дома блог страница 940

Koмуналец се пофали дека ги исчистителе јавните површини, граѓаните прашуваат: “Дали еден литар нафта е повредно од скршеница?” (ФОТО)

Не е ништо ново снегот да претставува проблем за надлежните во Македонија, па често како што умеат да кажат граѓаните ги изненадува, иако сме месец јануари, кога оваа природна појава не треба воопшто да не зачудува.

Викендов како и најголемиот дел од државата, и Прилеп беше зафатен од снежни врнежи, а од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” побрзаа да се пофалат дека успешно се справиле со чистење на јавните површини. Но, граѓаните не мислат така.

Тие главно им замеруваат на комуналците што чистат по една патека низ плоштадите, па останатиот дел стои под снег и мраз.

-Само што ја кренав една жена што падна кај Т-мобиле. Не ми е јасно зошто кога се чисти шеталиште се чисти само една трака, а се чисти со багерче ?
1. Се штеди на гориво?
2. Тој што го возел багерчето е неписмен или тој што му ја дал задачата ?
Една скршеница невреди за еден литар нафта
– напиша еден наш сограѓанин утрово на социјалните мрежи, кој објави и фотографии од плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

62-годишен битолчанец со тврд предмет нападнал 68-годишна сограѓанка

На 20.01.2024 во 16.40 часот во СВР Битола, Р.Н.(68) од Битола пријавила дека околу 11.00 часот на ул.,,Крушевска Република“ во Битола била физички нападната од Ц.С.(62) од Битола, кој употребил и тврд предмет.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Учениците се вратија во училишните клупи: Ќе имаат пролетен распуст, а има и други новини за второто полугодие

По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците денеска се враќаат во училишните клупи за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024 година. Ќе имаат уште еден, пролетен одмор, од 29 април до 6 мај 2024, што е новина оваа учебна година.

Ново е и што учениците во основните училишта ќе учат до 17 јуни, за да се исполни утврдениот број работни денови (180) согласно календарот за организација на наставата. За средношколците учебната година ќе заврши на 10-ти наместо на 17 јуни. МОН ја смени првичната одлука на барање на Средношколскиот сојуз заради подготовките за запишување во високото образование.

За основците, Владата дополнително ќе треба да одлучи како ќе бидат надоместени двете неработни среди кога треба да се одржат изборите (24 април и 8 мај) и дали учебната година во основните училишта ќе заврши два дена после 17 јуни.

-Ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие два дена кои се предвидени за реализација во календарот за работа на годишно ниво. Ќе известиме навремено кога ќе има владина одлука за тоа, рече Шаќири.

Покрај пролетниот распуст за сите ученици и продолжената учебна година за основците, новина во второто полугодие ќе биде и постепената примена на нов електронски дневник (Е-дневник). Како пилот-проект ќе се воведе во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава за да се отстранат евентуалните слабости пред да се употребува во сите училишта. Изготвен е со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови.

Утрово во Прилеп измерени -12 степени, а најстудено во Битола и Берово

Во Берово утрово е најстудено, -19, а најтопло – 2 степени во Дојран. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -18 степени се измерени во Битола, -13 во Тетово, -12 во Прилеп, Демир Капија и Дебар, -11 во Скопје-Петровец и Маврови Анови, -9 во Крива Паланка, Штип и Кавадарци, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, Претор, Виница и Попова Шапка, -7 во Охрид и Куманово и -4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 22 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Битола и Попова Шапка, 16 во Дебар, 15 во Тетово, 14 во Ѓуриште, 13 во Берово, 12 во Крушево, 11 во Лазарополе, 9 во Претор, осум во Охрид, седум во Демир Капија, три во Струмица и Прилеп, два во Штип и еден сантиметар во Крива Паланка.

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро, тивко и студено време. Во Демир Капија има магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 метри, а појава на слаба магла има во Битола.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, тивко и студено. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.

Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне три степени.

Приведена 45-годишна прилепчанка за нарушување на јавниот ред и мир

На 20.01.2024 во 11.10 часот во продажен објект во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја привеле Д.М.(45) од Прилеп затоа што го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон присутните.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

(Вознемирувачко видео) Го загуби животот за време на прослава на неговата компанија: Спектакуларната промоција се претвори во трагедија

Директорот на индиска мултинационална компанија загина откако паднал од висина од пет метри на корпоративна прослава!

Камерата го сними застрашувачкиот момент кога Санџај Шах и Вишванатан Раџу Датла, извршен директор и претседател на технолошката компанија Вистек, паднаа од кафезот што го користеа за да се симнат на сцената.

На видеото се гледа дека кафезот ненадејно се стресе во моментот кога на бината се запали пиротехниката, а само неколку секунди откако водителот на програмата побара од публиката да им аплаудира на челниците на компанијата.

Според локалните медиуми, Шах и Датла паднале од височина од четири и пол метри. Еден од милионерите при падот целосно се превртел и паднал со глава на земја. Шах загинал во несреќата додека Датла е во критична состојба.

Му се заканува ли на светот нов опaceн виpyc?

Вирусите заробени во арктичкиот вечен мраз би можеле повторно да се активираат и да предизвикаат застрашувачка нова пандемија, предупредуваат научниците.

Заканата од појава на пандемија предизвикана од овие вируси е зголемена поради климатските промени и глобалното затоплување, што може да доведе до ослободување на смртоносни микроби заробени во вечниот мраз со милениуми, пишува Гардијан.

Во трудот се наведува дека истражувачите веќе изолирале соеви на т.н Метузалах микроби или зомби вируси, кои предизвикуваат страв од глобално ширење на опасна болест од далечното минато.

Научниците почнаа да планираат да воспостават мрежи за надгледување на Арктикот кои точно ќе ги идентификуваат раните случаи на болести предизвикани од антички микроорганизми.

Отец Никола од манастирот Св. Никола во с. Манастир, денеска хиротонисан во Епископ Велички

Утрово во црковниот храм Св.Димитриј во Битола, беше извршена хиротонија на Ново-наречениот епископ Никола Велички, отец Никола Трајкоски од манастирот Св. Никола во село Манастир, мариовско.

Светиот чин беше извршен во присуство на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г.Стефан.

За потсетување, светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 декември 2023 година, го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот „Св. Никола“ во с. Манастир – Мариово, за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија со титула Епископ Велички.

(ВИДЕО) Позитив на денот: Полицајци и’ помагаат на постара жена да премине преку замрзната улица

Снимка на социјалните мрежи од двајца српски полицајци наиде на лавина од позитивни реакции. Тие се снимени како и помагаат на старица во Нов Белград да ја помине улицата која поради снег била лизгава и небезбедна.

Пример кој треба да го следат сите полициски службеници и кај нас!

(ФОТО) Се подготвува теренот за новиот проект на општина Прилеп и фирмата “ИЗОФАС”

Во центарот на Прилеп започнаа подготовките за изведба на новиот кружен тек, за кој е предвидено да овозможи полесно одвивање на сообраќајот на раскрсницата пред Домот за култура “Марко Цепенков”.

Тендерот за овој зафат e тежок вкупно 5,4 милиони денари, a го доби фирмата “ИЗОФАС” увоз-извоз ДОО Прилеп. Предвидено е работите да се завршат во рок од 4 месеци, па прилепчани би требало пролетва да ја дочекаат со нов петти кружен тек.