дома блог страница 921

Јовчески: “Нашиот Прилеп е обоен во боите на новогодишната магија” (Фото галерија)

-Прилеп блесна во новогодишен сјај! Нашиот Прилеп е обоен во боите на новогодишната магија. Преку украсувањето на центарот на градот ја доловуваме празничната еуфорија и веруваме дека носиме радост кај нашите сограѓани! Празнично, новогодишно, прекрасно! Новогодишните и Божиќните празници да ги прославиме во убава атмосфера заедно со своите најблиски – напиша градоначалникот на општина Прилеп на ФБ, Борче Јовчески.

Денеска започна зимната – ќе трае цели 88 дена

Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна денеска во 04 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократка, а деновите подолги.

Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Петок, 22 декември, е 358-иот ден во 2023 година. До крајот на годината остануваат уште девет дена.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, до 20 март 2024 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до-2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Просечната плата во октомври 38.843 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,2 проценти) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,2 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6,5 проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4,6 проценти).

Во октомври годинава, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е со износ од 58 349 денари.

Браво дечки! Ученици од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп со прекрасна видео креација ви посакуваат среќна Нова година и среќен Божик

Историската секција од СОУ “Ѓорче Петров”- Прилеп ви го честита Божик и Новата 2024 Година со една прекрасна видео креација која вреди да се погледнете.

Учесници во видеото се учениците од I1 клас, медицинска струка, профил: медицинска сестра.

Учениците и нивните ментори упатуваат и голема благодарност до управата на храмот Св. “Кирил и Методиј” (Параклис).

Скромно, ама убаво! Во новогодишно руво светна и центарот на Македонски Брод (ФОТО)

Новогодишната магија пристигна и во центарот на Македонски Брод. Општинските власти одделиле од скромниот буџет и успеале како што доликува да го украсат центарот на ова наше мало гратче. И навистина успеале во намерата да ги израдуваат своите сограѓани.

Во продолжение погледнете ги фотографиите:

Мизерија! Автобусот им се расипал, па ги оставиле учениците од Прилеп, пешки на студ и магла да се движат покрај патот кон градот (ФОТО)

Се расипал автобусот, па ги оставиле учениците рано изутрина со чанти и по автопат да одат пеш на студено време и нечист воздух. Веројатно ова се случува само кај нас и никаде на друго место, па потоа се чуделе зошто младите сакаат да ја напуштат оваа земја.

Во продолжение прочитајте внимателно и донесете заклучок какви се луѓе живеат во оваа наша држава.

Отсега вашата омилена “КОЖУВЧАНКА” и во лименка

ПР објава

Со гордост ви ја претставуваме оваа прва и единствена на македонскиот пазар вода во Лименка, сега како дел од Фамилијата Кожувчанка.

Вашата омилена газирана вода Кожувчанка сега и во 300mL, во лименка!

“Ова беше голем предизвик за Компанијата и тимот, но како и секогаш се стремиме да бидеме иновативни и за нашите потрошувачи да обезбедиме производ од највисоко ниво на светски стандарди кој со гордост први го претставуваме кај нас на пазарот!” – изјавија од Кожувчанка, од Кавадарци.

Кожувчанка, газирана вода во Лименка е резултат на години на истражување и развој, со цел да ги задоволи потребите на потрошувачот и да се соочи со предизвиците на современиот начин на живот. Лименката е произведена со највисоки стандарди на квалитет и безбедност, што гарантира дека како и докажаната Кожувчанка газирана вода, ќе го добиете само најдоброто!

А, кои се дополнителните придобивки?

Лименката е добра за нашата животна средина. Ако барате поеколошки начин да останете хидрирани, водата пакувана во лименка е вистинскиот избор!

Лименката има за можност да се рециклира бесконечно, а тоа го прави овој производ енергетски ефикасен и долготраен. Секојпат кога пиете Кожувчанка од лименка, можете да бидете сигурни дека таа ќе се рециклира.
Исто, водата пакувана во лименка не само што е поодржлива поради рециклирањето на алуминиумската амбалажа, туку поради тоа што не содржи никакви штетни хемикалии, таа е и побезбедна за вашето здравје.

Секогаш мислиме на вас!
Ваша,
Кожувчанка

Битолскиот бизнисмен Христо Кондовски ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на изборот Мажи на годината за 2023

Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски, ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации.

На крајот на секоја година наградите се доделуваат на свечена церемонија во гламурозна атмосфера во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје во присуство на голем број претставници на бизнис секторот, дипломатскиот кор и јавниот живот, кои се собираат за да ги прослават достигнувањата, придонесите и извонредните приказни на истакнати професионалци.

Годинава меѓу добитниците е и Христо Кондовски, претставник на младата авангардна бизнис генерација. Неговото име, заедно со името на неговиот бизнис партнер Зоран Пејчиновски, е синоним за успесите на најголемиот осигурителен Брокер во државата, СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Компанијата е дел од пошироката СН Групација во чиј состав успешно функционираат и СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје, Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.

Едно навистина големо корпоративно семејство во постојан развој како резултат на големата визија и исклучителните менаџерски способности на големиот осигурителен професионалец Христо Кондовски, препознат како бизнис икона во Битола.

Неговите деловни квалификации се и меѓународно препознати па во 2019 година се вбројува во добитниците на меѓународната награда Business elite’s 40 under 40 за Југоисточна Европа.

Годинава, како награда за исклучителните деловни резултати, доделена му е наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации.

“Оваа награда многу ми значи и ја посветувам на моето свето тројство, а тоа е Бог, моето семејство и моите колеги. Но, сакам да ја потенцирам и мојата филозофија за секое признание кое го добивам. Секое признание кое го добиваме е за она што е направено до денес и создава одговорност за она што треба да се прави од утре. Тоа е обврска да продолжиме со нашиот придонес за подобро општество.“-рече Кондовски, заблагодарувајќи се за наградата.

Инаку, покрај деловниот ангажман Кондовски е и посветен сопруг и татко на три деца. Како член на Ротари, но и преку стратегијата за општествена одговорност на СН Групацијата, во континуитет дава придонес и во заедницата поддржувајќи проекти од областа на образованието, здравството, културата и спортот.

Уапсени две лица за запалениот “мерцедес” во Прилеп

На 20.12.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Имено, на 19.12.2023 на ул.”Кире Базерко” во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б..

Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото. Денеска (21.12.2023) до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” од Кривичниот законик.

Жител од прилепско пронајден починат: Внукот вчера го пријавил за исчезнат, а денеска му го пронашле телото

Денеска (21.12.2023) во 10.15 часот во близина на манастирот „Св.Никола“ во с.Слепче, општина Долнени, бил пронајден починат Г.А.(58), за кој на 20.12.2023 во Полициското одделение Ропотово неговиот внук З.Ј.(41) од Прилеп пријавил дека се оддалечил од домот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – информираат од МВР.