дома блог страница 927

Викендов две изведби на најновата претстава на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Најновата претстава “Стапица за глувци” во режија Борис Василески, во театарот “Војдан Чернодрински”

-петок 9.02.2024 – 19.30ч.

-сабота 10.02.2024 – 19.30ч.

*****************************

Влезници и резервации на телефонскиот број: 076 442 378

Новиот министер веднаш покажа дека може поинаку

Доцна синоќа е завршена ревизијата на нефункционалните закажани термини за фотографирање на исправи.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека над 30.000 телефонски закажувања го блокираат процесот.

Додава дека пунктовите кои се направени се популистички мерки кои се многу слабо менаџирани. Најави дека во следниот период ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе пресрет на граѓаните.

„165.000 граѓани во Скопје имаат закажано термин за вадење на лични документи, кој што број вчера во неделата мојот тим со луѓето вработени во рамките на МВР констатираа дека е неточен“, објаснува Тошковски.

Според него голем дел од предметните закажувања се фиктивни, голем дел од предметните закажувања не се споредени со оние коишто се предомислиле од редовна да влезат во итна постапка, или пак поминале да се сликаат во рамки на пунктот Пролет.

„Така да оваа бројка сама по себе откога направивме првично споредување на податоците ќе падне за отприлика некаде околу 20 отсто. Тоа значи дека отприлика некаде околу 30.000 телефонски закажувања се непотребни, односно несуштински и го оптеретуваат системот, и нереално наместо граѓаните да закажат во август – септември, закажувале во ноември – декември. Тоа е прво. Второ, многу важно, кое ќе биде нашето дејствување од апсект на реорганизирање, пунктот Пролет само уште денес и утре ќе функционира така како што функционира“, вели министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски.

Од толку многу еден си го однесол: Полицијата фати дрвокрадец кај Вештачкото езеро во Прилеп

На 04.02.2024 во 13.00 часот на место викано „Вештачко eзеро“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.А.(40) од Прилеп.
Тој бил затекнат при бесправна сеча на дрва и кај него биле пронајдени запрежна кола натоварена со огревно дрво и моторна пила.

Притоа, тој ги попречувал полициските службеници при вршење на службените дејствија.

Пронајденото било одземено и предадено на Шумска полиција, а Н.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Ковачевски на телевизија гледа што се случува во неговата влада

Колумна на Никола Тасев:

Ковачевски преку телевизија гледа што се случува во „неговата“ влада. Каков крај за надобудниот лидер од „Бихачка“! Кои зборови најбрзо ќе ви текнат, со кои, најсликовито би го објасниле владеењето на неговата и Заевата партија во последните 7 години?

Еве што прво мене ми дојде: попуштање, виткање „кичма“, компромиси на штета на државата, прифаќање на туѓи ултиматуми, усвојување на договори – добиени готови и напишани однадвор, одмакедончување на Македонците, самопонижување, ама и силење кон работниците, силење кон опозицијата…

Има и други зборови, еве како на пример, корупција, сомнителни тендери, злоупотреби на администрацијата, судството… со партиски вработувања, ама во оваа прилика ќе пишувам само за понижувањето на македонскиот народ, за кое СДСМ се потруди да го направи на „ниво“.

Најсвежото понижувањето сервирано од власта е со промената на личните документи. Прво, тоа не смееше да се прифати. Второ, кога веќе ја свиткаа кичмата не направиле анализа колку време е потребно за да се заврши целиот процес, а прифатиле датум до кога ќе важат постојните пасоши. Трето, не се подготвиле оперативно за да го испочитуваат рокот и четврто, не направија соодветна кампања за да го подготват народот. И последицата е – ново понижување, турканици и тепачки пред шалтерите за смена на личните документи. Исто како што беше во времето на Ковид пандемијата со вакцините. Се сеќавате и на тоа, нели? И секако за турканиците, Спасовски го обвини народот.

А притисоци, ултиматуми, „обландирани“ предлози за самопонижување, Македонија имаше од почетокот на осамостојувањето. Сите досегашни водачи на државата, претседатели и премиери, кој помалку, кој повеќе, покажаа дека имаат „кичма“ и наоѓале начин како да ги одбијат. Ама пред 7 години тогашниот премиер Заев го најави новиот курс на бродот Македонија: треба да ја „свиткаме кичмата“, а тој да биде „сидро што ќе влече напред“. И го направи тоа! Се наведна до земја пред странците. Неговиот наследник Ковачевски само продолжи да биде во таа поза. Море понекогаш беше и иновативен – „мешаше“.

Каде е денес Македонија? Дали сидрата Заев и Ковачевски ја повлекоа напред или ја закопаа во место? Дали престанаа маките и понижувањата на Македонците? Дали сме во ЕУ?

Одговорот на овие прашања е добро познат за мнозинството Македонци, на кои СДСМ им покажа како може и свиткан рбет да се скрши.

Го искривија рбетот на македонскиот народ, му го сменија името, историјата, учебниците… се откажаа и од грижата за Македонците во соседните земји, а како тераат – ќе дотераат и до целосно кршење на македонскиот идентитет.

Среќа за 3 месеци се изборите, па македонскиот народ, (оние со здравите кичми) има можност сето тоа да го казни. И да ги натера новите власти да се почитуваат самите, но да ги почитуваат државата и народот. И да знаат дека нивниот легитимитет потекнува од народот, а не од Брисел или од Мала Речица!

Сестра и брат од Прилеп имаа настап за паметење на шоуто “Никогаш не е доцна” – Гласајте ТУКА за нашата прилепчанка да помине во следниот круг!

Полна со препознатлива позитивна енергија, прилепчанката Билјана Зероска повторно го воодушеви жирито на шоуто “Никогаш не е доцна”.

Исак Шабановиќ едвај чекаше Билјана да запее, а пред самиот настап го интересираше дали во Лондон, каде Билјана живее повеќе години, е подобро отколку на Балканот.

“Кога носиш балканска душа, секаде е убаво, а Англичаните мораат многу да научат од нас, а не ние од нив”, рече Билјана која во овој круг се претстави со песната “Мама миа”, со која го крена цело студио на нозе.

Во ревијалниот дел, на сцената и’ се придружи нејзиниот брат, познатиот прилепски стоматолог, Методија Зероски, кој исто така се занимава со музика, а на клавирот ја придружуваше во песната “Странец во ноќта”.

Настапот на Билјана можете да го погледнете ТУКА , или во видото во продолжение почнувајќи од 1:04:00:

За жал нашата прилепчанка не успеа директно да се пласира во наредниот круг, па само со помош на вашите гласови ќе може да продолжи нејзиното учество во ова шоу.

ГЛАСАЈТЕ ЗА БИЛЈАНА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://nnk.app.do/polls/nikad-nije-kasno-glasanje-04-02-2024-glasanje-traje-48h/forms/164860165/thankyou

„Ме натераа“ вели потпретседателка на општина, фатена на снимка како се дрогира (ВИДЕО)

Приштинскиот медиум Национале објави снимка на која наводно се гледаат општински службеници како се дрогираат на работно место. Меѓу нив е и Драгана Милетиќ, потпретседателка на општината, која набргу по оваа афера беше разрешена. На површина излегоа нови тврдења на Милетиќ за тоа дека била „принудена да се дрогира“, иако на почетокот тоа го демантираше.

Порталот Национале објави видео на кое, како што тврдат, може да се види како Милетиќ консумира наркотици во тоалет и во општина Лепосавиќ. На второто видео се гледаат повеќе службеници, а меѓу нив и припадник на полицијата. Драгана Милетиќ прво ги отфрли ваквите тврдења и за тоа ја обвини Српска листа.

Падна одлука: Нова цена на бензините и дизелот oд полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,00 ден/лит.

Направиле парампарче: Дури 226 казнети возачи викендов на подрачјето на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот(02/03/04.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 226 возачи, меѓу кои 124 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 31 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за управување без возачка дозвола.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Одмор на зелено море: Годишен одмор не можат да си дозволат 55 отсто од Македонците

Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на земјава. Полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%).

Во Грција процентот на луѓе кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, Хрватска 41,7, а во Словенија 16,7.

Одмор подолг од една недела во текот на годината најмногу можат да си дозволат жителите на Луксембург каде што таква можност немаат само 7,6 отсто, во Норвешка (7,9%), Швајцарија (8,4%) и во Исланд (8,6%).

На одмор не можат да одат и 21,9% од Германците, 23,4% од Британците, 25,4% од Францусите и 36,6% од Шпанците.

Бразилска мајсторија на нашиот Миовски, со која го матира поранешниот голман на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски, стигна до петнаесеттиот погодок сезонава во дресот на шкотски Абердин.

Во рамките на 24-то коло Абердин го пречека големиот Селтик, натпревар од кој гостите очекуваа сигурни 3 бода, но сметките им ги закомпликува нашиот Миовски со прекрасен погодок за водство во 50-та минута.

Мајсторијата на Миовски погледнете ја од втората минута во видеото во продолжение:

Натпреварот заврши 1:1, а Миовски и Абердин му откинаа драгоцени два бода на Селтик во битката за титулата со Глазгов Ренџерс.