дома блог страница 926

Koмуналец Прилеп вработува – Објавени огласи за три работни позиции!

JKП Koмуналец Прилеп објави огласи за три вработувања. Се бараат:

-1 лице за работно место Референт

-1 лице за работно место Архивар

-1 лице за работно место Инкасант

Огласите се објавени на веб страната на Агенцијата за вработување, а платите за сите три работни места изнесуваат нешто над 25.000 денари.

Огласите се активни до 15.02.2024г.

Ќе се огласи ли ОК ВМРО ДПМНЕ, или важи поговорката: “Сложни попови и во посно мрсат”?

СДСМ ВО ПРИЛЕП НА ГОЛЕМО ВРШИ ПРЕДИЗБОРНИ ПОДГОТОВКИ !?! ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ КАДЕ ШТО ДИРЕКТОРУВА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ЦАКИО КОЈ ИСТОВРЕМЕНО Е И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ИТНО ВРАБОТУВА 67 НЕ ПРОДУКТИВНИ КАДРИ – ОПШТИ РАБОТНИЦИ – објави новинарот Зоран Момироски.

Според информацијата, огласот е објавен на 06.02., а трае само три дена до четврток (08.02.2024г.).

-КОНКУРОСТ Е ОБЈАВЕН ДЕНЕСКА А ЗАВРШУВ ВО ЧЕТВРТОК.КАКВА ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНИТЕЛНАТА ОБВРСКА НА ОВИЕ ,,ПАРТИСКИ ИЗБРАНИЦИ,, ОД ЦАКИО, САМО ТОЈ И НЕГОВИТЕ НАЈБЛИСКИ ВО ТИМОТ СИ ЗНААТ. ТУТУНАРИТЕ НЕКА СТИСКААТ ЗАБИ И НЕКА МОЛАТ ЗА 30 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ПРЕДАДЕН ТУТУН А ФИЛИП МОРИС НЕКА СТИСКА ЗАБИ НЕ ДАЈ БОЖЕ ИНФАРКТ ДА НЕ ДОБИЕ – напиша Момироски.

И додека институциите и државните претпријатија наголемо се полнат во пресрет на изборите, изостанува реакција најголемата партија во Прилеп.

Овие информации од новинарите, како и жестоките реакции на граѓаните на социјалните мрежи и чаршијата, како да не допираат од претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски и неговиот потесен круг на луѓе.

Партијата во Прилеп како се’ уште да е во празнична еуфорија, па заборавија на најавените кривични пријави за низата сомнежи за криминал за кои се зборуваше во минатото, а сега преќутно го аминуваат и ова масовно полнење со предизборни вработувања.

Токму Момироски во последната колумна “Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем”, пишуваше за наводен договор помеѓу првите луѓе на двете партии во Прилеп да не се напаѓаат.

-Порано во предизборен период ,,фрчеа,,соопштенија, изјави, фрчеа аргументи и противаргументи . Сега молк и кај едните и кај другите. Молчат оти ,,наводно,,така ,,братски,, да не се напаѓале си се договориле Цакио од СДСМ и Декио од ВМРО-ДПМНЕ.Сомневањата кои со месеци висат над прилепската јавност дека оваа ,,тајна колација ,,си функционира безпрекорно и си опстојува во сите сегменти на живеењето очигледно стануваат се појасни. Единствено и во едниот и во другиот табор само се подгрева членството и се инсистира на единство со цел да се извојува победа. Дали и во овој случај важи народната: “СЛОЖНИ ПОПОВИ И ВО ПОСНО СИ МРСАТ”, е прашање за еден долар – напиша Момироски.

(Фото галерија) Над 30 реномирани брендови до крајот на годината доаѓаат во Прилеп

На само еден километар од центарот на градот, наскоро во Прилеп започнува изградбата на првиот мол, а прилепчани конечно ќе можат да доживеат посебно шопинг искуство.

Во градот под Марковите Кули наскоро започнува изградбата на новиот STRIP MALL, кој ќе се наоѓа во непосредна близина на “Паркот на револуцијата”, веднаш до регионалниот пат Прилеп-Битола.

Овој нов супермодерен објект ќе се простира на 9.000м2 и ќе располага со паркинг простор од 5.000м2. На располагање на купувачите ќе бидат над 30 реномирани интернационални брендови, кои за Прилеп ќе значат огромен економски бенефит, не само од посетители од регионот, туку и од целата држава, па и пошироко.

STRIP MALL PRILEP ќе се гради по урнекот на така наречените стрип и плаза центри во САД, односно низа на продавници ќе бидат наредени во линија во еден голем објект, со посебни влезови кон секоја од продавниците од надворешниот дел на објектот.

Инвеститорот е во финална фаза на комплетирање на сите административни процедури, а планот е овој трговски центар да се отвори до крајот на оваа година.

Освен економскиот бенефит за градот и вработување за повеќе од 200 лица, изградбата на овој објект ќе значи и огромен бенефит за општина Прилеп.

Според пресметките, на име комуналии во општинската каса ќе се слеат околу 350.000 евра, сума која со сигурност ќе значи голем финанскиски импулс во општинската каса, пред се’ за реализација на нови проекти од интерес на граѓаните.

Исто така тоа предвидено е новиот шопинг мол да понуди разни забавни соджини за најмалите, како и угостителски простор.

Повеќе информации во периодот кој следи.

Кривични пријави за вработени во АА – осомничени дека на кандидати им ги решавале испитите за вработување во државно

Кривични пријави против седум лица за повеќе кривични дела, меѓу кои „злоупотреба на службена положба и овластување“, ,,примање поткуп“, „примање награда за противзаконито влијание“, ,,давање поткуп“ и „давање награда за противзаконито влијание“.

Според информациите се работи за В.Н.(48) од Прилеп, Б.Л.(37) од Скопје, А.А.(51) од Скопје, А.К.(59) од Скопје, М.И.С.(38) од Скопје, В.Е.(34) од Гостивар, А.Е.(39) од Гостивар.

Во периодот од септември 2022 година до првата половина на март 2023 година, В.Н., Б.Л. и А.А., вработени во Агенција за администрација, на одредени кандидати кои конкурирале за работа во државни институции им овозможиле успешно да го положат испитот за административен службеник.

Првопријавениот, за време на полагање на испитот, неовластено преку мрежен пристап навлегувал во компјутерите на кандидатите, а притоа пријавените на одредени кандидати им овозможиле користење недозволени средства за време на испитот. Пријавените В.Н. и Б.Л., од септември 2022 до крајот на 2022 година, од пријавениот А.К. побарале и примиле подарок за да овозможат неговиот син успешно да ги положи испитите и да биде вработен.

Притоа, пријавениот В.Н. му овозможил на второпријавениот Б.Л. да врши проверка и промена на внесените одговори. Во декември 2022 година, пријавените В.Н. и Б.Л., со цел да примат подарок за себе од пријавените В.Е. и А.Е., влијаеле на пријавената М.И.С., вработена во Агенцијата за администрација и претседател на комисија за селекција за вработување за конкретниот оглас, при што во интервјуто на кандидатката В.Е. и дала максимален број на бодови, без оглед на нејзината стручност.

На тој начин кандидатката ги освоила потребните бодови и била избрана за работното место за кое аплицирала – информираат од МВР.

Момироски: Предизборен конкурс за 67 луѓе во Тутунски комбинат Прилеп

-СДСМ ВО ПРИЛЕП НА ГОЛЕМО ВРШИ ПРЕДИЗБОРНИ ПОДГОТОВКИ !?! ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ КАДЕ ШТО ДИРЕКТОРУВА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ЦАКИО КОЈ ИСТОВРЕМЕНО Е И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ИТНО ВРАБОТУВА 67 НЕ ПРОДУКТИВНИ КАДРИ – пишува новинарот Зоран Момироски.

-ОД ОПШТИ РАБОТНИЦИ ДО СПОРТИСТИ. КОНКУРОСТ Е ОБЈАВЕН ДЕНЕСКА А ЗАВРШУВ ВО ЧЕТВРТОК.КАКВА ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНИТЕЛНАТА ОБВРСКА НА ОВИЕ ,,ПАРТИСКИ ИЗБРАНИЦИ,, ОД ЦАКИО , САМО ТОЈ И НЕГОВИТЕ НАЈБЛИСКИ ВО ТИМОТ СИ ЗНААТ. ТУТУНАРИТЕ НЕКА СТИСКААТ ЗАБИ И НЕКА МОЛАТ ЗА 30 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ПРЕДАДЕН ТУТУН А ФИЛИП МОРИС НЕКА СТИСКА ЗАБИ НЕ ДАЈ БОЖЕ ИНФАРКТ ДА НЕ ДОБИЕ – стои во објавата на новинарот од Прилеп.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid06ywBm8s1nsuwxDrY6UBEj8FDdkfWHvEwN3UiMpF1LHU99tmHre7rBxvX2CiLVvnGl&id=100045626952539&mibextid=2JQ9oc

Возел мртов пијан: Во Битола фатен возач на автомобил со 4.03 промили алкохол во крвта

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден (06.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 упатени на технички преглед. При контрола кај возач од Битола констатирано било присуство на 4.03 промили алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Поради големиот број на апликации се затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер клими

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, соопштуваат од Министерството.

Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година.

Уникатно искуство на породување во вода во болницата “Плодност”: Идните мајки мора да го прочитаат ова

Првото бебе родено во вода во оваа 2024 година во болницата “Плодност” во Битола е Стефан – еден од новите уникатни методи на породување кои ги нуди оваа болница.

Мајката на Стефан, со огромна радост и задоволство го сподели искуството на породување во вода, а од “Плодност” со радост ја проследија сторијата на социјалните мрежи.

„Кога пред 4 години се породив во Болница Плодност, методата беше се уште во зачеток и се породив спонтано за мојата ќерка. Овој пат, безусловно и верував на мојата докторка Кристинка Пајаковска, до која упатувам посебна благодарност, бидејќи доживеав едно уникатно искуство, какво што не може да се опише со зборови.

Се знае, ги чувствував контракците, но моментот на породување е нешто посебно, Ова е најприродниот начин до она што го предвидела природата. Сама, го зедов моето новороденче, моето бебе, веднаш по породувањето и го ставив на мене. Онака, како што навистина е природно.

На сите идни мајки, топло им ја препорачувам оваа метода, бидејќи е единствен начин да го доживете породувањето онака, како што навистина треба да биде. Се чувствувам одлично, веднаш бев способна за станување, а веќе и го дојам мојот Стефан.“, вели среќната мајка.

И д-р Пајаковска ја потврдува леснотијата на чинот на породување на мајката, опишувајќи ја како најприроден процес на задоволство, кој ретко се случува кај пациентките – велат од “Плодност”.

Стоилковски: Во само две недели Државна лотарија на ДУИ дала 12 милиони евра за апарати за коцкање

Државната лотарија водена од Перпарим Бајрами пулен на Артан Груби само во јануари дала неверојатни 12 милиони евра за терминали за приредување игри на среќа, 12 милиони евра за апарати за коцкање, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Екс шефот на кабинет на Груби, сега директор на Државна лотарија, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 11 милиони и 200 илјади евра, на 18ти јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18ти јануари! Во само две недели лотарија на пријателот на Груби дал 12 милиони евра за апарати за коцкање, истакна Стоилковски.

Тој рече дека ова е резултат на молкот на институциите, ова е резултат на наведнатата глава на СДС, како и дека ова е резултат на разузданоста, неодговорноста, замислената недопирливост на Артан Груби и на ДУИ. Половина година предупредуваме на огромни скандали поврзани со Државна лотарија, со Перпарим Бајрами, со Управниот одбор на Лотарија, и вмешаност на Артан Груби и на ДУИ во тоа.

-СДС и ДУИ, кратат плати под минималец во ФЗОМ, не даваат стипендии на студентите, немаат пари за земјоделците, СДС и ДУИ ги качија сметките за струја, ама затоа за две недели во јануари СДС и ДУИ имаат 12 милиони евра за апарати за коцкање, за Перпарим Бајрами и Артан Груби да се среќни! 12 милиони евра во јануари за апарати за коцкање, се резултат на молкот на институциите и на СДС пред фактите кога уште во октомври посочувавме на насилство озаконето со потпис на Груби, за отворање нови коцкарници. 12 милиони евра за апарати за коцкање, заради молк на СДС пред врските на Артан Груби со Перпарим Бајрами и членовите на Управниот одбор на лотарија. 12 милиони евра за апарати за коцкање заради молкот на СДС пред договорот на Перпарим Бајрами со нова фирма врзана со член на УО на лотарија, за изнајмување на објект во Визбегово за 2.5 милиони евра! Потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема што СДС нема да голтне и пред што нема да заврти поглед само Артан Груби и ДУИ да ги направат среќни со државни пари, нема што нема да премолчат само и само во обид да ги домолат за спас од двоен изборен дебакл СДС. Сите овие договори, вклучително и законите на ДУИ за коцкање мора да минат низ процес на ревизија. Одговорност за вакво расипништво мора да има. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, додаде Стоилковски.

Сеќавање на една од најголемите прилепски актерски легенди! Денеска ќе наполнеше 78 години!

На овој ден е роден еден од најголемите актери во Македонија, Благоја Спиркоски-Џумерко.

Денес ќе наполнеше 78 години, но за жал тој повеќе не е со нас.

Спиркоски е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп, од татко Киро и мајка Марија. Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година. Почина во Прилеп на 11 јуни 2015 година.

Покрај таа за животно дело, Џумерко е добитник и на следните други награди:

-Награда “Ристо Шишков”
-Награда за најпопуларно ТВ-лице на “Екран” за улогата на “Пејо” во “Солунски патрдии”
-Награда 3-ти ноември
-2006 – Награда „Петре Прличко“

Почивај во мир великану!