дома блог страница 925

Машини! Каратистите од прилепскиот карате клуб “Бонсаи”, викендов освоија 44 медали на турнир во Скопје

На карате турнирот “Ѓорче Петров Опен”, кој се одржа изминатиот викенд, каратистите од прилепскиот клуб “Бонсаи” освоиja дури 44 медали. “Бонсаи” беше прв клуб по број на учесници и четврт на турнирот по број на медали. Според тренерите, ова беше еден од најдобрите резултати на клубот.

Медали освоија:

1. Милица Мирческа, 2015, ката поединечно прво ниво
2. Николија Иваноска, 2015, ката прво ниво
3. Бонита Велкоска, 2015, ката прво ниво
4. Теодор Стојаноски, 2014, ката прво ниво и кумите +35 кг.
5. Алексеј Петрески, 2013, ката прво ниво и кумите -35 кг.
6. Благица Јошеск, 2013, ката второ и трето ниво и кумите -36 кг.
7. Христијан Димески, 2013, ката второ ниво и кумите -35 кг.
8. Максим Петрески, 2012, ката второ ниво и кумите -45 кг.
9. Сара Спиркоска, 2012, ката прво ниво
10. Деа Оропан, 2012, ката второ и трето ниво
11. Јована Маркоска, 2012, ката второ и трето ниво
12. Ева Јовевска, 2011, ката второ ниво
13. Анастасија Ангелеска, 2011, ката второ и трето ниво
14. Патрисија Наумоска, 2011, ката второ ниво
15. Цвете Миланоска, 2011, ката трето и четврто ниво
16. Софија Иваноска, 2010, ката трето ниво и кумите -49 кг.
17. Леонид Белески, 2011, кумите -40 кг.
18. Иво Качаков, 2011, кумите -40 кг.
19. Глигор Иваноски, 2010, ката трето ниво и кумите -50 кг.
20. Марио Ангелески, 2011, ката трето и четврто ниво
21. Меги Ангелеска, 2010, ката второ ниво
22. Катерина Јорданоски, 2009, ката 14-15 години и кумите -47 кг.
23. Марија Јорданоски, 2009, ката 14-15 години и кумите -47 кг.
24. Дино Конески, 2010, ката прво ниво
25. Бојан Димитриоски, 2009, кумите -52 кг.
26. Андреј Ѓорѓиоски, 2009, кумите -57 кг.
27. Филип Бучевски, 2009, кумите -52 кг.
28. Јована Илијоска, 2008, ката 14-15 години
29. Марко Бучевски, 2007, кумите -55 кг.
30. Арјет Синани, 2007, кумите -61 кг.
31. Петар Јовевски, 2006, ката јуниори 16-18 години и кумите
32. Елеонора Ковилоска, 2006, ката 16-18 години
33. Јована Талеска, 2005, кумите јуниори +59 кг.
34. Леонид Лукароски, 2003, ката

Ката тимови

1. Бонсаи 1 женски 2015/2014 ( Бонита, Николија, Милица )
2. Бонсаи 2 машки микс 2012/2013 ( Благица, Максим, Христијан)
3. Бонсаи 3 женски 2012/2013 ( Деа, Благица, Јована)
4. Бонсаи 4 женски 2010 /2011 ( Анастасија, Ева, Патрисија)
5. Бонсаи 5 женски микс 2010/2011 ( Анастасија, Софија, Глигор )
6. Бонсаи 6 2011/2010 ( Цвете, Марио, Марија)
7. Бонсаи 7 ( Меги, Марија, Катерина )
8. Бонсаи 8 кадети/јуниори ( Јована, Јована, Елеонора).

Израел побара од САД 10 милијарди долари итна воена помош

Израел побара од САД 10 милијарди долари итна воена помош, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на тројца неименувани високи американски претставници.

Според весникот пакетот помош моментално го составува Конгресот во координација со Белата куќа, во кој ќе бидат вклучени и средства за Украина, Тајван и границата меѓу САД и Мексико.

Лидерoт на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, за време на посетата на Тел Авив во неделата истакна дека американските пратеници разговарале за обезбедување муниција на Израел за ракетниот одбранбен систем Железна купола, прецизно наведувани бомби и друг вид муниција.

Сообраќајка на “Партизанска” во Битола: 19 и 20-годишник се судрија со автомобили, има повредени

На 16.10.2023 во 17.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(20) од Битола и патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.У.(19) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.У.(57) од Битола, сопатник во возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот П.К. и сопатникот во неговото возило, С.К.(21) од с.Велгошти, охридско. Увид извршила екипа на СВР Битола.

Во крвта им е спортскиот успех: Ќерката на Гоце Седлоски прва виолина на Македонија – од 16 обиди постигна 15 гола

Женската ракометна репрезентација на Македонија направи голем исчекор кон пласман на Европскиот шампионат 2024-та година.

Во вториот натпревар од квалификациите нашите ракометарки ја победија Литванија и се радуваа на вториот триумф.

Во рамките од групата „5“ Македонија на гостувањето во Вилнус ја совлада Литванија со 31-28. До 10-тата минута домаќинките беа оние кои постојано имаа гол предност. Со погодокот на Седлоска, Македонија за прв пат поведе со 8-7.

А прилепчанката, која е ќерка на легендата на македонскиот фудбал, Гоце Седлоски, до крајот на средбата мрежата на противникот ја тресеше уште 7 пати, односно 20-годишната ракометарка беше прва виолина на Македонија.

За потсетување на првиот дуел од квалификациите против Азербејџан, Седлоска потигна 7 погодоци од 8 обиди, а во неделата имаше 8 од 8, или на двата дуели 15 погодоци од 16 обиди. ИМПРЕСИВНО!

БРАВО АНДРЕА!

Таткото ја зел правдата во свои раце: Стигнал пред полицијата и со дрвена палка го претепал силувачот на ќерка си!

Минатиот четврток се случи злосторство во областа Берг ам Лаим во Минхен. Меѓутоа, полицијата извести дека пред апсењето на 37-годишникот дошло до физичка пресметка меѓу него и таткото на жртвата, јавуваат медиумите.

Според полицијата, во станот заедно живееле 19-годишна девојка и маж (37). Мажот наводно ја претепал девојката и ја принудувал на сексуални дејствија. Девојчето успеало да го напушти станот, но тој тргнал по неа.

Почнале да се расправаат, а мажот ѝ се заканил со остар предмет. Тогаш девојката му кажала на својот татко каде е и тој тргнал кон неа. Ја повикал и полицијата која пристигнала со пет возила.

Пред полицијата пристигнал таткото и со дрвен стап го претепал 37-годишниот маж кој подоцна добил кривична пријава за сексуални престапи и закани, а судијата распишал налог за апсење.

Приведен е и таткото на младата девојка кој мора да одговара за нанесување телесни повреди. Откако полицијата го испрашала, тој бил пуштен на слобода.

Со црвени рози пречекани маратонците кои од Нова Градишка трчаа до Крушево: 16 години без нашиот никогаш непрежален ангел Тоше Проески (ВИДЕО)

По шеснаесетти пат крушевчани, денес точно напладне, со рози ги пречекаа маратонците што од Нова Градишка трчаа до Крушево, во чест на Тоше Проески.

Крушевчани ги пречекаат маратонците со црвени рози и многу сеќавања. Пред 16 години, на 16 октомври 2007 година, Тоше го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска.

Фановите и бројните почитувачи на делото на Тоше и денеска беа на Гумење. Ги имаше од Македонија и од други земји, а го посетија и спомен домот на нашиот никогаш непрежален ангел.

Како изгледаше денеска Крушево, најдобро ќе видите од видеото на “Фан продукција” на Зоран Пилоски во продолжение:

Алиу: Нема да има веќе привремени вработувања и нема менување на графата со етничка припадност

Нема веќе привремени вработувања, се укинува позицијата „државен советник“, систематизација ќе може да се реализира само два пати годишно, полињата за матичен број и националност ќе биде невозможно да се менуваат, а државни секретари, директори и заменици директори ќе се бираат низ отворена, транспарентна постапка. Ова се само некои од новините за реформи во администрацијата и јавниот сектор, предвидени со законските измени што ги подготвува Владата.

Како што рече вечерва министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, петте закони, за административни службеници, за вработени во јавниот сектор, за високо-раководна служба, за АВМУ и за дигитална агенција, се веќе во владина постапка и се очекува многу брзо да бидат испратени до Собранието. Притоа, сите се со европско знаменце.

-Тука сме да креираме законска рамка компатибилна со европските вредности. Ценам дека треба да креираме закони според вредностите на ЕУ, а не да калкулираме колку гласови ќе изгубиме. За седум месеци овие закони кои со години не беа реализирани, се при крај. Се очекува законите деновиве да бидат изгласани на владина седница. Очекувам до 2 ноември, кога има собраниска седница, да завршат владините процедури и законите да бидат ставени на седница во Парламентот, истакна Алиу во гостувањето на Топ Тема, образложувајќи дел од новините што ги предвидуваат законите.

-Целта на законот за високо-раководна служба е да се креира модел врз начелата на рационалност, демократичност и транспарентност. Идејата е законот да се ограничи на државните секретари во министерствата, на директори и заменици директори. Нема да бидат опфатени локалната самоуправа и институциите во надлежност на Собранието. „Државни секретари“, „директори“ и „заменици директори“ треба да се професионални позиции, а дали ќе биде личноста политички обоена или не, тоа и во ЕУ не е тема на разговор. Важно е профилот да е компатибилен со работното место и процедурите да бидат отворени и транспарентни. Се надеваме дека така ќе стигнеме до професионализација на јавната администрација. Сигурен сум дека на таков начин ќе дојдеме до позиции, до тоа – профилот на директорот да биде согласно барањата и описот на работното место. Во законот за вработени во јавниот сектор има неколку новини – сите вработени во јавниот сектор ќе може секоја недела да аплицираат и да полагаат испит за административен службеник, полињата за матичен број и националност ќе биде невозможно да ги смените ако се еднаш внесени за да се елиминира злупотреба. На раководни места нема да има веќе можност за вработување на определено време или вработување преку агенции за привремени вработувања, тоа ќе биде забрането. Новина е и тоа што систематизацијата ќе биде можна само два пати годишно за сметка на зголемување на процентот, сега е максимум 10, а ќе биде до 50 отсто, објасни министерот.

Важни точки во законот за административни службеници се тоа што ќе има додаток на плата за службеници кои се битни за институцијата, односно менаџерот ќе може за десет до 30 проценти еднократно или континуирано да му ја зголеми платата на вработениот, а се предвидува и надоместок за ИПА структурите – тие што ќе работатат на европски проекти ќе може добијат надоместок на плата од 15 – 45 отсто.

-Ќе има и замрзнување на работното место државен советник – кога ќе се пензионира или ќе излезе досегашниот, тоа работно место ќе биде затворено, нема веќе да има државни советници, истакна Алиу.

Во врска со кратењето на администрацијата и рационализацијата, Алиу истакна дека тоа многу ќе зависи од реформите.

-Ако ме прашувате денес колкава ќе биде јавната администрација во 2030 година, несериозен ќе бидам ако кажам бројка, таа бројка мора да дојде како резултат на реформа. Некои позиции се стари, ќе треба да се креираат нови. Има околу 1 300 институции и некои од нив ќе треба да се спојат, но процесот бара анализи. Повеќе институции кои треба да се спојат се креирани со посебни закони, дел од експертие мислат дека пречка е линијата на отчетност – не се знае кој креира политики, а кој ги имплементира. Во овој момент, тие институции или се преклопуваат една со друга или даваат отчет на друга институција, подвлече Алиу.

Трите министерства кои се пилот за законот за реорганизација на администрацијата, информира, се при крај со функционалната анализа.

Жално и срамно: Мајка натепана од своите синови

На 15.10.2023 во 16:00 часот во СВР Скопје, 52 -годишна жена пријавила дека на 14.10.2023 околу 21:00 часот во домот во скопско била физички нападната од нејзините синови Д.К. и А.К..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат бензините, дизелот поскапува за еден денар

Од полноќ поевтинуваат бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за пола денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар.

Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 82 денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,262 ден/кг и ќе изнесува 45,349 ден/кг.

Во четврток целовечерно уживање со староградска песна во Прилеп: Концерт на “Октет Прилеп” во ЦК “Maрко Цепенков”

Октетот Прилеп во четврток, 19. октовмри, со почеток од 19.30 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе го одржи годишниот концерт, на кој ќе се претстави со избор на убава македонска и прилепска староградска музика.

Гости на концертот ќе бидат: Миле Кузмановски, Белинда Ристеска и Викторија Георгиоска.

Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Неодамна на фестивалот Илинденски денови се закити со награда за најдобра интепретација на староградска музика.

Досега има издадено неколку албуми. Работи под покровителство на ЦК„Марко Цепенков“.