дома блог страница 920

МВР фати уште еден “тежок криминалец”: На битолчанец му заплениле околу 7. 000 петарди и ракети

На 23.12.2023 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола. Имено, на 23.12.2023 во времето од 00.20 до 01.05 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола бил извршен претрес во дом и помошна просторија во Битола, сопственост на З.Т.(60) од Битола, при што се пронајдени 4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.

Претходно, на 22.12.2023 во 20.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило „поло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , беа пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства.

По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Лапароскопистите од “Плодност”, Синиша и Христијан Трпчевски, се стекнаа со знаења за нови најнапредни методи во Франција (Фото)

Двајцата најдобри лапароскописти од болницата “Плодност”, д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски кој работи во Австрија, а повремено своите искуства ги пренесува и во Болница “Плодност” , беа на двонеделно усовршување во Франција во клиниката Клермонт Феранд – Clermont Ferrand, клиника во која во далечната 1971 година биле почетоците на лапароскопско-хистероскопската хирургија, а до ден денес таа е место каде што се усовршуваат инструментите со кои што се работи и место каде што се едуцирале со години наназад најдобрите гинеколошки хирурзи во светот.

Во рамките на најновите обуки, тренинзи и практична работа од областа на напреднатата лапароскопија, нашите доктори се стекнаа со нови знаења, вештини и искуства кои што веќе веднаш, по нивното враќање можат да ги применат во секојдневните оперативни зафати.

Напредната лапароскопија веќе одамна се работи во Болница Плодност, а најновите специјалистички надоградби, само го надополнуваат успешниот опус на работа на нашите врвни доктори.

Уште поголемо задоволство е што за време на обуките, нашите доктори учеа, работеа и се дружеа со најдобрите во светот. Се усовршуваа под менторство на професор Benoit Rabischong, претседател на европската асоцијација за гинеколошка ендоскопија “ESGE”, професор Pouly, еден од најпознатите гинеколози во светот, а според неговата калсификација до ден денес постои неговиот “score” или проценка и третман за екстраутерина бременост. Двајцата наши доктори работеа и под менторство на почитуваниот професор Arnaud Wattiez во клиниката IRCAD во Стразбур.

Ова бесценето искуство на нашите доктори за овие простори, резултира со воведувања на новитети во лапароскопската хирургија кај нас и методи кои засега се изведуваат само во Болница Плодност. На знаењето, соодветствува и врвната најнова медицинска опрема, така што севкупно, оперативните зафати се изведуваат со што помалку нуспојави за пациентите, кои за многу кратко време мобилни ја напуштаат болницата.

Светските врвни оперативни искуства од областа на гинекологијата во Македонија, единствено во Болница Плодност Битола.

Почина Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола

Почина Силјан Мицевски (78), поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија во Битола.

Силјан Мицевски беше прв избран градоначалник на Битола, на непосредни избори што се одржаа во 1996 година, а во 2007 година со Одлука на Владата на Република Србија беше назначен за Почесен Конзул на Република Србија во Битола.

Професионалната кариера на Мицевски е втемелена на ГП „Пелистер“-Битола која датира од 1968 година, најголемата љубов и самоодрекувања во животот на Мицевски се врзани за спортот и посебно ракометот каде бил ракометар, прв македонски меѓународен ракометен судија, и поддржувач на РК „Пелистер“, денес РК „Еурофарм Пелистер“.

Силјан Мицевски е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата „4-ти Ноември“ во 1979 година, наградата „Интернационална ѕвезда – златна категорија“ доделена во Париз 2003 г., престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ за 2016 година кое му беше врачено на Универзитетот „Хумболт“ во Берлин, а во 2016 година му беше доделено државното знаме на Република Србија.

(Видео) Вечерва постигнат најатрактивниот гол во историјата на Светиниколскиот турнир

Турнирот во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп вечерва влегува во самата завршница.

На програмата се полуфиналните дуели, а на првиот од нив помеѓу екипите на Асп Пак – Бест солар Таг Балкан e постигнат досега најатрактивниот погодок воопшто.

Евро голот е дело на Кристијан Петкоски од екипата на АСП ПАК. Погледнете ја оваа мајсторија во продолжение:

ООУ „Кочо Рацин“ и СОУ “Ристе Ристески Ричко“ ги одбележаа своите патрон празници (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Делегација од ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, претставници од училиштето како и од Општина Прилеп, како и делегации од останатите училишта од Прилеп, во чест на раѓањето 22 декември, на еден од најистакнатите македонски автори и основач на современата македонска литература, Кочо Рацин, денеска се поклонија и положија цвеќе на споменикот во училиштето.

Во спомен на патрониот празник учениците заедно со наставниот кадар од ООУ „Кочо Рацин“- Прилеп, подготвија свечена академија во Домот на културата “Марко Цепенков”.

Патрон празник празнуваше и СОУ „Ристе Ристески Ричко“, каде исто така пред присутните гости учениците се претставија со бројни настапи.

Градоначалникот Борче Јовчески во своите обраќања на двата патронати, истакна дека ја изразува својата поддршка до менаџментот на училиштата, кои што заедно со Локалната самоуправа, неуморно работатво интерес на подобрување на условите за работа, во овие образовни иституции, реализирајќи низа проекти изминативе две години за квалитетно одвивање на воспитно – образовниот процест.

„Просветителската дејност е една од најблагородните и најсвети професи, која што овзможуваа описменува и создава нови генерации образовани луѓе. Тоа е за почит! Затоа, заедно да градиме здрава иднина за нашите деца. Иднина, која ќе биде исполнета со нови знаења, умеења, со почитување на луѓето, заедницата и со квалитетни услови за работа. Да продолжиме во таа насока, да потсетиме дека минатото ни’ е исполнето со историја, вредна за почит, а иднината, предизвик, кој ќе нè научи дека можеме и повеќе, и подобро!“ Продолжуваме понатму да вложуваме со цел да обезбедиме квалитетни услови во образовните институции, заедно и одговорно, затоа што децата се нашата иднина!“ – рече градоначалникот Борче Јовчески.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Манастирот Св. Никола во прилепско Слепче во зимска идила – Убавина која плени

На 26км од Прилеп, или 37 минути возење со автомобил преку селата Мажучиште, Забрчани, Дупјачани, Десово и Браилово, се наоѓа манастирот посветен на Свети Никола во селото Слепче, прилепско,

Манастирската црква која е прогласена за споменик на културата, била изградена во 1673 година од страна на еромонахот Михаил, но се спомнуваат и имињата на повеќе еромонаси и монаси кои се забележани на натписот врз мермерната плоча вградена во нишата на проскомидијата.

Но, постои и друг натпис над влезот од црквата од внатрешната страна кој пак вели дека црквата била соѕидана и зографисана во 1674 година. Понатаму во натписот е забележано дека ктитори на црквата биле игуменот на манастирот Свети Никола, Сергија еромонах, Никифор еромонах и Кирил монах, Јаникија монахиња и повеќе световни лица.

Црквата Св. Никола е мала, еднокорабна, типичен пример на црква од XVII век во Македонија. Фасадите се без декорации, покриена на две води, со мали отвори на источната и јужната страна и со единствен влез на западната страна.

Црквата има иконостасот којшто претставува богато резбарско и иконописно дело. Царските двери и Големиот крст со двете ламји го офразуваат влијанието на Атос. Како автор на резбарско-сликарските работи на царските двери може да се смета игуменот Сергиј кој оставил потпис на дверите. Од негово време потекнуваат и престолните икони на Богородица со Исус и Исус Христос, што е забележливо и од натписот на самите икони, како и чинот на Дванаесетте Апостоли кој се наоѓа над престолните икони. Во најгорниот дел, иконостасот завршува со Големиот крст со Распетието Христово и две ламји.

Посетете го ова прекрасно свето место и уживајте во недопрената природа и зимската идила.

Фатете си место на време! Вечерва борба за пласман во финале на Светиниколскиот турнир во мал фудбал

Турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023” влегува во самата завршница. Вечерва на ред се полуфиналните натпревари, каде пласман обезбедија екипите на “АСП ПАК”, “Бест Солар Таг Балкан”, “Теа Андреа/Хајф кафе” и “Компанија Атанасоски”.

Програмата за вечерашните возбудливи дуели е следна:

18.00 Ветерани Прилеп – Ветерани Паркетар Горан

19.00 Прв 1/2 натпревар
Асп Пак – Бест солар Таг Балкан

20.00 ревијален натпревар
Жфк Цевитана – Жфк Топ Гол

21.00 Втор 1/2 натпревар
Теа Андреа/ Хајф кафе – Компанија Атанасоски

(ФОТО) Џудо федерацијата на Македонија во Прилеп ги прогласи најдобрите џудисти и клубови за 2023 година

На свеченост која се одржа на 21.12.2023г. во Прилеп, Џудо федерацијата на Македонија ги прогласи најуспешните натпреварувачи и клубови за 2023година.

Џудо клубот “Сеишин” од Прилеп го доби вицешампионскиот пехар, а Никола Магдески и Георгиј Магдески од прилепскиот клуб беа наградени за најуспешен натпреварувач во кадетска, односно јуниорска категорија.

Честитки за најуспешните, а до година уште поголеми успеси, како на домашните, така и на натпреварите во странство.

Предизборно: Од 1 јануари вработување во администрација без согласност од Министерство за финансии

Со измени на Законот за Буџет кои ќе стапат во сила на почетокот на годината министерства, јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост, јавно-приватни субјекти ќе можат да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии.

Министерот за финансии Бесими на брифинг со новинарите вели дека со ова се децентрализирализира вработувањето на државно.

Досега сите јавни институции бараа согласност за Годишен план од Финансии, МИОА или Политички систем, потоа Финансии мораше да даде известување за обезбедени финансиски средства, познато како ,,согласност” за вработување, па дури потоа институцијата објавуваше оглас.

Сега се укинува ,,согласноста за вработување” па институцијата ќе може да вработува само со изјава од раководно лице на институцијата дека се обезбедени средства за вработување.

Јовчески: “Нашиот Прилеп е обоен во боите на новогодишната магија” (Фото галерија)

-Прилеп блесна во новогодишен сјај! Нашиот Прилеп е обоен во боите на новогодишната магија. Преку украсувањето на центарот на градот ја доловуваме празничната еуфорија и веруваме дека носиме радост кај нашите сограѓани! Празнично, новогодишно, прекрасно! Новогодишните и Божиќните празници да ги прославиме во убава атмосфера заедно со своите најблиски – напиша градоначалникот на општина Прилеп на ФБ, Борче Јовчески.