолц – социјалдемократите, зелените и либералите.

Претходните денови речиси 300.000 Германци протестираа на повеќе од 100 локации во германските градови против екстремните десничарски партии велејќи дека „тие сакаат да не претворат во Русија“. Демонстрантите бараат укинување на екстремните десничарски партии што отвора сложена и неизвесна правна постапка.

Јавноста во Германија беше разбеснета минатата недела кога се дозна дека неколку политичари на АфД се сретнале со истакната етно-националистичка личност за да разговараат за потенцијалот за масовни депортации на луѓе од странско потекло. АфД оттогаш пробува да се дистанцира од скандалот.

Другите партии одговорија на заканата на АфД со создавање на „огнен ѕид“ што спречува каква било форма на коалицирање или соработка со партијата. Како резултат на тоа, и покрај својата сила во анкетите, АфД нема водечка улога во ниту една од 16-те германски покраински влади.

Алис Вајдел признава дека нема да дојде на власт до 2029 година.

Освен што се залага за „западните христијански вредности“, според Вајдел, АфД треба да ја промени даночната политика на Германија, да ја намали гломазната администрација и да ја сопре транзицијата на земјата од фосилни горива кон обновливи извори на енергија:

– Франција планира 15 нови нуклеарни централи, а ние се потпираме на турбини на ветер и на соларни панели кои не можеме ни сами да ги произведуваме – вели таа за „Фајненшл Тајмс“.

Според неа сите 1,1 милион бегалци од Украина во Германија ќе мора да се вратат во Украина откако ќе заврши војната.

Владата ѝ наложи на Антикорупциска да вработи оџа

Одиме на Уставен бидејќи сметаме дека овој закон е неуставен бидејќи не обезбедува законитост, односно усогласеност со другите закони и од друга страна наметнува обврска да се прифатат луѓе од Министерството за политички систем за кои институциите и немаат потреба, рече во интервју за Телма претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска балансерот и вработувањето во администрацијата по етнички клуч.

-Последната одлука на Владата, ни наметнува обврска да примиме тројца од тоа Министерство, од кои еден државен советник, кога тој успеал да изгради кариера за државен советник во Министерството за политички системи која ќе биде соодветна за Државната комисија дотолку повеќе што неговата стручна подготовка е Факултет за Исламска вероисповест, тоа е оџа. Што бара со таква стручна спрема, во нашата институција?, прашува претседателката на Антикорупциска.

Таа додава дека колку и да сакаат да ја менуваат систематизацијата на Комисијата, не може да предвидат работно место со таква стручна подготвеност.

-Јас никогаш не ги делам луѓето по националност. За мене има луѓе кои си ги исполнуваат обврските и луѓе кои не ги исполнуваат, додава Ивановска додавајќи дека од претходно вработените четворица, еден си заминал, а тројцата се уште се дел од Комисијата и работат.

Според ДКСК во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот.

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ: Ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,36% во однос на одлуката од 15.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,733%, кај дизелот за 3,253%, кај екстра лесното масло за 2,343% и кај мазутот намалувањето е за 1,289%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,551%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,209 ден/кг и сега ќе изнесува 41,732 ден/кг.

Од 23.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,732 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.1.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ

(ВИДЕО) Акција како од соништата: Четворката од Барселона се подготвува да меле во МЛС

Луис Суарез неодамна им се придружи на Меси, Бускетс и Алба во Интер Мајами, а викендов Уругваецот го имаше и своето деби за екипата чиј сопственик е Дејвид Бекам.

Интер Мајами играше пријателски натпревар против Салвадор, кој заврши без голови, но она што остави огромен впечаток, а снимката го обиколи светот, е акцијата на четвроката која своевремено настапуваше во Барселона.

Алаба нафрли до Суарез кој го пронајде Бускетс, а потоа следуваше маестрално проигрување помеѓу Бускетс и Меси, кој чиј шут на крајот за жал го одбрани голманот.