дома блог страница 931

Јовчески, Гулабоски и Матракоски на тридневен самит во Тирана

Градоначалкникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, заедно со директорот на ЈКП Водовод и канализација, Игор Гулабоски, и Раководителот со секторот за образование во општина Прилеп, Марјан Матракоски, беа дел од Самитот Б40 – Балканска мрежа на градови, кој што се одржуваше од 29 до 31 јануари во Тирана.

За посетата на овој Самит, Јовчески во соопштение за медиумите вели:

-Остварив билатерални средби и имав прилика да разговарам со домаќинот на Самитот градоначалникот на Тирана, господин Ерион Велиај, со градоначалникот на Истанбул господин Екрем Имамоглу, како и со градоначалниците на општините Сплит, Текирдаг, Тузи и Велико Тарново.
Членството на Прилеп во оваа Мрежа на градови од Балканот ни го отворa патот за соработка меѓу градовите и ни овозможува размена на позитивни искуства за решавање на урбаните проблеми, како и зголемување на можноста за економска соработка помеѓу бизнис секторите и проширување на своите пазари во рамките на оваа мрежа на градови од Балканот.

Пред околу 40 градоначалници од сите држави од Балканот и останатите високи претставници на меѓународните и европските институции, имав прилика да се обратам и да ја претставам нашата општина Прилеп. Ги запознав накратко присутните со местоположбата и големината на Прилеп, за неговата значајна и богата историја, за природните богатства, за економските можности и бизнис климата и се она што е препознатлив бренд на нашиот град.

Нашата цел како локална самоуправа е да продолжиме и во иднина економски, општествено и културно да ја развиваме општината, со вклучување на сите структури во заедницата, да направиме дигитална трансформација и да креираме инклузивна заедница, да ја надоградуваме и да ја продолжиме соработката меѓу градовите во рамките на Б40 мрежата и да разменуваме позитивни искуства за решавање на урбаните проблеми, се со цел, заедно да креираме политики за унапредување на урбаните заедници во интерес на сите граѓани согласно Европската визија.

Претставен првиот албански суперавтомобил – Крева стотка за 2,7 секунди (ВИДЕО)

Првиот албански суперавтомобил, „Illyrian TSX“, е претставен во италијанскиот град Торино.

Зад овој модел стои компанијата „Arrera Automobili“. „Illyrian TSX“ има 6,2-литарски LT2 V8 мотор, кој испорачува 840 коњски сили, а максималната брзина би требало да му биде до 375 км/ч.

Исто така, според некои информации, од 0 до 100 км/ч ќе развива за 2,7 секунди.

Драма во демирхисарско: И’ ја запалил вратата од продавницата, па го признал делото

На 30.01.2024, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода С.Ф.(36) од с.Суводол, демирхисарско. Имено, во ОВР Демир Хисар Н.С.(41) од с.Суводол пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во с.Суводол, а по преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека сторител е С.Ф..

Во службен разговор тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Важно соопштение доколку патувате: Оваа патна делница ќе биде затворена за сообраќај од 8:00 до 16:30 часот до 3. февруари

Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, од денеска до 3 февруари, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8:00 до 16:30 часот, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прилеп го нема во листата: Министерство за култура додели 50 милиони денари за проекти на Битола, Крушево, Кривогаштани….

Вчера на првата седница на преодната Влада беше усвоена информацијата за Програмата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година, со која Министерството за култура ги поддржува капиталните проекти од областа на културата во единаесет општини.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека оваа година е обезбеден поголем буџет, 50 милиони денари, со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.

„Преку капиталните дотации за културата придонесуваме за рамномерен развој на општините, за развој на сите региони во државата, за инвестирање во културата која ќе ги поттикнува младите на креативност и творештво. Преку подобрување на условите за реализација на проекти од културата, помагаме за афирмација на културните вредности на секоја општина, со акцент за создавање интегриран простор за младите и поврзаност низ целата држава“.

На објавениот Оглас за распределба на капиталните дотации во областа на културата за 2024 година, посебно формирана комисија ги разгледа пристигнатите проекти и врз основа на критериумите, процедурите и роковите, од вкупно 15 пристигнати проекти од 13 општини, средства беа доделени за 11 проекти. Оваа години ќе бидат поддржани општините: Битола, Крушево, Кривогаштани, Велес, Чашка, Дојран, Демир Капија, Богданци, Маврово и Ростуше, Делчево и Чучер Сандево.

Планирањето, обезбедувањето и реализацијата на финансиските средства за капитални дотации во областа на културата за единиците на локалната самоуправа, Министерството за култура ги спроведува во согласност со програмските и стратегиските определби на Владата во насока на поттикнување и спроведување рамномерен регионален културен развој.

Денеска е Св. Атанасиј Велики, денот е веќе за 1 час подолг од минатиот месец: Честит именден Атанас, Тане, Насте, Насе…

Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Предниот дел од автомобилот смачкан: Ова се фотографиите од кобната несреќа на излезот од Битола, во која загина едно лице, а 20 беа повредени

Битолчанецот К.К. (42) го загуби животот, а 19 лица се со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа која се случи вчера попладнето на регионалниот патен правец Битола – Демир Хисар.

Од СВР Битола потврдија дека во сообраќајката која се случила вчера во 14:57 часот учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки.

-Сообраќајна несреќа се случи меѓу комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, демирхисарско, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика, и патничко возило „пежо“ управувано од К.Ј. (36 г.) од Битола. На лице место починал совозачот на патничкото возило К.К. (42 г.) од Битола, потврдија од СВР Битола.

Во изјава за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола посочи дека веднаш по сообраќајката, во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица и кај нив е изврешено компјутерско снимање, додека лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката. Сите лица се надвор од животна опасност, изјави за Ивановска.

Во тек е истрага за причините за тешката сообраќајна несреќа.

Во меѓувреме се појавија и фотографии од лице место каде се случила страшната и кобна несреќа.

Фотографиите ги објави новинарката Каролина Дурло.

ЧЕСТИТКИ! Елеонора Ковилоска од Прилеп помеѓу најдобрите каратисти за 2023 година

Карате федерацијата на Македонија на гала свеченост ги избра најдобрите за 2023 година. Најдобриот македонски каратист на сите времиња, Емил Павлов повторно е избран за најдобар каратист на Македонија во борби, додека Ангела Мојсовска го доби признанието кај дамите.

Меѓу најдобрите беше и каратистката од Карате клубот “Бонсаи” од Прилеп, Елеонора Ковилоска, која во конкуренција на ката за јуниорки е второрангирана.

Сите добитници на признанијата:

Ката сениори до 21 година женски
1. МАНЧЕВСКА ЈОВАНА ФУНАКОШИ ГИЧИН – СКОПЈЕ
2. АЛЕКСОВСКА АНДРЕА ГЛАДИЈАТОР – ВЕЛЕС
3. ПЕТКОВСКА СТЕФАНИЈА ЗАНШИН ДО – БИТОЛА

Ката сениори до 21 година машки
1. СПАСОВСКИ ДАВИД ФУНАКОШИ ГИЧИН – СКОПЈЕ
2. СТОЈАНОВСКИ АНДРЕЈ ФУНАКОШИ ГИЧИН – СКОПЈЕ
3. ВЕСЕЛИ СУХЕЈБ ФОРЦА – СКОПЈЕ

Кумите сениори до 21 година женски
1. ЈОВАНОВСКА ВИКТОРИЈА МАКПЕТРОЛ – СКОПЈЕ
2. МИШОВСКА МИХАЕЛА ОЛИМПИК СПОРТ 2007 – СКОПЈЕ
3. МИЦОВСКА ЈОВАНА МАКПЕТРОЛ – СКОПЈЕ

Кумите сениори до 21 година машки
1. ТРАЈКОВСКИ ВИТОМИР МАКПЕТРОЛ – СКОПЈЕ
2. СТОЈАНОВИЌ СТЕФАН МАКПЕТРОЛ – СКОПЈЕ
3. МИХАЈЛОВ ЉУПЧЕ ШТИП – ШТИП

Ката јуниори женски
1. СТОЈКОВА ДАНКА САНСАИ МЕТАЛ АПОСТОЛОВ – КАВАДАРЦИ
2. КОВИЛОСКА ЕЛЕОНОРА БОНСАИ – ПРИЛЕП
3. МИРЧЕВСКА ЕВА ПРОФЕСИОНАЛ – СКОПЈЕ

Ката јуниори машки
1. ПОПТОДОРОВ МАРКО ГЛАДИЈАТОР – ВЕЛЕС
2. ДИМЧЕВСКИ МАРИО ВАРДАР – СКОПЈЕ
3. ДИМОВСКИ МАРКО ГЛАДИЈАТОР – ВЕЛЕС

Кумите јуниори женски
1. ДУКА САРА ДИБРА – ДЕБАР
2. МУСТАФАИ ГРЕСА АРЕНА – СТРУГА
3. ДАРДХИШТА ЈАНИНА ФОРЦА – СКОПЈЕ

Кумите јуниори машки
1. МЕМЕТИ БЕСАРТ БАШКИМИ 2002 – КУМАНОВО
2. БИЛАЛИ ИЛИ БАШКИМИ 2002 – КУМАНОВО
3. БАСАРОВ АНДРЕЈ ШТИП – ШТИП

Ката кадети женски
1. ЗЕНДЕЛИ БЛЕРИНА УСКАНА – КИЧЕВО
2. ТРПКОВСКА САРА ФУНАКОШИ ГИЧИН – СКОПЈЕ
3. МЕМЕТИ ДХУРАТА ФОРЦА – СКОПЈЕ

Ката кадети машки
1. ДЕРВИШИ НУРЕДИН УСКАНА – КИЧЕВО
2. ДИМОВСКИ БОРЈАН ГЛАДИЈАТОР – ВЕЛЕС
3. ДИМЕСКИ ТЕОДОР САНСАИ МЕТАЛ АПОСТОЛОВ – КАВАДАРЦИ

Кумите кадети женски
1. ЕФТИМОВСКА ДРАГАНА ШТИП – ШТИП
2. БРЕСЛИЕВА ДУШИЦА ШТИП – ШТИП
3. ТАНУРОВСКА ЈАНА МАВАШИ – СКОПЈЕ

Кумите кадети машки
1. ВРКЛЕВСКИ ЈОВАН КИЗАМЕ – СКОПЈЕ
2. МАРГАРИТОВ ЦВЕТАН БОТОНИ – СКОПЈЕ
3. БАЦКОВИЌ ЛУКА ГЛАДИЈАТОР – ВЕЛЕС

Во Битола се одржа семинар за лиценцирање на џудо судии и тренери: Учество зедоа и прилепските џудо мајстори од “Сеишин” (ФОТО)

На 27.01.2024 година во Битола, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка поддршка од џудо клуб “Пелистер” Битола, се одржа стручен семинар за лиценцирање на џудо судии и џудо тренери.

Семинарот го предводеа Томе Јосифоски – Претседател на судиската комисија, Ѓорѓија Стојанов – Претседател на комисијата за лиценцирање и едукација на џудо тренери и Јован Велески член на комисијата за едукација.

Учество зедоа околу 60 стручни лица (тренери и судии) од сите клубови членки на ЏФСМ.

Џудо клубот “СЕИШИН” oд Прилеп активно партиципираше на овој семинар со своите стручни кадри, кои се здобија со сертификати и лиценци за работа за натпреварувачката 2024 година.

20 лица итно хоспитализирани, a eдно го загуби животот по сообраќајката на излезот од Битола

На сите лица повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Битола, им е пружена итна медицинска помош, изјави за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Повредените лица се чувствуваат добро, а дел се пуштени на домашно лекување, потврди Ивановска.

-Веднаш интервениравме. Во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица кај нив е изврешено компјутерско снимање, а по добиените резултати ќе се препорача лекарска помош. Попладнево мобилни се и лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката и врз истите е извршено компјутерско снимање. Сите лица се надвор од животна опасност, изјави за МИА, Ивановска.

Како што извести МИА, попладнево на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно лице, а дваесеттина се повредени.