дома блог страница 916

Oдлична организација и над 200 учесници на Вториот по ред Меѓународен шаховски турнир “МАТ 2024” во Прилеп (ФОТО)

Вчера во СОУ “Орде Чопела” во Прилеп се одржа Вториот Меѓународен турнир „МАТ 2024“. Пријавени беа повеќе од 200 играчи од 4 соседни држави.

Организатор и покровители на турнирот беа фамилиите на прилепските шаховски легенди и Шаховскиот клуб “Прилеп”.

Турнирот се играше по Швајцарски систем од 9 кола, според Правилата на ФИДЕ за (Рапид) забрзан шах и истиот беше пријавен и ќе се бодува во ФИДЕ.

Пријавени беа од најмали до највозрасни шахисти, а организаторите обезбедија и вредни награди и признанија за најдобрите.

Никако да им дојде умот: 208 сакнкционирани возачи викендов на подрачјето на СВР Битола – дури 145 возеле брзо

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (16/17/18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 208 возачи, меѓу кои 145 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 санкциии за управување без возачка дозвола, седум санкции за користење на мобилен телефон… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прогресивниот ЗАПАД изгледа вака: Канада да не претеравте малку?

Твит на денот:

-Ова се пакечиња кои може да ги купите во Ванкувер, Канада.

Можете буквално да одите во продавница во Канада и легално да ги купите овие.

Битно за Аналгинче ти треба рецепта, а ако сакаш да се самоубиеш-државата ти нуди бесплатно да го реализираш тоа
Сè е у реду горе, Канада?

Прилепчанец пријавен за исчезнат

На 16.02.2024 во 20.38часот во Полициската станица Прилеп, И.Т.(55) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко Т.Ф.(84) од Прилеп, лице со здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од СВР Битола.

Maлолетник од Прилеп киднапиран и тепан од повеќе лица – причината девојка

На 18.02.2024 во 00.10 часот во ОВР Прилеп, Ј.П.(48) од Прилеп пријавила дека околу 21.15 часот во Прилеп, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две лица, кои подоцна со употреба на сила го внеле него и неговата девојка во возило, по што го однеле во објект во близина на Прилеп каде што физички го нападнале некоку лица и го пуштиле со закани да ја остави девојка му.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

“ЕУРО ГЛАС” прилепско, а светско – врв за градежна столарија, стакло и енергетска ефикасност!

Во време кога порошувачката на електричната енергија станува луксуз, а сметките одат до плафон, време е да размислите и да го одберете вистинското решение за намалување на трошоците на семејниот буџет.

“EУРО ГЛАС” е одговорот за сите ваши проблеми со застарената столарија. За нивните производи и услуга ќе слушнете само пофални зборови не само во Прилеп, туку и пошироко во целиот регион.

Во “EУРО ГЛАС” ќе најдете висококвалитетно термопан стакла за градежна столарија со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Покрај тоа “ЕУРО ГЛАС” нуди и производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK. Изборот на модели ќе ве остави вчудоневидени и навистина тешко ќе се одлучите.

За сите прозорци и врати кои ги произведуваат, од “ЕУРО ГЛАС” обезбедуваат бесплатна и максимално стручна монтажа и гарантираат за нивната долготрајност. Сите производи ги задоволуваат најсторогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и најважно енергетска ефикасност.

За цените не треба да разговараме. Само во “ЕУРО ГЛАС” ќе најдете најквалитетни производи по најпристапни цени, a тоа ќе ви го потврди секој нивни муштерија.

Професионалците во Прилеп се во “Еуро глас”, луѓе кои си ја знаат работата и повеќе од една деценија пружаат исклучиво квалитет за своите муштерии.

Затоа не чекајте повеќе, побарајте ги на 078 363 775 и закажете состанок.

Искусниот и борбен Велески со прилепските ангели го здробија Голден Арт

Екипата на РК Прилеп стигна до вториот триумф во плеј-аут разигрувањето на ракометната Супер лига. По триумфот минатиот викенд против Скопје, вчера падна и Голден Арт.

Екипата предводена од тренерот Божидар Мојсов и капитенот Филип Велески славеше со убедливи 29:36 (12:17 на полувремето).

Одличната игра во двете полувремиња на целата екипа даде резултат и надеж дека Прилеп и наредната сезона би можел да продолжи да се натпреварува во најелитното ракометно друштво кај нас.

Одбраната на домаќините едноставно немаше лек за најразиграните во редовите на РК Прилеп, Денис Шабановиќ кој стигна до бројка 12 голови, како и Пеце Рајатовски, кој постигна 7. Одлични беа и Владан Кастратович со 6 погодоци и Томислав Квастек со 4.

Во наредното коло, кое на програмата е на 25. февруари, РК Прилеп во салата “Ричко” го пречекува Мулти Есенс.

Ристески брилијантен организатор, како и секогаш: Одлична посетеност на Prilep Outlet Weekend

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, денес пренесе дел од атмосферата. Прилепчани, но и луѓе од другите градови, ужуваа во шопингот во градот под Марковите кули.

Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија, се случува третиот по ред „OUTLET Weekend“ во Прилеп.

Започна на 14-ти февруари, а денес е последниот ден. Го носи името Valentine Outlet Weekend, поради празникот Свети Валентајн.

Прилепските дуќанџии и угостители на своите излози имаат постер со заштитното лого од настанот, за купувачите да знаат каде можат да пазарат во овие денови со попуст.

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, денес пренесе дел од атмосферата. Прилепчани, но и луѓе од другите градови, ужуваа во шопингот во градот под Марковите кули.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid072zta6x7YHzt8r95rU3uhGxEcy5n958VFKQo9sDpYGpPZZeKLJK8MwwwDQBSiUe2l&id=100046944498148&mibextid=Nif5oz

Сторија која ја враќа довербата во човештвото: Инспектор од Прилеп со големо срце!

Hero policeman concept, illustration of a confident handsome policeman or police officer standing with his arms folded with superhero shadow

Инспектор од Прилеп со големо срце

Во средата жители од село Десово дошле во Прилеп да извадат пари од сметка во банка – 4.500 евра (најверојатно од тутунот), а потоа парите ги изгубиле.

За среќа парите ги пронаоѓа инспектор од прилепската полициска станица, и тоа не било каков инспектор, туку вистински херој.

Луѓето потоа отишле да го пријават случајот во полициската станица, а во исто време инспекторот ги пријавува парите за пронајдени.

Секоја чест! За среќа се уште постојат луѓе со високи морални вредности и големо срце.

Грозно! 69-годишен прилепчанец осомничен дека извршил обљуба врз неговата малолетна внука

На 16.02.2024 во 16.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ј.(69) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна внука.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.